Финансиите во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од stetoskop, 16 декември 2011.

  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    147.937
    Епа вака,ме интересира драги мои,како функционира финансискиот дел во вашите бракови,т.е.дали учествувате во плаќање сметки -доколку сте вработени -и на кој начин :Дали по земање на плата одвојувате со сопругот заеднички пари „на страна“ за сметки,јадење,пиење или пак таа обврска ви е поделена -однапред се знае кој ќе плати струја,кој телефон итн.
    Дали го земате во предвид и тоа и кој колкава плата зема,па според тоа и колку да учествува во финансирањето на сем.буџет?
    Дали го сметате за нормално тоа што сеуште има жени кои својата плата му ја даваат на рака на сопругот до денар,а потоа бараат од него да им даде пари за цигари и др.ситници?


    Доколку темава е дупла ,се знае....
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.153
    Допаѓања:
    4.923
    Сметам дека во бракот е потребна доверба помеѓу двајцата. Ете јас сум пред влегување во брак и доста сме разговарале на оваа тема што и на кој начин ќе функционираме. Нашиот договор беше дека парите ќе ги ставаме на купче или првин ќе ја трошиме едната плата па другата, земајќи во предвид дека не зимаме сите на први и не се редовни денешно време платите. Меѓутоа и двајцата сме против да секој работи со своите пари во стилот еден ќе купува храна друг сметки, па еден зима 20.000 другиот 15.000 па ајде тој што зима помалку нека гладува. Мислам воопшто не ми се допаѓа тој начин кој за мене е себичност. Познавам бракови кој функционираат на тој начин и ми е многу одвратен во стилот како ќе дадеме двајцата по 3000 за детето, по пола сметки и јадење и замислете едниот да зима помала или просечна плата од 11000 па нека преживува до следна плата со 1000 а другиот нека се расфрла со пари :puke: :puke: :puke: . Не според мене бракот е заедница и ако има за едниот ќе има и за другиот. Според мене заедничкото она парите на купче и распределба е правилниот начин за успешен брак што се однесува во поглед на финансиите
     
    На Angela12345, GordanaL, verica81 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.068
    Финансиите ни се заеднички, нема мое-твое...Колку има за мене толку мора да има и за него, без разлика дали едниот зема помала или поголема плата...Не одделуваме пари настрана за храна, сметки и сл. туку плаќаме и купуваме тоа што треба без пресметки кој колку дал...Ако ја потрошам мојата плата слободно си барам од него како и тој од мене...Ако нешто остане вишок оди на заедничка сметка...

    Мислам дека така некако отприлика сите функционираат, не ми е јасно како поинаку? Едниот зема поголема плата па си дозволува луксуз а другиот посматра од страна??
     
    На srcekrsacka, eli25 и gwen им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    57.567
    Нас финансиите ни беа заеднички уште од прв ден во врска, и незамисливо ми е како поинаку би функционирале.

    Уште од почеток, кога ни давале од дома пари сме ги ставале на купче и сме плаќале заеднички. Имало секакви периоди, едниот да има многу повеќе од другиот, ама секогаш парите ни биле заеднички. Отворивме заедничка штедна книшка дури и пред да почнеме да живееме заедно, а исто тогаш купивме и заедничка кола.

    За сега нема ни дискусија, јас имам пристап до неговата сметка, тој до мојата. Плаќаме сметки електронски по некоја воспоставена некоја шема, ако има остаток се троши, ако се трга на страна - се знае каде се става. Обично во јануари правиме нешто што си го нарекуваме годишен инвестициски план, и одлучуваме што ќе приоритизираме при инвестирање во претстојната година.

    Незамисливо ми е и да барам пари, или да објаснувам што сум купила и зошто. Ако нешто сум купила - значи ми требало. До душа за ова не може да се пожали, никогаш не сум трошела неразумно.
     
    На Angela12345, srcekrsacka, babyketi и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Finansiite vo nekoi brakovi znaat da bidat skokotliva tema . Mislam deka mnogu zavisi od toa kakov primer sne imale od doma, i taka si stvarame slika kako treba da bide koga nie ke sme vo brak. Primer kaj nas doma nemase pari na majka mi i pari na tatko mi... se bese zaedno , pa ona sto bese za tekovno trosenje si stoese na kupce do sledniot prihod, a zastedata isto taka nastrana i nikogas parite kaj nas doma ne bile tema na raspravii. I jas sum si stvorila slika deka taka e najubavo i taka treba da bide.
    No kako rastev se iznenaduvav deka ima mnogu brakovi kaj so finansiite se strasen problem i tema za sekojdnevni raspravii, :o ... neznam po moe mislenje koga se veli brak se misli na zaednica i zaednicki zivot, toa podrazbira deka nema moe tvoe , tuku se e nase...no ne e sekade taka, pa najdobro da se dogovorat partnerite megusebno kako najdobro im odgovara. Zosto i da e zaednicko kupceto ako edniot trosi za gluposti i se so ke mu tekni togas nisto od prikaznata :P
     
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.682
    Уште од првиот ден од нашето заедничко живеење почнавме заедно да го планираме трошењето на парите. Но, тогаш не плаќавме домашни сметки (струја, вода, кабелска, фиксен), туку само нашите (интернет, мобилни). Па и ми беше глупо да давам пари за сметки бидејќи пола месец минував кај него, пола месец кај моите. Ако давав, требаше да давам и на двете места пари за сметки.

