Фиброзно ткиво

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Eli4e, 3 декември 2009.

  1. Eli4e

    Eli4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    31
    Една другарка забележала грутка во форма на топче во градата. Била на гинеколог, ја снимал и и рекол дека било фиброзно ткиво.
    Дали треба да постои грижа? Дали знаете нешто повеќе околу тоа?
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    36.368
    Eee и јас бев на ехо и истото ми го кажаа дека имам фиброзно ткиво и дека ќе треба да одам на торакална хирургија да се отстрани. Ми рекоа дека не било сериозно, меѓутоа понатаму можело да ми предизвикува проблеми. Ама ме загрижи нешто друго што рече една друга докторка. Нешто како на 35 год ќе треба да се направи мамографија. Па не знам дали постои можност понатаму да се појави рак на дојката? Кога ќе одам на торакална ќе се распрашам се убаво. Дали некоја форумџика има вакво искуство? Ај ве молам пишете, зашто се загрижив ептен :roll:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    36.368
    Леле се изначитав за ова на нетов. Фиброаденома се вика и е бенигнен тумор и може да се извади со хируршки зафат.Оф леле...
     
  4. mila.mila

    mila.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    ne e nisto strasno.se vika fibroadenom
    i dokolku e nad 2 sm treba da se odstrani,ili dokolku ima tendencija na rast.Najprvo se vrsi biopsija,a potoa hiruski se odstranuva,Operacijata ne e strasna so opsta anestezija i trae pola cas.Dokolku e pomalko od 2 sm se prepracuva kontrola na 6 ili 4 meseci..pozz
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    36.368
    Бев денес и ми го извадија грутчето со локална анестезија за 15 мин и ништо не почувствував :)
     
  6. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Со помин да е душо моја .И мојата сестра го извади пред неколку недели фиброзното ткиво и е добро -но и рекоа да оди на контрола на 6 месеци
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    36.368
    Ајде ќе помине што да се прави. Јас уште утре треба да одам на контрола и после ваљда уште еднаш и толку. Се надевам барем. Навистина се изненадив од докторот и сестрата колку беа фини и професионални.
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.148
    milo mi e sto se pominalo vo red! moze da mi kazes kolkava dimenzija ti bese topceto?
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    36.368
    Па ми беа како две споени, ама не ми текнува колку беше заедно. Прилично беше големо и кога го извадија ми го дадоа да го однесам на испитување. Мислам дека нема потреба да се плашиш. Закажа ехо негде? Што ти рекоа дека е можно да биде?
     
  10. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    284
    Денес ги зедов резултатите од пункција на мајка ми и вака FIBROADENOMA MAMMAE ,атипични и малигни келии не се најдени. Тоа второто е супер, а ова првото е тоа Фиброзно ткиво за кое зборувате? На резултатот има нешто тврдина со промер од 1 цм, претпоставувам тоа е големиниата на ткивото. Е сега уште не е била со резулататот кај доктор но дали би било подобро тоа да се отстрани на време, бидејќи веќе има правено операција од малиген тумор на бешика па сега за се нешто вакво кога се појави баш е :worried:
     
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    4.044
    Луѓе се што го имате бенигно тумурче или слично вадете на време.Иако нема поенцијал за малигнитет зошто да не се извади да си бидеш на мирно.Не е добро да се чува.Мајка ми имаше “бенигно“ тумурче после 2 царски рез кој ќе си го носела цел живот а излезе малиген тумур кој се активира после 24 години.Сега жената е со метастази и се бори за живот.Под ненормален стрес сум.Се е со јаки болки, има асцит.По се изгледа е фибросарком кој спаѓа во бавнорастечките тумури, кој си растел си направил убава мрежа од крвни садови и сега се шири.Дијагноза точна не може да се постави.Во игра се и тумур на матка или јајник.Операција во оваа состојба никако, биопсија не кажаа, за да не го подлутуват и да расејуваат додатно малигни клетки.Од асцитот само и земаа примерок за испитување од 3 само еден тумур маркер за карцином на овариум е покачен.Цел оментум и перитонеум е полн со метастази како саќе. Сега прима хемотерапија за да се уништат метасттазита па после ако се среди тоа да оди на операција.Има огромна тумурозна форма на местото на “бенигното“ тумурче.Мајка ми го занемарила бидејќи така викале докторите, ќе си го носиш до крајот на животот.Во последно време кога и порасна почна да оди на доктор.Од Мај не можат дијагноза да и постават и колку доктори хирурзи смениме.И ја фиксира дури и кожата,а нашите стручни доктори на тоа и велеа тоа ти е вклештени кила(молам ти се па тоа не се носи 24 години ургентно е).Типична лекарска грешка.Друг со локална анестезија тоа ќе го извадил.На сите да им ја скинеш дипломата по ред.Затоа се со и да е да се ваде кај и да се наваѓа сега е арно ама утре од кај знаеш во што ќе прерасне.