Кај е отидена темава, 10 години подоцна од нејзиното отворање, ехее. Од тоа дали му ги давате сите пари на мажот, до делиме сметка за пелени... Цитирав оти отвори еден интересен аспект со муабетот за праење ручек. Ако баш го тупиме, жена во традиционален брак извршува едно чудо неплатени работи- од готвење, чистење, пеглање, грижа за дете, ноќна смена со дете, износување дете 9 месеци- услуги кои во пазарна економија се платени. Поделба не може да биде пола-пола, ако се разведам, 2/ 3 ќе земам, јер ми следува.
А како треба да се чувствувам јас? Повеќе од 7 години немам приходи, освен неколку спорадични хонорари. Да пресметам колку пари троши/потрошил на мене, па да му ги вратам во иднина, или како?
И тоа не сум. Делиме домашни обврски. Практично, нема никаква 'корист' од мене. Да му кажам да ме разведи?
Корист- некорист, затоа се вика брак. Во старт сте се договориле дека се е заедничко. Е сега ако сакаш поише да извадиш, има и креативна адвокатура. Се е сведено на креативност деновиве.
Ко ќе бидиш креативен де. Имаше нешто, се викаше креативно сметководство- да не прекршиш закон, а да не платиш данок на пример. Последно чув и правниците биле креативни- се може да се сврти, да биде во твој интерес.
Од секогаш биле и сметководителите и правниците креативни. Првите се викаат криминалци, вторите 'добри адвокати'. ... тоа според легислатива, не според морал.
Видиш не помислив на тоа шта чеш..ја сум човек што не знае да дели Е ништо..друга опција е како во фул плејт во веро, да му мерам на грамажа Последниве 7-8 месеци ништо од ова не правам Почнав да се осеќам како бескорисна очајна недомаќинка
Ситуација, немам пари доволно и готвам. Него му се јаде од седмица и си лапа, јас пржам јајца. Не е трол, вистина има вакви луѓе, еве јас сум паталец. И да, ме тераше да готвам за да биде поевтино, оти сум немала пари јас, ама и он лапаше од тоа. Кога ќе речев па ти само игрици играш јас готвам, ми викаше заработи си бе, па јади што сакаш. А јас само што дипломирана, у друг град и борба за решение на работа, па на договор ти даваат некогаш пари некогаш истекол договорот ама те држат со муабетот сеа ќе даваме решенија за стално. Не можам доволно на господ да му кажам фала што ме откачи од него. Добро де, и што си најде швалерка и додека бев на работа он лажеше дека спие а уствари со неа бил.
Реална да бидам, ако има љубов во бракот нема да се осеќате должници еден спрема друг. Замисли пример треба да одиш ти на некоја сериозна операција а немаш пари и шо така ќе те остај да умриш? Страшно. Има такви луѓе не дека нема ама па до толку ситничарење до фискални, до грамажа шо се вика red flag ми е мене. Што знам, обично луѓето не штедат на луѓе и работи кои ги сакаат. Напротив, има луѓе што последниот денар би го дале на тој што го сакаат и не бараат ништо за возврат.
И јас сум 6 год на негов грб Арно шо ми се падна наградата, инаку не знам до кога ќе ме хранеше и облекуваше. Вака , ги орочив сите 60.000 евра на негово име, мислам дека и следните 10 год можам комотно да јадам и пијам без да идам на работа. Ако ме остае еден ден ќе си останам со едно пежо и една КЛИМА
Не го разбирам тој начин на функционирање никако иако знам дека сите различно живееме, но еве како жена во брак не знам како би се извело. Не знам, за секој залак да се осеќам тесно во своја кожа. Или па јбг за улошки да барам пари пола пола. Кај нас е кој се нашол, тој купил. А и ради короната западнав во криза финансиска, па после бременост. И сеа јас у брак да зимав од моите пари за домашни потреби, за јадење или за бебето. Па не знам, незамисливо ми е. Не сум верувала дека вакви луѓе постојат