Девојки препорачајте ми добар фен со јонизација и дифузер? Се мислев меѓу ремигтон и филипс, ако имате препорака за друг слободно кажете.
Јас ваков купив ,па ќе видиме како ќе се покаже Ако на мојава коса се покаже добар , значи ќе го биде Ако некој има било какво искуство нека пише
Секогаш користам голем фен (малтене за професионална употреба, само што овие што ги има во салоните за бела техника, претежно се послаби) и еден имам за резерва нов.
Јас секогаш практикувам со фен да ја сушам пошто ако ја оставам на природно сушење цела ми се навиткува а тоа ме нервира.
Фен користам со јонизатор од Филипс. Две години го имам, супер се покажа. За патување малечко на склопување исто така од Филипс и едно резервно од Искра.
Јас го земав пред неколку месеци , го видов од нашите блогерки бидејќи многу го фалеа ( нормално се е реклама ) Имам природно виткана коса и како прво делот што е за тунелско сушење е премногу широк и не ја исправува косата лета насекаде , евентуално да поминуваш со четка за фенирање па така да се постигне некој ефект .. Друго многу ми е тежок некако и ме заболува раката додека се сушам.. За брзо сушење исто ми е како и со обичниот фен што го имам .. Мислам дека се е добра реклама , нормално дека ќе го фалат тие од тоа живеат , фен како фен си ја врши работата но за исправување немојте да очекувате чуда , за добар ефект е потребно плус и со четка да се поминува и време .. Не е лош но може и подобро !
Сакам професионален фен да купам. Колку се движат отприлика? Имав порано од тетка ми, стариот фен од салонот ми го даде бидејќи си купи нови. Сега ми се расипа и имам еден од Лидл на SilverCrest ама многу време ми треба за да се исушам. Професионалните фенови побрзо сушат. Која цена се движат и кај да барам, не сакам од фризери да купувам бидејќи не продаваат по набавна цена туку многу поскапо од што ги земаат од дистрибутер.
Не можам без фенот за коса, и во лето и во зима го користам, бидејќи косава ми е прегуста и долга, ако ја оставам сама да се суши тоа ќе трае цел ден. Имам еден од Philips, задоволна сум. Во иднина би помислила и за професионален фен.