За фино исправување на врвовите ти го препорачувам фенот Filips HP - 8195. Не сум во можност да прикачам слика, но можеш да погледнеш на интернет-страната на Техномаркет.Неколку години го користам и премногу сум задоволна. При изборот на фен за коса за намената за која ти е потребен секогаш внимавај да има јонизатор и добро обликуван отвор за фенирање т.е. минимален простор за издувување на воздухот.На тој начин косата полесно се обликува и добива мазен и сјаен изглед.
Наусица и јас го имам истиот фен и да, првично купен заради дизајнот. Жени, бре! Инаку јас имам кадрава коса, која после ја пеглам, па незнам многу да ви кажам како се "однесува" на права коса. Мојата со пегла едвај ја скротувам,а со фенот е просто невозможно. Иаку би прокоментирала и за Бејбилис, што и да видите од маркава земајте, јас имам пегла за коса, која работи повеќе од 6 години, а колку пати има паднато,колку ја пренесувам низ куфери , еднаш на ден секако е оклучена, и уште работи како прв ден. Иако купив нова, пак си се враќам на неа.
Фала многу за предлогот, но јас веќе имам таков фен со јонизатор од друга фирма, а ми треба помал и компактен за да го носам со мене кога патувам. Ако некогаш ми притреба нов професионален фен, ќе знам што да одберам, со Филипс очигледно нема утка.
Мене резервниот фен ми се расипа баш пред да одам за Банско и набрзина си го купив овој Ме чинеше 650 денари и еве од мај месец до сега одлично ме служи. Малечок е, таман за да го сместиш во куфер. Нема никакви додатоци, а искрено и кога одам некаде не ни ми требаат толку. Поголем фен со разно разни додатоци и опција за ладно имам дома, овој ми е баш погоден за патување. Јас од Северин производите сум многу задоволна, и двете пегли на мене и сестра ми ептен ни се погодија.
Јас користам фен со јони нешто слично како бабулис ама од друга марка. Пред некоја недела косата наместо со фенот со јони ја исушив со обичен фен и резултатот беше посува коса, наелектризирана, со помал сјај. Повторно ја исушив со мојот фен со јони (ја сушам со функцијата ладен воздух) и сѐ беше во ред: косата беше мека, со поголем сјај и не се електризираше. Дали и некоја друга има искуство со фенот со јони и како и одговара? Јас ако ја исушам со друг обичен фен чувствувам голема разлика. Поздрав.
Имам фен за коса марка Rowenta. Ретко го користам. Преферирам природно да ја сушам косата. Фенот има јачина од 1 200w и многу е добар. За една минута косата е сува.
@Biodevojka Фен со јони е одличен избор за убава, мека и сјајна коса со можност за користење на умерена температура при сушење. Имам позитивно искуство со ваков фен и се сложувам со тебе за разликата во ефектот од употребата на јонизатор која е очигледна. Предност е да се има ваков фен особено во летниот период кога обичните многу се загреваат и создаваат неподносливо чувство при употребата што не е случај со феновите со јонизатор.
Јас имам фен Philips, од постарите модели, не грее многу во споредба со некои модели сега што ги има. Обично ја оставам косата природно да се суши, освен кога треба да излезам брзо откако сум ја измила.
Купив убав, квалитетен фен за коса и најмногу се израдував на дифузерот. Е сега проблемот е што или не знам да го користам како што треба или едноставно мојата коса не се витка со него. Пробав и со пена и без, гледав и туторијали ама не бива. Да напоменам, косата природно ми е виткана. Вие како го користите?
јас го имам овој фен со повеќе додатоци за фенирање на косата и за правење фризури. Имам виткана коса и со фенов дефинитивно најдобро ми ја прави косата кога ја пеглам + не ја гори до толку косата како други фенови.
Препорака за добар фен? Ми треба нов, овојпат ќе барам и со јонизација поради наелектризираноста во зимскиов период. Ги гледам онлајн во Нептун - Ремингтон, Филипс или Ровента?
Јас имам фен на Ровента, не излажа името, го купивме како поквалитетен баш од Нептун, го користиме неколу години, ама почнува да прегрева во последно време. Чист е внатре, заштита за заплеткување на влакна не е ни тргната, а знае после 5 минути обично дување да изгаси. Нема шанси да се исфенираш, зашто од топлината што се задржува уште пократко работи. Така што, јас од лично искуство би ти препорачала Филипс, мои другарки се задоволни и од пегли од фенови.
Па ако гледам по цена, Филипс се најскапи. Иако не секогаш цената значи и квалитет. Ремингтон и Ровента имаат реноме како добри фирми за вакви производи, ама очигледно само реномето останало, а не квалитетот. Фала за препораката.