    Откако сме во брак, тој ги води финансиите. Не дека јас не сум способна за тоа, едноставно тој е поуспешен од мене во таа област. Кај него го обожавам тоа што секој месец изготвува план каде ќе се трошат парите, а води сметка и за потрошените пари. И знае колкава сума останува вишок. А бе прав домаќин. Е јас тоа не би можела да го правам.
    Он зема дупло поголема плата од мене. Никогаш не ми рекол не може ова да си го купиш, она да си го купиш бидејќи земаш помала плата од мене. Напротив, јас сум таа што секогаш троши повеќе од него :lol:


    Кај мајка ми и татко ми беше исто, заедно седеа и ги планираа парите.
    Кај родителите на маж ми (со кои живееме да речеме во некоја заедница) свекрва ми води сметка за парите. Е мене ми е многу глупо кога свекор ми ќе и рече дај ми пари за цигари или дај ми пари за спортска и кога оваа некогаш не сака да му даде :D :lol: . Па така де, зошто џабе да дава пари за спортска, секако никогаш до сега не е фатил :rofl:
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.756
    Ви се случува ли партнерот да дава неповратни финансии настрана (кон роднина, пријател) без ваше одобрение или знаење? И што би направиле тука?
    (Кај нас имаше ваков проблем, кога татко ми наскришно даваше пари кај сестра му која е мажена, и нам ќе ни скратеше, за ним да може да им даде. Не дека немаа пари луѓето, ама ете демек вујко е.)
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.682
    Без мое знаење-НЕ. Ниту пак јас тоа го правам.
    А мајка ми понекогаш скришум од татко ми ми дава мене пари :$ :lol: Упс, и баба ми го прави истото. :lol: Не дека татко ми и дедо ми не ми даваат, ама вака скришум плус некоја паричка е супер :angel:
     
    На I.vana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    46
    јас сум невработена само сопругот работи.Досега збор еден не ми рекол настрана што и како сум потрошила.Кога е на работа не зема многу пари со себе така да големиот дел остануваат дома бидејки имаме две дечина и тој смета дека мене ми се попотребни парите отколку него во текот на денот.А за тоа кој колку троши никогаш ништо не ми рекол ни оти ова си купила ни оти она си потрошила.Додуша се што ќе купам е нешто што навистина е потребно не правам како што сум видела кога мажот ги остави сите пари дома па жената тргнува во шопинг.Не велам дека и тоа не треба понекогаш.Ама сум видела жени со иста ситуација како мојата мажите им работат а тие не и 1000 денари да имаат дома и 10000 да имаат таман им се до вечерта ги нема.Не можам да се пожалам за ништо секогаш гледа повеќе за мене јас да сум купела чевли или не знам друго нешто за мене а него не можам да го натерам во продавница да влезе или вели не ми треба мене кој ме гледа ти си женско тебе повеќе ти треба.Или кога се работи за децата никогаш не штеди.А немаме некој посебни приходи.Во еден месец имаме во просек околу 20000 илјади денари на располаганје од кои 5000 плакаме кирија.Ама тој едностанво е таков.Кога ке му речам оти толку им дозволуваш на децата тој ми вели денес дадов да речеме 100 денари на спортска зошто да не дам толку и за чоколадо.Мислам дека финансиите никогаш не треба да се предмет на дискусија па нели бракот е заедница во која се треба да е заедничко.А сум видела и друга ситуација каде мажот само работи и кога ја пушта жената до продавница и бара фискална да види колку потрошила.Кредит во телефон има кога тој ќе и стави или кога мајка и ќе и даде,а кога ќе му префрли за нешто оти тој потрошил пари на некои глупости одговорот негов е оти парите биле негови што сакал ќе правел.Јас се чудев кога ми кажа што и се случува кога и покажав дека новчаникот на мажот ми е во мене ми вели блазесити јас ако му гибнам во новчаникот ќе ме отепа.а се работа за млади луге.ај старите некои толку разбираат ама за луге што немат ни 30 години не можам да сватам.
     
