ако им функционира супер, секој си е одговорен за себе и точно се следи кој колку троши. За мене лично ова е престрого и не би функционирала ама незз зошто другиве се изненадени
Да да, сигурно живеат како цимери само затоа што делат финансии, најверојатно нема ни љубов помеѓу нив, ни интимности, ништо. Жално
Баш така како цимери, но затоа никогаш немаме расправии за пари, секогаш сме чисти во тој дел, никогаш не осеќам дека му должам, ниту тој мене. Исто знам во месецот точно колку трошам јас лично, па според тоа и колкава плата ми треба. И најбитно, никогаш не треба да го зјапам мажот кога во маркет треба да наплатиме, со надеж дека "овој пат он ќе плати".
На некого со кого делам живот, не треба да му се чувствувам должна. Ниту тој на мене. Секакви моменти доаѓаат, можеби некогаш еден од вас ќе биде онеспособен за работа од х причини и тогаш, како ќе се раздолжувате?
Ме интересира дали имате план и стратегија ако недај боже еден од вас остане без работа месец два? Жив гладен ќе остане едниот
Интересно е како си давате за право да коментирате за туѓ буџет и финансии. Секој за себе нека си гледа, најпаметно. Не ви земаат од ваш џеб, па да се измевате или да судите. Кога сум веќе на темава, ние не чуваме пари на куп, се е на картица. Двајцата имаме различни задолженија во однос на режиските трошоци. На крајот, она што останува оди за штедење. Јас трошам доста, мм е штедлив. Битно е сметките да се подмирени, да сме најадени, да сме заштедиле, а воедно и да си го гледаме кеифот. Од чија картица и да произлегла поголема сума од месецот, не е ни битно, не си ги мериме.
Со финансии стоиме супер иако сме тазе во брак али и порано немаме некои си многу давачки,ама сега планираме само едната плата да ја трошиме т.е мојата а неговата да стои. Така и порано правевме и голем дел од куќата си средивме.
Леле стварно колку е смешно ова што и се сипавте на членката, мислиш има некој правилен начин, па мислиш и ве праша некој И многу слободно време не е на арно.
Едвај чекам дете да имате. Па денеска од твоите пелени ќе ставаме утре од моите. Ама мене ми се погоди ден кога детето има пролив, дај од твоите две. Кашичка денеска од тебе утре од мене. Извод на бебето по пола. Оп мама на боледување. Тато да ја исплати мама 50% на рака. Имав еден ваков му раскинав. Фала му на господ.
Да одговорам, имаме дете и сме во брак. Па ако некој купи пелени, има фискална, ќе се израчуна на пола. Не е посложено, всушност е многу полесно од тоа да се има заедничко купче или заедничка картица. Пошо на пример ако во новчаник имаш само твои лични пари а сакаш да купиш пелени на пример, ќе треба да платиш од твоите пари, па после да се раздужуваш со "заедничкото купче", или уште посложено со заедничка картица. Имам помислено да делиме картица ама ќе треба да стои кај едниот од нас во новчаник и само тој да купува, а вака сме пофлексибилни, во новчаник имаш само едни пари и ги трошиш како сакаш. Не мора да мислиш од кое купче зимаш. Искрено, еве и мене ми треба попаметно и полесно решение, ама немам најдено такво. Ако имате, пишете детали како вие се снаоѓате.
За секое купено нешто цепидлачите? Плус. Исти приходи имате? Оти ако едниот зема 2 пати повеќе тој треба со 66,33333..% да учествува во трошоците. Така е пофер отколку фифти фифти ако платите не се сосем исти... Just saying..
Ние немаме заедничко купче. Т.е имаме ама најчесто мм троши од него зошто тој го полни, покрај платата, тоа ни е заштедата. Неговата плата е помала и ја дава на кредити, сметки, кирија. Мојата оди на станбен кредит и нешто поголемо ако сум купила на картичка, и мои трошоци. За малото најчесто јас купувам, исто и козметика за дома. Јадење почесто мм од додатните приходи купува, ама знам и јас да испазарам. Во принцип, ако мм не може да плати нешто од тоа што редовно плаќа, му давам пари. Ако мене ми фалат, а тој во моментот има повеќе, тој ми дава. Одделно ни се парите, ама ако на некој му здофали, си ускочуваме. Добро функционираме за сега.
Пари дома не чуваме, освен 1000ден. да се најдат за нешто хитно. Секаде плаќаме со картички или вадиме по потреба. Обично тој зема прв плата, па плаќаме сметки, подмируваме се. Мојата ја користиме за јадење, бебе и се друго што треба тој месец. Заштедата наша ја потрошивме за реновирање и сега само ставаме пари на штедна книшка за бебе. Мото ни е: Нема мое твое, се е наше заедничко, без ралика што е
@Madrugada А што се случува кога мислиш дека треба да му се купи нешто за детето,а маж ти не се сложува со тоа?Еве на пр ти сакаш и му викаш купката од Еуцерин е закон,он вика не бе Бекутан таман е.
Епа не пазаруваат кај што не даваат фискални,одма прави проблем во пресметките,зошто да си ставаат мака на глава.