1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Финансиите во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од stetoskop, 16 декември 2011.

  1. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Samo sto mi tekna deka jas vcera kupiv jadenje za doma, sega se mislam dali da mu baram 200 denari ili da najdam so da kupi za 200 denari (facepalm)
    Kaj nas nema moe tvoe sve e zaednicko i negocite dve karticki se plus sekogas vo mene mada ne gi koristam osven koga epten moram. Ne bi mozela da ziveam so nekoj sto cepidlaci do tolku i na kraj imam ceh kako da sum bila u nedela u kafana
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    130.381
    200 ќе му бараш по фискална и ќе наплатиш за готвењето, ако Мише садови и за тоа кеш на рака
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.436
    А данок за овие трансакции? Што е тоа кеш на рака?:D признаница нешто? Ќе пријави дека бизнис тера миење на садови по ручек?8)
    Јој , зошто да е едноставно кога може комплицирано.
    Среќа само читам за вакви случаи, не ги познавам. После при развид не дај боже, ќе се корнат плочки и ке се пили мебел , а кучето или мачката не знам како ќе се делат:(
     
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    I pred rucek i posle rucek miev posto on ne gi izmil. Juhuuu im rich ideme u kafana
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Madrugada

    Madrugada Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Всушност кога го запознав беше долго време невработен. Сега заработува повеќе од мене ама исто и троши повеќе, па на крајот на месецот нема заштеди. Истото е и со мене, трошам колку што заработувам.

    Затоа и двајцата не можеме да си дозволиме да одвојуваме пари за другиот на дневна база.

    Ако се десат несреќи и слично, би употребиле од парите од свадбата, плус би намалиле со личните трошоци за да се покриеме меѓу себе.

    Ако парите беа заеднички, еве месецов немаше да си купам неколку алишта и слично, ќе ми беше незгодно дека многу трошам од заедничкото купче. Вака, си знам колку трошам и знам што можам, а што не можам да си дозволам. Многу работи си приуштувам без никаква грижа на совест. И двајцата многу трошиме и немаме никаков проблем со тоа.

    Пресметките не се прецизни, не е никаков проблем да поделиш на два неколку сметки еднаш неделно и да ја запишеш сумата. Така да, офтопик ви се заебанциите.

    Не е дека не би се подржале ако снемаме пари до крајот на месецот. Тие суми сепак ги запишуваме. Моментално он ми должи голема сума (колку просечна плата во Мк) од разни моменти кога немал доволно пари низ годиниве. Мене, како некоја што не заштедува ништо од платата, многу ми значи таа сума што ми ја должи. Ако заработував повеќе, веројатно немаше да ми значи толку таа сума. Иако таа сума ми значи, не ми е проблем кога би ми ја вратил, никогаш не сум му правела ни ќе му правам притисок да ја врати.

    Можеби е време да сфатите дека парите не растат на дрво и дека луѓето се мачат, повеќе или помалку, за да заработат. Сакам да бидеме максимално фер во бракот и затоа инсистирам да правиме така. Во иднина веројатно наместо со пресметки на фискални, ќе имаме заедничка сметка во банка за заедничките трошоци, со 2 копии од картичката, за да можеме да купуваме и двајцата било кога.
     
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.519
    Допаѓања:
    39.057
    Пол:
    Женски
    Многу си контрадикторна. Ем викаш сакам да знам колку трошам, а после викаш трошам колку што земам плата Еднаш ти пишав, ама се направи на Тошо.
    Викаш ќе ти било незгодно да си купеш блуза од заедничкото купче. Незгодно од кого? Од маж ти? Па нели затоа е заедничко купче, за да трошите и двајцата. Должен ти бил маж ти. Не ти е срам малце тоа да го речеш?
     
    На Leat, Oneo, Tiny Love и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    13.029
    Пол:
    Женски
    Ако јас израчунам колку мм ми е должен, треба куќата да ја продаде и пола парите мене да ми ги даде. Замисли колку би било ниско од моја страна, вакво нешто да му речам. Всушност, тој самиот е свесен за тоа и мн му е тешко и непријатно. Ама у брак сме, венчани сме - Во добро и зло, нели?
     
