Тие што се фризерки да ми препорачаат добар фен за фенирање на коса? На што да внимавам кога бирам фен?
Не сум фризерка но секогаш гледам да има јонизатор и јачината да биде минимум 2000 вати. Јас сум задоволна од Ровента
Јас го имам Ровента белиот. За сушење добро и брзо суши, ама грлото за фенирање му е прешироко и не може убаво да се исфенира косата за да се добие таков sleek изглед ко од салон. Да се прашувам сега, пак би купила Ровента фен, но не би го купила баш овој модел, туку би барала некој со додаток што има потесно грло. Инаку, гледај да е посилен фенот и да има јонизатор. Ако ти е битно да се фенираш, гледај која ширина се додатоците, тоа отприлика.
Ако се мислиш меѓу овие два ровентата мене ми е подобар за нијанса. Го имав истиот филипс се расипа нешто после Х време сега го имам ровентата овој модел.
Искрено само за сушење ми е хахаха не знам да се фенирам со четки ако мислеше на тоа. Овој ровента е 2400 така, јачината му е океј. И за што е јонизаторот? Тапа сум хахаха
2100W е тој од Ровента, мислам дека ќе ти биде сосем доволна јачината. А јонизаторот е супер за да не ти е разлетана и наелектризирана косата по сушење. Пиши баш за кој ќе се решиш, мислам дека нема многу голема разлика меѓу овие два фена.
Ровентата ќе го земам, сестра ми има ровента едно мало џилитче, 5 години мука нема суши како лудо хахаха. Фала ти
Девојкии здраво, Продавам Shark Flexstyle, купен од Shark во Франција на 20.10.2025, има гаранција две години. Ќе прикачам слика што се доаѓа со него и ако е некоја заинтересирана нека ми пише во порака.
Што е подобро? Овој на ровента повеќе вати има и јонизатор, другиот ми е поличен на изглед https://www.neptun.mk/categories/FENOVI/ROWENTA-CV-5820-F0 https://www.neptun.mk/categories/FENOVI/PHILIPS-BHD-300-00
Спојлер Презадоволна!!! Порано од другите фенови и ровента косата метла , овој имам чувство дека не ја оштетува косата не е толку јак а сепак ја суши, јас го земав пред една година исто со овој попуст и не се покајав .
Мене повеќе ми се допаѓа Ровента, пред сè поради тесното грло. Многу поубаво ќе фенира, ако ја фенираш косата со четка. Другиот за класично сушење би требало да е добар. Не знам дали има други додатоци, ама не ми се допаѓа тоа што е кружен делот за фенирање. Зависи за што ти треба фенот, по таа ставка води се кој да го купиш. Јас тргнувам од себе, се фенирам со четка и сакам кога додатокот на фенот има тесно грло, затоа што така најубаво ми се фенира косата и обликот што го добивам е далеку поубав отколку кога употребувам фен со пошироко грло или со ваков кружен врв.
Не мора да значи , порано користев ровента , пред година го земав овој на Филипс , многу помали вати има , конкретно овој во споредба со ровента има помали вати , мене косата ко метла ми станува од фенови со високи вати а имам густа коса . Нема други делови само еден е, ама битни се и ватите на фенот
Што знам, јас сум со густа коса и сум презадоволна од него. Многу време го користам. Исто така и на Babyliss се добри.
Е, па може секој различно , мене фенови со волкави вати како на ровента ми ја правеа метла косата и сува, земав фен со помали вати и стварно косата топ, сепак кој што како му одговара .