    На srcekrsacka и verica81 им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Мм е алергичен на пари :) а посебно на шалтери по банки :) и од таа причина сум овластена на сите негови сметки :$ .
    Знае дека не го бива многу многу околу раководење за финансии (а тоа е мојата струка) и целата функција ми е мене пропуштена. Имало периоди кога тој многу повеќе заработувал од мене или пак јас од него а сепак било наше.
    Се води по правилото ,,многу знам јас дали ти фали сјај за садови или не,, :) и ,,дај 500ден да излезам на кафе,, :D се зезам а и така се зезаме по дома.
    Јас сум по стегната кога станува збор за парите а тој е по опуштен што е и нормално кога не знае колку чини 1 кг шеќер :^) . Некогаш ме вади тоа од такт, искрено али пак го бива да му дадеш список со намирници и пари во рака и се да изнапазари (само да не го тераш да плаќа сметки, тоа го вади од кожа).
    Тие се пари кои влегуваат во домашниот буџет само треба правилно да се испланираат, ниту јас ќе сум побогата за еден пар чизми или тој со нова блуза, значи се трошат разумно.
     
  11. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    Кај нас ситуацијата е многу едноставна. На први земаме и двајцата плата и парите стојат кај мене бидејќи ако се кај мм може за два дена да бидат потрошени двете плати. Не дека излегува и пие или се коцка, туку едноставно би ги потрошил парите на глупости за кои не можам ни пример да дадам. Кажува колку пари му требаат ако наумил нешто и јас му давам ама само ако мислам дека е разумно и потребно. Пак за чудо некое ме слуша ако речам - е за тоа пари не давам! Единствено контакт со семејниот месечен буџет има кога ги подигнува двете плати и оди да ги исплати сметките.
     
  12. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Кога почнавме да живееме заедно и двајцата работевме,ама никогаш не сме правеле муабет кој што ќе плаќа. Па така он ги плакаше сметките, јас главно по набавки за дома зашто ако го пуштам во продавница и му кажам да купи 2 работи-едната сигурно ке ја заборави :D. Останатите работи-ги купувавме кој има пари во џеб-во моментот. Но и двајцата сме рационални и си веруваме еден на друг...
    После останав без работа.Повторно он плаќа сметки(јас мразам шалтери), јас се останато...само со една плата. Шизици сме кога ќе ни остане заштеда на крај на месец.Оскудација. Ј.би га! :(
    Туку, се надевам дека брзо ќе се вработам-па ке има повеќе за трошење. И онака се е НАШЕ :lol:
     
  13. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Со бившиот уште додека бевме во врска се знаеше дека се е заедничко, се на куп и кај мене, јас се грижев за парите... Јас тогаш не работев и пари добивав од моите, потоа од кај него од фирма,и морам да кажам дека многу влијаат финансиите на бракот, бидејки откако виде мајка му дека неговата картица е кај мене, почна да го сска против мене, и ако најблизок ти се уврти против тебе нормално дека ќе успее да те скара... Почна да вика дека колку ќе земам јас од моите толку да земе и мм од фирма, остатокот биле за него, па дури и ако им фалеше нешто на децата одеднаш јас веќе не смеев да земам од тие пари, се научи да вика да не му се мешам во џебот :fubar: и бев премногу на товар на моите бидејки веќе и живеевме кај нив а не плаќавме за ништо, него неговите пари му станаа негов џепарац, а од друга страна ми викаше дека не може јас да идам кај некој друг да работам , значи само од моите да зимам, и едно по друго , од лошо на полошо, си дојде до развод...
    Значи финансиите и те како се битни , а ако некој близок ти се уврти да ти го уништи бракот :x .
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    56.301
    Пол:
    Женски
    Кога почнавме со мм да живееме заедно, сметките беа негова должност, храната моја, така е и сега кога сме во брак.
    Сметки за кредитни картички, рати за автомобил итн, секој сам си плаќа, не рачунам на неговата плата за мои потреби, не сакам ни да рачуна на мојата плата за негови потреби.
    Заедничка сметка немаме, освен онаа за синот што ни е.
    Немам тефтер па да водам сметка кој последен купил прашак, така не би се однесувала ни со цимер, ама не сакам да имам контрола врз неговите пари, а ни пак тој врз моите пари.

    Мене ми е ептен глупаво тоа мажот и ја дава цела плата на жената, и после тоа што grown ass man ќе бара од жената пари за цигари, а и обратна кога е ситуацијата.

    Иако сум во брак си ја сакам својата независност, не сакам да морам да давам отчет за тоа што и како сум купила, не сакам ни тој мене да ми дава отчет за се што купил.
    Двајцата сме разумни кога станува збор за пари можеби затоа и немам некој проблем кога станува збор за финансиите.
    Добро или лошо ние вака функционираме скоро 5 години,ваљда ни е добро, не сме имале ниту една караница во врска со пари.
     
