Што мислите за фервекс, дали е добро да се пие при настинка затоа што го забранија да се пие, демек имало во составот нешто што не треба да се пие. Што мислите вие и дали го пиете? ---> http://sitel.com.mk/lekot-ferveks-se-po ... aptekite-0 Јас знам дека уште се продава и дека го пијаат многу мина, јас порано го земав и имав ефект, но сега незнам дали да го земам? Ваши мислења?
Пред половина година (или колку беше) кога пишуваше по весници како е најдена некоја штетна состојка во прашокот Фервекс, конкретно јас кога читав се спомнуваше Фервекс за возрасни со вкус на боровинка. При настинка кога го побарав во аптека, малтене ми се развика аптекарката во Зегин колку е штетен, го повлекле од продажба и како сеуште можам да го барам!!! Јас, па дури и влегов во дискусија да не е само тој со вкус на боровинка во прашање - битно ме искараа и си заминав со андол. Минатава недела одам во аптека (на Зегин), и гледам дека го рекламираат на оние картонски паноа што ги ставаат за производи на акција. Ми требаше за мајка ми за настинка, и' ја прашувам аптекаркава како сега го продаваат, нели е забранет за продажба? Само ми го подаде и ми наплати - си преќуте . Ниту мене не ми е јасно што се случува
Девојки,наместо Fervex,можете да земете Cafetin Cold.Ја има истата намена,а и немало барем до сега некоја помпезна антиреклама за составот.Искрено,а можеби чудно за вас,јас премногу ретко настинувам и немам искуство со овој вид на лекови за настинка и грип.Знам дека некои мои пријатели ги користат лековите од групата на Cafetin Cold.
Јас сум пиела и фервекс и кафетин колд, иако се вратив на обичен парацетамол, затоа што ми се гледа помалку штетен. Фервекс подобро ме препотува и ми ја симнува температурата, па го пијам навечер, пред спиење. Ама дејството не му е многу поразлично од обичен парацетамол. Кафетин колд ме крева, тоа ми е супер за преку ден, ако сум болна, а морам да одам на работа. Не ми се допаѓа тоа што од него имам тахикардија. Во секој случај мислам дека парацетамол добро си ја врши работата, па ги избегнувам овие надградени верзии. Ако имам температура под 38 степени, тогаш пијам лажичка ѓумбир во топла вода и исцеден лимон во него. Многу добро загрева, исто како фервекс, само не ми е тестиран на повисоки температури, затоа што за среќа не сум имала одамна.
Мене секогаш ми помагаше Фервекс, но последен пат кога го побарав во аптека, аптекарката само ми одговори дека веќе не се продава. Па незнам, можно е овие што ви го продаваат, наместо да го фрлат да сакаат да заработат некој денар.
Еден другар пред месец време можеби има купил фервекс па гледајте што се случуваше Незнам како може да продаваат такви работи ... се згрозив кога го видов и не планирам никогаш повеќе да се напијам од него ,а сум го користела само 2-3 пати претходно
Imam pieno I ferveks I cafetin cold I mislam deka obicen paracetamol I vitamin c ja imaat istata funkcija,pa zatoa retko koristam cafetin cold.
Имам пиено фервекс неколку пати но се покажа дека кај мене нема некој голем ефект кога ќе настинев а додека од кафетинот сум задоволна - ме поти,ми ја ублажува кашлицата и ми го отпушта носот.
пред некој месец побарав фервекс и ми рекоа дека не се продава веќе,инаку го имам пиено и мене лично ми помага ,но кратко време.Имам приметено дека кога ке го испијам подобро ми е 2-3 часа,после тоа пак исто,само апчиња помагаат ништо друго.
Леле шо е оваа? Како можи вака?!?! Луѓето го земаат за да му биди подобро, ама не и да пијат лек кој е со поминат рок....
Како замена за Фервекс може да се употреби Tylol Hot ,нови се и за кратко време ги олеснуваат симптомите.
Мислам дека да , низ повеќе аптеки беше исто кога го виде оваа уште од 2 други аптеки купи по едно кесенце и истото беше залебено со друга налепница врз него ....
Шо убаво им текнало па, со сини налепници врз старите бели. Ем инвентивни, ем да не се во загуба. А според датумот, ги повлекле пред 7-8 месеци и бап на истите нов рок.