Доволен доказ дека нема мое и твое мислам е дека имам земено станбен кредит само на мое име, а станот се води официјално на двајцата подеднакво. Ајмо сеа критикувајте го и ова. Начинот на пресметка на трошоците е најпрактичен начин за да ЗНАМ колку трошам, нема подлабока филозофија од типот дали има мое, или твое. Пошто му се навртевте на мажот, ЈАС сум таа што "цепидлачи" и пресметува, кажав дека мажот сака полесно решение. Пресметувам сметки еднаш во 2 недели, набрзина и без цепидлачење, ако не е округла сума, само ќе ја напишам на ливче наместо да се раздужуваме во тој момент.
Се си е тоа ок чим си функционирате вие добро.Ама што се случува кога не се согласувате околу нешто,за кое ти мислиш дека е ок да го купиш а маж ти не се согласува?Како тогаш делите трошок?
Кај нас парите се на повеќе картички, јас имам две и маж ми две. Едната ми е за трошење, до одредена сума другата не ја чепкаме ич. Исто и маж ми. Парите не се мои и твои, наши се. Трошиме на пример наизменично или некогаш со една картичка додека има па од друга. Или сметки со една со друга храна, битно нема расправии околу финансии. Некогаш ако треба да одиме во,, минус "од заштедата, наредниот месец уредно ги враќаме дали јас или тој сеедно, битно да бидат во купот. И да, маж ми е носител на финансии, јас сум ,, трошаџиката," никогаш ми нема преречено за многу работи иако знам да претерам понекогаш и сама си признаам дека трошам ама не повеќе од што имаме. Јас така израснав да има заеднички пари, така и со маж ми функционираме.
Браво за маж ти! Реткост е ова во денешно време,зборам од лично искуство,јас исто не сум вработена ама пари никогаш не ми оставал нешто посебно,а не пак пристап до картички,Сем ако му побарам и башка секогаш сум се чувствувала како товар,помалку вредна и сл.
Како бе така?! И не е реткост ова,него вашето е реткост.Јас сум невработена пет год.Така решивме двајцата,прво поголемото сакавме да не оди одма во градинка да го причувам докај три год.После се решивме за второ.Таман тргна првото во градинка фати корона пак неможеа да одат во градинка.Сега чекаме да се адаптираат па јас да си барам работа.Никогаш не сум се осетила помалку вредна.Дури мислам дека повеќе товарот е на мене секој ден дома со две мали деца.Ручеци,доручеци обврски со децата дур он не си дојде од раб.И да ми пререче за пари???Па тогаш нека ме плаќа што ги чувам децата и решен проблем.
Ќе разговараш со сопругот, не може да ти остава пари како мало дете за џепарац. Вие сте семејство, доколку продолжи така во прва прилика барај си работа.
Сега гледам по сум пишала Да се поправам ова кога не бев вработена, сега имам работа и најдобро е вака, јас сум и по карактер независна така што баш тешко ги поднесував тие нешта во однос на финансиите. А инаку имам разговарано и секогаш ке ми рече па побарај кога ти треба ама па во расправии ке ми пререкол и вака за мене е најдобро,свој денар и пријатно.
Па тоа е секој брак е различен, јас сум растена во семејство кај што се се делело парите биле на куп,мајка ми била и невработена па никогаш немале вакви проблеми дури и кај неа биле сите финансии ,на почеток пробав и јас да го направам тоа ама настана караница и се откажав од таа замисла.
И јас сум невработена од самиот почеток на бракот . Еден период барав работа , но без успех . Маж ми цело време е покрај мене , покрај тоа што финансиски не поддржува мене и децата , беше и моја психичка поддршка . Не барам работа веќе , бидејќи имаме план да си отвориме сопствен бизнис во блиска иднина , па ќе работам и јас и ќе придонесувам за заедничка благосостојба . За сега , вложувам максимален труд во она што и на двајцата ни е повредно од сите пари и богатства на светов - во нашите деца . П . С . Никогаш до сега не ми пререкол за ништо , дури и ми велеше дека неговата плата ни е повеќе од доволна , дека не морам воопшто да работам , да се посветам на децата . Но јас сум таа што не сака да седи дома . Способна сум да работам , не сакам да стојам како восочна фигура по дома . Ем ќе излегувам меѓу луѓе , ем ќе придонесувам за домот и семејството .
Вајлд,има,луѓе во формален брак,а секој сам си тера и живот и финансии,само кров делат. Знам и јас едни,богаташи,жената си шета по светот од своја плата ,мажот си ја троши на крстарења,секој посебно се храни,децата големи студенти,ама тоа не брак и заедништво. Туку баш фарса од брак.
