Не се зезај леле и ова го чув дека го има. Најмногу мразам мешање у туѓи есапи и домаќинства и не практикувам да коментирам. Но, бидејќи е ова јавен форум па и може да кажеме мислење, зошто да не. Маж ми зема 10 000 ев. кредит,за заеднички потреби, дали тоа значи дека ја му должам 5000 ев. Моите ни помогнаа со 15 000 ев. Па сепак испаѓа дека он ми должи колку што зел кредит нез се изгубив у пресметките. Нема мое твое кај нас, све на купче, па и тоа не стига некогаш, среќа земаме 1 и 15 плата, па се зема шо треба. Имавме крштевка сега скоро на МОЈ внук, мојата плата отиде, среќа на мм стигна на време, пазаривме што треба и среќни и без долгови барем меѓу себе си отидовме на веселба.
Ќе бара ливче ко што даваа порано пред фискалниве. Јас како што не работам скоро две години ако бев мажена за сопругов на членкава ќе си останев гладна и гола..
Моја идеја е тој начин на пресметка, мажот ми сака нешто попросто. За жал не можам да смислам попросто решение од ова што го имаме. Ако имате, кажете го во детали за да го применам. Јас ги сликам секако сметките еднаш во две недели, па тогаш и ги правам пресметките, на пр. ако има сметка што јас сум ја платила од 1000 ден, тој ќе пишам дека ми должи 500 итн. Има неколку придобивки од ова: 1. Нема еден одговорен за купување на било што, купуваме кој што може и како има време. 2. Кога оди да купува некој од нас не зависи од некоја заедничка картичка или од заедничко купче. Едноставно си плаќа од своите пари, без да се мачи после да се раздолжува со купчето или заедничката картичка, или да дели прегради во новчаникот што е лични пари, а што е заеднички. 3. Никогаш нема расправии за пари или чувство дека некој некому должи било што. 4. На прашањето дали купуваме од места кај што нема фискални, добро, не е проблем и да немаме фискална од нешто, не сме дотолку прецизни. 5. Не се случило да останеме без работа, ама имало многу пати кога сме си должеле пари, запишано на ливче, никаков проблем без разлика на сумата. За жал не сме од оние парови што можат да си дозволат некој од нас да не работи, а другиот да го покрива, ниеден од нас двајца нема толкава плата. 6. Најголемата корист од ова е дека СЕКОГАШ ЗНАМ КОЛКУ ПАРИ ТРОШАМ МЕСЕЧНО за се што треба за мене и мојата фамилија. Ако е нееднаква распределбата, буквално појма би немала колку трошам. 7. Ако не е еднаква распределбата, како да тргнеме пари на страна за заштеда?
Ти ова озбилно прашуваш? Во брак сте и живеете заедно? Ретко кој може да си дозволи да остане без работа, ама шит хапенс. Ич не ја разбирам логиката си поделбиве. Нема мое-твое во брак, се е НАШЕ. Пазари тој што може, се е намирено небитно од чија сметка, никогаш нема расправии за пари, она што останува е заедничка заштеда. Звучи неверојатно ама функционира.
И јас не ја сфаќам баш логикава на ваквото штедење. Пример ти имаш повеќе потреби не можеш да оделиш исто пари за заштеда колку мажот ти пример. И како после нареден месец, надокнадуваш во заштедите? Сериозно прашувам дека не познавам некој што е во брак а вака си го дели буџетот. Иначе да не бидам сфатена погрешно, ако ви функционира вас океј е а и да не е која сум јас тука за да ви кажам
Целосно ваше и легитимно право како ќе се распределите. Но, доколку бараш совет, јас би рекла дека можеби е подобро еден месец твојата плата да се троши, еден месец неговата. Платата што не се троши да оди за штедење. Да, ќе има момент, пример, месецот можеби кога ти ќе плаќаш, ќе потрошиш повеќе, но не значи дека третиот кога ќе дојде на ред, нема да надокнадиш. Финансиите и трошоците флуктуираат, планови за нивна распределба е невозможно да се направат однапред. Колку пати ќе испланирам нешто и ќе ми искрсне трошок што не е во рамките за буџетот. Всушност, секој пат. Така да, од тој аспект, повторно исто ќе давате. Сигурно има некаква позадина, вашиот пристап што е таков каков што е, затоа и не можам да судам, иако изгледа повеќе заморен со оглед на броењето и делењето на финансиите на дневно или неделно ниво. И според она што е напишано, е всушност опишана ситуација во нормални услови. Но, во животот се случуваат и непожелни појави, како губење на работа, неодложна и итна медицинска интервенција кое со сигурност би го пореметило вашиот став во однос на менаџирање со парите. Што доколку, не ти посакувам, се случи медицинска незгода и санирањето чини три плати. Дали некој би се чувствувал должен да плаќа рати на другиот за нешто врз кое нема контрола? Некои работи едноставно на вага не можат да се мерат и се надевам дека во тој сегмент, различно би пристапиле. Инаку кул, ако не ти е замарање, мене па ич.