    На Trendafilka, miss.ella, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.921
    Допаѓања:
    76.738
    Кога земав помала плата,тој настојуваше да плаќа сметки и несакаше да земе пари од мене,освен некогаш за кирија.з.Секако дека учествував во јадење и други обврски,но за жал неможев многу.Денес земаме приближно иста плата .Многупати сум му рекла да ги извадиме цели платите и да ги ставиме на едно место,ама тој не сака вели демек вака ќе сме заштеделе ,кога ќе сме ваделе кога ќе ни треба ,што нема врска,може да се отиде во некој минус,штедење јок :lol: Така да,кој што стигне плаќа.Киријата ја делиме сеуште :lol: ,ако стигнам платам јас сметка,ако стигне тој,воопшто нема поделба.Јас земам редовно плата најкасно до 5ти во месец,тој зема околу 15ти сметка и околу 20ти на рака зема плус,така да баш убаво што не ги земаме одеднаш зошто до крај на месец ќе биде тесно(не дека и сега не е).Сум приметила дека и како кога ми беше дечко и ми одеше по ќеф кога стануваше збор за купување,и денес ако бендисам нешто и сакам да си го купам тој ќе ми гоз еде од рака и ќе ми рече дека сака да ме почасти :lol: и ќе го плати тој. :lol:
    Инаку знам неколку пара што си функционираат-секој сам за себе.Гледам функционираат а како незнам.Во секој случај,крајно себично :puke:
     
  16. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    А како би реагирале феминки кога идниот сопруг однапред ви кажува дека планира да ја помага финансиски својата мажена сестра која воопшто не се труди да најде работа?
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Прво ќе го прашам како ќе го тераме месецот со тековните обврски-сметки, храна, облека... дали би ги скратувал потребите на своите деца? Да, прашај го и ако добиеш потврден одговор од него, размисли си уште еднаш во што се впушташ.
    Ако многуууу заработува и не ја гиба твојата плата (ако работиш) и на крај на месецот му останува некој вишок ајде ок, да помогне ако таа навистина нема па нека одат парите за внуците.
    Расчисти си ги сметките по ова прашање уште сега за да подоцна не удираш глава од зид.
     
  18. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Јас работам,но платата моја сигурно не е толку голема за да можам туѓи семејства да финансирам,а и неговата плата исто,сме разговарале за оваа тема,ама он го разбира тоа како да ја ,,напаѓам,, неговата сестра,најверојатно поучен од домашните..
     
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    биќе вруче хаха
    уте сега зеи седни со него и кази му дека тој начин него прифакас и дека за тебе тоа е неизводливо ако е така ај давај и ти на сестра ти или брат ти и изигравајте црвен крст а вие и самите ке бидете за во црвен крст
    не е проблем 1-2-или 5 во одредени ситуации да им се помогне на некои луге сто ни се блиски но на секоја плата ја да имам обавеза да дадам парибило нанегови или мои не иде у обзир ако е така подобро седи си и ти и не работи па да видам од кајпари за да дава уште однапред да си знаес дека ова е мамино галенице и ке имас многи проблеми со него несамо за овојнего за било што
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Маж ми ја помага мајка му по потреба. Јас ја помагам мајка ми редовно. На брат ми му имам дадено заем кој го отпишавме и рековме не постои веќе. Финансиите со маж ми не ги делиме, двајцата работиме, па фактички кога се помага и на едната и на другата страна двајцата помагаме. Ама со договор меѓу двајцата и да гледаме од нас да не скратиме, плус колку и зошто е потребата во фамилијата нели, ако треба за нешто многу важно и од мене ќе скратам. Фамилија ни се, и на него неговите мили на мене моите, ама не можам да речам јас за неговите кога треба дека финансираме туѓи семејства а за моите боли па ОК е, и обратно.

    Сепак вие сеуште не сте земени а се расправате за финансии, ама засега сестра му на некој начин му е повеќе фамилија од тебе, и можеби мисли ќе продолжи секогаш да ја помага ако тоа го прави уште сега. Така е малку тоа и може затоа он се осеќа дека напаѓаш, нели уште не си му влегла во куќа а ред му ставаш, се мешаш кај не ти е местото. Макар што ти имаш оправдан гнев на неговиот план, дека вие уште не сте се средиле самите, а ваму тој мисли на кој утре може да помогне, ама он го сето тоа гледа од сегашна перспектива, кога ќе согледа реалност на свое семејство и ќе му треба платата за многу повеќе, сигурно нема да крати од вас за да даде на сестрата, туку ако му прескочи нешто а еве нејзе и треба во криза. Јас оти си ги знам нашите, по нив ќе речам дека нема да побараат помош од узур, туку од зор, а ти подобро знаеш каква е сетра му за да одлучиш како би се одвивале работите на тоа поле во иднина.
     
    На enca.69, bittersweet и eli25 им се допаѓа ова.