Скоро секогаш ја сушам косава со фен, во последно го сменав фенот и некако веќе вториот ден ми е многу сува (не сум фарбана). Дали има и друга со ваков проблем или можно е да е до периодов..?
Ја суши фенот многу косата, како метла ја прави, ако константно ја сушиш од него ти е, исто и пеглата ја оштетува, избегнувај фен и користи маска, регенератор....
После мислење мислење... овој го земав. По препорака чим го користам дома и често, да не е повеќе од 2000w, па овој е макс до 2100. Многу убава мека ми ја направи косата Додека не купив (дека ми се расипа стариот), два пати позајмив профи фен доста јак... и да супер ми ја сушеше, но после косата некако сува без сјај. Од овој баш сјајна ми е, мека Има два насочувачи, едниот подолг и потенок.
Го имам веќе трета година, презадоволна сум. Многу брзо ми ја суши косата а имам прилично долга коса.
Дали некој го има најновиот фен на Филипс? Околу 9 000 ден е гледам, изгледа примамливо, не знам дали вреди толку за парите
Препорака за фен каде што ќе можам да си ја обликувам косата само со фен и четка? Нешто вака како на сликата.
Па со секој фен можеш да ја фенираш ако си умешна со четка. Јас попрво би зела четка за фенирање отколку со фен. Со фен и четка ми е многу напорно и неуспешно.
Па не се согласувам баш. Ќе земам и четка за фенирање ама и фенот треба да биде добар за да испадне косата како на сликата.
Па што знам јас на Филипс имам беше околу 3000 ден. Од се само гледај да не е Фуего. Од таа марка полошо нема. А како на сликата ако си вешта во раце може ќе излезе, јас со две леви раце со фенирање сум секогаш како скубана, затоа четката за фенирање ми е подобра опција.
Супер е за фенирање, а за локни незнам не сум пробала... не ми стојат мене тие локни (ми се пушта) и затоа. Се виткам со пегла јас..