Мислам дека ако бевме порелакс со парите, као небитно е кој купува и за што и како, некој од нас немаше да може да го истера месецот. На пример ако он не ми ги врати да речеме тие 3000 што ми ги должел според фискалните неделава, јас не знам како ќе го истерам месецот до крај. Истото е и кај него. Едноставно битно ни е да раздолжуваме за да го истераме месецот до крај. Плус да знаеме на што сме. Не ни се еднакви платите. Он има повисока, но и повеќе троши. Засега не штедиме, не тргаме настрана, ни јас, ни он. Поскапи медицински интервенции сме правеле со поклонети пари од свадба.
@Madrugada те читам цело време ама не ми е јасно. Значи заеднички ако ги сметате парите заеднички се нема лични ,кои се тие лични пари ? И како ако се заеднички некој нема да го истера месецот ? Заеднички значи имате и двајцата... Кај нас јас плаќам сметки и кредит мм купува храна и хигиенски производи како и гориво ,зема поголема плата од мене па затоа така ,исто тој става гориво бидејќи тој вози. Секако ако снема од моја плата прискокнуваме на куп во фиока беа само додека бев на породилно бидејќи морав да имам кеш за секој случај дома а и не излегував често за да вадам пари. Сега мојата практично и не ја чепкаме бидејќи мора да собереме за еден трошок и тоа секако ќе се смета заеднички бидеќи неговата била за останатите трошоци.
Целиов систем што го терате баш звучи како постојано да си должите еден на друг. Значи сепак вака не успевате да штедите. Не дека судам, ама што знам, чуден е малце начинот на крај распоредувате со парите. Која е логиката да ти враќа 500 ден. ако потрошиш 1000че, кога парите пак завршуваат во истиот дом?
Мене искрено не би ми било ок маж ми да го гледам како должник или пак он мене, па малку ми е чуден овој систе. Но ако фунционира, супер за вас. А што ако еден од вас утре од некоја причина не може да работи? Повреда, губење на работно место или било што?
Јас живеев со ваков. Еднаш не ми дадоа плата два месеци. Третиот месец ми рече дека не е должен он да плаќа кирија и да ме рани. Да барам од моите. Они немаа. Му реков дека ќе се иселам. Ми рече ок ама да плаќам кирија и пола сметки оти немал време да бара нов стан за самец. Барем немало да ме рани. Прашав што кога ќе се венчаме и ќе имаме дете? 10 год бевме у врска, требаше да се венчаме некогаш. Ми рече, јас жена без приходи не сакам, ќе си бараш од мајка ти за тебе пари и пола за детето. Викам а ако се разболам, вика ќе си се вратиш назад. Викам а ако треба за дете, а јас неам толку да дадам за лечење? Ќе позајмиш од некој. Фискални се збираа, па ќе платам соодветно и ќе ставиме потпис на фискалната. И тоа мојата Рексона ако е 150 а неговата 130, јас повеќе давам. Еднаш у ресторан ми рече, закчево што го јадеш у моментов е 5 денари. Добив чувство како монета да јадам. Фала на господ, свеќа палам уште што ми ги отвори очите и раскинав. Од тогаш платата ми е 6 пати поголема, две магистерски платив, куќа направивме, кола нова, одмор терам, ама и маж нормален имам. На секој мој страв ми вика тука сум јас. 24/7 ќе работам, ама ќе има за сите. Мајка ми ќе ја земам у една соба ќе продадам станот, за тебе да има да не се нервираш. Не можам ни да замислам да не е се наше, да е мое и твое. Еве јас неам сега за на одмор, сам ќе одеше со детето? Еве треба да вадам камења од жолчка на приватно, нема да имам за греење дома на тераса ќе седам зимово? На крајот од месецот се препрашуваме, имаш ти пари? Не. А ти? Има 2000. Е има за јадење. Крај. Нема мое твое. Скапата храна е за детето, ние евтина јадеме. И ако каснам од крушата на детето треба 2 денари да му дадам? Сфатив што значи некој да те сака и последното да го даде за тебе и детето.
