Ццц, многу ме нервираат вакви луѓе ко бившиот твој. Јас имав цимерка сличен калибар, почна едно време да ми набројува 10 денари дека и должам зашто сум и зела 3у1 нес од нејзините, а таа цело време јадеше од моите работи во фрижидер, али тоа не го сметаше во математика. Стегнати, скржави, ситни луѓе, што подалеку од такви. Јас со мм уште кога живеевме заедно пред да склучиме брак, дојде период од 4-5 месеци кога не можев да плаќам кирија, нејќев да барам од моите, тој плаќаше со месеци, ништо не ми пререче. Нити пак ми барал пари за гориво и одржување на кола, која реално и јас ја користам веќе со години. Јас плаќам кирија месечно, тој плаќа сметки и јадење. Не ги бројам до денар нити планирам, ваљда е тука некаде отприлика. Да е го него, тој со картицата ќе мава секаде, заработува 3x повеќе од мене, али не гледам зашто кога и јас имам мои пари, да чекам тој се да плаќа. Тоа е се на кое трошиме реално заеднички. Јас што сакам ќе си купам од моите пари, тој што сака може да си купи. Заштеди имаме и двајцата, не сме некои што трошат ептен, финансиски сме слични и затоа се разбираме. Заеднички сметки немаме. Ако нешто му треба на едниот или другиот нормално дека се ќе се потроши ако треба.
Од мобилен сум па не можам да го ставам линкот, го читав на наш популарен сајт. Ситуација како на чка и членката со делењето. Ова во Америка. Дечко и девојка верени таа учителка тој информатичар, заработува 100.000 долари повеќе годишно од неа. Се договараат да одат на луксузен одмор кој девојкава не може да си го дозволи и затоа работи неколку месеци уште еднс работа. Одат на одмор со неговите родители и братот и снаата кој се финансиски добро потковани. Дечково и фамилијава оделе во луксузни ресторани, а девојкава седела во соба затоа што можела да си дозволи само два пати дневно оброк. Му се пожалила дека ја боли стомакот ( не му кажсла одма дека е гладна) и овој и рекол па зошто не јадеш? Тек кога си отишле дома му признала дека не доаѓала со нив секогаш во ресторан зошто немала пари и дека стомакот ја болел зошто била гладна. Одговорот на шупсков бил " Зошто тогаш дојде со нас ако не можеше да си дозволиш"....
Знам за пар мажот странец што функционираат вака. Кога се расипала машината за перење мажот инсистирал да земат нова од 1000 евра ама женава неможела да си дозволи да даде 500 за својот дел. Не прашав што се случи ама да постојат луѓе што вака функционираат. И заедничка сметка ( немора да е заедничка де) може да се извадат две картици и двајцата да имате во секое време пари. Ние така функционираме, една сметка две картици. Двете плати стигнуваат на иста сметка. Сега подолго не работам па ја користам исто како и предходно.
Има случаеви. Жената зема кредит за да не и проговара маж и дома дека со ништо не придонесува во куќата. Тој има бизнис, таа работи во суд и зема ниска плата. Живеат на висока нога бидејќи бизнисот им цвета, ама ете тој постојано и приговара дека во куќниот буџет не придонесува доволно. Многу не фер. Тоа ли е брак и заедница??
Баш така. Она што јас го земам, не се важи, али ти ќе си платиш што си земал. Не можам да ги разберам ваквите луѓе искрено, без никаков осет ми се.
Да, се согласувам. Мада ваквите цимери се овие истите што нејќат ништо од нивното да делат, карактерно не верувам дека се менуваат.
Зошто?! Немаш поверение? И да ме оставе утре, пак све ќе се дели на пола ( тоа што е стекнато во брак де). Како и да рачунам секако нема да бидам оштетена Али јас толку имам поверение у мм што уште утре би му го препишала и она што кај и да е ќе ми го остават во наследство моите родители. Здравје, Нека се роди синко само, све ќе се префрли на негово име. Нит на мене нит на мм ни треба нешто. Кај нас економијата ја водам јас. Од плаќање сметки до пазарење храна , гардероба, поравка и регистрација на кола, ручоци у кафана, уплата на одмори, медицински интервенции... Он сака само у секое време у џеб да има една-две иљадарки. Ништа више го не занима. Сеа да го прашаш колку точно земаш плата или колку ти е сметката за струја, ќе ти рече- аууу поима неам, питај ја Бубе
Мене не ми се верува на приказнава,повеќе верувам дека е измислена. Брак во кој нема наше ,туку мое и твое, не верувам.
Море Мош требаше и ние две купчиња да направиме. И во четврток напладне да седнеме со дигитрон и да се раздолжиме.
Абе секакви ги има денес, генерации Х, У, миленијалци...Не е секому нашето нормално-нормално. Дури и јас знам пример со мое-твое у брак. Е не траеше бракот долго де, ама не е тоа тема на муабет ваљда
Обично четврток трошиме најмногу. Нели пазарО е у четврток тука. И таман следи викенд и ќе знаеме кој колку може да си приушти за истиот
Абе ние ќе се збунуваме на толку враќање ситно крупно,па трчај до продавница ситни си немал 34 ден да вратиш.Па оваа фискална не ја израчунавме,или два пати ја поминавме.Ај тоа што е мака него кој ќе се расправа за скенирање после тоа.Моја фискална,твоја фискална,мене ми фали волку,тебе толку.