Јас пак не гледам проблем во тоа сопружниците да се независни еден од друг, секој да си има свои средства настрана, а исто да придонесуваат за сите трошоци. Секако зборувам во случај кога ваквиот начин на функционирање е изводлив, односно кога и двајцата работат и заработуваат. Како што кажав и претходно, ние еднакво учествуваме во сите трошоци со тоа што имаме заеднички куп каде оставаме одредена сума и ја дополнуваме кога ќе се потроши, а се останато ни стои на нашите лични сметки. За нас овој начин е идеален и не го прави нашиот брак ни подобар ни полош од било кој друг. Се зедов себеси за пример за да не зборувам за други, но навистина е невкусно какви заклучоци носите за нечиј брак врз основа на неколку напишани решеници во ваква тема, што буквално не значат ништо. Секако дека кога си во брак се е практично заедничко и секако дека партнерите треба да се поддржуваат меѓусебно, посебно ако едниот остане без приходи, но кога имаат можност да функционираат еве на овој начин, зошто да не?
Не сфаќам и јас како би делеле се` заеднички посебно ако едниот има многу поголеми трошоци од другиот. И да, не сакам да учествувам во трошоците на мажот затоа што имам ограничена плата, не можам да си дозволам едноставно. Во таков случај, фино е да постојат посебни сметки. А заедничките трошоци, засега ги пресметуваме со фискални, но не значи дека во иднина не би пробале и со друг начин. Засега ова делува најлесно затоа што и двајцата купуваме по продавници и во различни моменти, па полесно е во новчаник да се имаат само личните пари. Инаку не знаев дека за сметка во банка може да се имаат 2 различни физички картички, фала ви за идејата, и таа опција би ја разгледале, да имаме заедничка сметка во банка за заедничките трошоци. Не ми се свиѓаа исто вашите коментари за тоа како жената не добивала пари од сопругот и јадела леб и сол додека он се луксузирал. Тоа не е случајот со нас. Јас немам непокриени потреби, имам се` што ми треба. Платата не ми е прениска, но не ми ни превисока. Едноставно сакам да имам контрола колку трошам и затоа пресметувам. Додатно, секогаш се поставувате еднострано, дека мажите ве поддржуваат ВАС финансиски. Сте помислиле ли дали е тој брак еднаков? Дали ако вашиот сопруг изгуби работа, вие би го поддржувале финансиски? Дали има таква опција? Можеби вашите сопрузи се осеќаат ко преголем товар да имаат со работата, едноставно цела фамилија ја држат финансиски.
Какви трошоци на мажот бре? Па ако се на еден куп нема што ти да не си дозволиш. Кај нас се сите пари на куп. Се плаќаат прво сметки од секаков тип, па се купува храна на два пати големо пазарење, се трга заштеда и остатокот се троши за шетки, облека и слично. Од заштеда не се шета газ, а не се оди ни на одмор. Јас повеќе трошам зошто он не е по трошењето, па со сила му купувам партали. Имаме заеднички инвестиции. Не можам да замислам да си го оптеретувам мозокот со делење до денар. Ако ми требаат пари за лечење, а он има, дали ми позајмува или сме заедно во добро и зло? Се е наше. Секако имаш осет колку трошиш и ќе имаш да го истераш месецот зошто се е заедничко. А ако се бањам повеќе од него, поише ќе платам од сметката за струја? Ако он јаде нутела, а јас не, ама сакам некад лажичка да лапнам, како ќе го делиме? Не разбирам...
. Не бе па ти, ќе го оставам да јаде леб и сол. И во ходник да преспива, нема кревет дури не заслужи со работа. Супер што сте со слични сфаќања со маж ти, проблем би било да не бевте исти во тој поглед За поклони како ги делите парите? Ти му купуваш нешто за роденден а писле тој ти дава пола? Или купува за твојот роденден подарок од иста сума со фискална за да проверош?
Па нормално дека ќе го подржам,недај боже да не може повеќе да работи и две работи би работела. Инаку не се осеќа преоптеретено,нашиот договор е дека сега за сега ќе биде вака,само он ќе работи,понатака двајцата.Ние постојано зборуваме,се договараме,компромис правиме.Ако во било кој момент ми кажел неможам повеќе,одма ќе најдев работа,и двајцата ќе бевме вработени.Јас сум таа што почесто вика неможам повеќе Ти кажуваш дали на нас ни е еднаков бракот,ама како во твојот цело време да се осеќаш должна,да бидеш скроз потполно еднаква,а ако не е така не ти е сеедно,или едноставно те плаши таа ситуација. Во бракот се случуваат х работи,секојдневни проблеми.Неможам се да делам или да планирам.Ако на крај на месец ми протече кровот,ме поплави,а немам пари да учествувам во поправките,зарем треба да си одам од куќата.Денес ти повеќе ќе допринесеш,утре он,битно е да сте согласни со тоа што го правите и да сте си најголема поддршка во било што.
И ако остане без нога рака... И без работа и секаков. Кога си у брак треба да си едно во животот заедно, нема мое твое. Може маж ти треба да пише како се осеќа. Оти и мојот бивши имаше идентични ставови кон твоите и првиот момент кога немав за пола да платам се судеше како он ме ранел. Може човекот само не ти кажал како му е, ама во прв момент да изгуби работа како што е катастрофа државава ќе го изедеш дека не си ги покрива неговите трошоци. Брич нема да си купи.
Ех сега и ти Кредитот е на нејзино име ама станот по пола Ако. Нека се сакаат децата, тоа е најбитно. Ние што мислиме, имаат тие преча посла, бесомучно да делат собираат, одземаат и така до даљњег. Гуд лак