Лелелел , не да ти газам на бивша мака, ама ...кај ги најдувате вакви.? Од под кој камен гмизат вакви змијетини? Како се сака ваква особа.? Глумеше пред да го засакаш? Сексот беше фантастичен? Многу беше убав? Ова реторички е се, не дека вистински одговор постои. Гадни гадни особи. Во ред е некој да си штити пример милиони што ги стекнал, ама вакви анални типови на личност се ноќна мора ваљда. Јас полесни случаи што површно познавам, ми се гадат. За оригиналната делачка со сопругот, како им чини, така. Мада....толку енергија место на цепидлачење, јас би трошела да најдам начин како да заработам повеќе. Шо викаат, никој богат од штедење не станал. Од заработување ил наследство е. Ил криминал.
Јас не можам да замислам така да функционирам, фала богу не сум ни видела. Во овие год многу работи се случиле, ама некаки природно ни дојде за финансиите да се наши од прв ден. Никогаш за пари не сме се карале, сме иделе и приватно да се лечиме и кредит имаме, во меѓувреме мм се дообразуваше за утре ден да има повеќе, детето е подмирено. Свадба не правевме, немаме купче од таму. Јас и на породилно бев, па и тоа чекавме не знаевме ден кога ќе дојде. Животот не знаеш што ти носи. Само здравје,слога и љубов да имаме тоа да не фали, а после можеме заедно се'... Звучам ко баба, ама стварно го мислам тоа. Ексик нека е ако ми пројде во математики за раздолжување.
Од 17 год заедно.... Дете. Иако требаше да знам кога бараше да му плаќам пола бензин за скутерот оти далеку сум живеела. И кога у кафич плаќаше и надвор бараше пари за да не се срами од другарите.
И мојот бивш беше таков. И инает ме фаќаше, па со него се карав и за 5 денари. Зошто бев со него? Оти бев шупелка. Искрено и ден денес се чудам. Се' што сум направила можам да разберам, ама делот со таа врска, не. Ко да не бев јас, ко на друг да му се случуваше.
Си кажа она дека нејзина идеја е, не негова. Значи она е цепидлака. Раздолжување донакеде да сфатам, не како цепидлачење и скржавост туку како метод на водење финансии кога платата е мала и секој треба да знае колку е дадено за трошоци. Има многу пофин начин за ова ама кој како си сака.
Значи на темава какви се глупости има, не можам да се изначудам Да му барам 500 ден за бензинот денес? Кога ќе напраам ручек да му речам - јади сега а после 73 денари ми должиш.. Ние немаме заедничко купче..ако имавме веројатно секогаш ќе беше празно Сметките ги плаќам јас ама од таа картичка што ми е при рака. Јадење најчесто од мојата се плаќа, ама затоа 4 регистрации годишно, бензин, зелени картони, поправки итн си плаќа се тој..Летно време и по 50 евра на ден некогаш троши само за бензин.. Кога сме излезени плаќа кој стигне.. Он врска нема колку има на сметка освен ако не отиде на банкомат да извади пари па да види.. Дете немаме ама и да имавме, зарем ќе му речам - дај ми 400ден за твојот дел од пелените?