    На Цобра, azelea, AngIv и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Шо туку се објаснуваш бе и ти.
    Како ви чини, така прајте си :hug:
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    7.882
    "Моментално он ми должи голема сума (колку просечна плата во Мк) од разни моменти кога немал доволно пари низ годиниве. Мене, како некоја што не заштедува ништо од платата, многу ми значи таа сума што ми ја должи. "

    Ова вашето не е ни заедничко живеење, ни разбирање, а најмалку брак. Знаеш дека во брак и кредитите се заеднички? Без разлика што е на твое име.
    Не можам да замислам како секојдневно си легнуваш, плачеш, се смееш, имаш секс и правиш дете со човек на кој му броиш денарчиња кои ги земал некогаш пред години.
    Кај нас приходите варираат со малку, ама никогаш не сме земале да делиме сметка. И кога сме биле со помалце.
    Пред речиси година мислев дека ќе останам без работа подолг период, западнав психички, да не беше тој да ме подигне да каже јас заработувам доволно, ќе се ускратиме ама нема причина да се плашиш. И ете се деси пресврт да со месеци земам поголема плата од него, ама сигурноста во тој момент ме врати во нормала. Сите се наши пари, тие на моите сметки тие на неговите сметки. И плаќаме кредити, позајмува и позајмувам на најблиски, и се луксузираме без примедби. Јас си купувам поскапа козметика, тој си купува поскапа облека.
    Проблемот е многу над финансиите. Доверба, љубов, емпатија, заедништво. Не би градела дом со човек кој ќе ми врти дека треба да се докупат три плочки да му дадам уште 20€ од мене.
     
    На azelea, senza.parole, Biljarkata и 13 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Е оти вака да и' речиш?
    Ним ако им е ок, кои сме ние да им кажеме дека не било брак

    И мене ми е чудно, ама чим си функционираат тие така, не е наша работа, па уште да ги 'учиме како требало'.
     
    На Milkiway, cresa-jagoda и Madrugada им се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    7.882
    Ако идеално е сам да си заработуваш и сам да си трошиш нема да влегуваш во заедница уште помалку брак. Брак = на заеднички финансии и во добро и вво лошо. Ако не беше така зошто при развод се дели се на пола, иако може едниот ја купил колата, а другиот нема ни возачка?
    Не кажувам на никој како да живее, нивен систем, ама дека тоа е брак и зедница, не, не е.
    Утре ќе броиме кој колку тератки купил на детето? Баш ме занима ако дојдеше жена да каже маж ми бара Х ХХХ€ дека сум му била должна низ годините, како ќе го нападневте.
     
    На senza.parole, wannaBeMomma, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    За нив е.
    И толку.
     
  13. Madrugada

    Madrugada Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Не, бракот не мора да биде заеднички финансии или било што поврзано со финансии. Читајќи ја темава, јасно ми е зошто жените толку очајно бараат мажи што добро заработуваат, мислат дека бракот е само делење пари. Не, фала.

    Не цепидлачи он ич и не се замара за пари воопшто, јас сум таа што пресметува.
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    7.882
    Па не е баш така. Си влегла во брак без да го прочиташ законот. Бракот е и те како поврзан со финансиите. Најлесно е да ги оцрниш сите жени кои ти противречат дека се спонзоруши кога многу од тука што напишаа заработуваат и повеќе од сопругот.
    Повели, извадок од законот Screenshot_20210909_231650_com.google.android.apps.docs.jpg
     
    На Lilit, wannaBeMomma и simona_baby им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ајдее и со закон почнавте да се расфрлате.

    Абе тие така си се договориле, шо ти е гајле за нив, не сфаќам?
    А и ти не шлапај многу!
    И тебе да не ти е гајле која колку учествува во финансиите.

    ---------------------

    Убо ќе беше, ко за промена, еднаш! Значи само еднаш! да не се навредувате меѓу себе за работи кои апсолутно не ви прават никаква разлика во животот!

    Кој шо сака нека си прај, се додека не загрозува некого!

    Аман!
     
    На Camille84, Bicka77, Milkiway и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    И ти немаш попаметна работа :)
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    20 г. сум во брак во кој мажотми зема пола плата од мојата.
    Ај да пресметам колку ми должи.

    Се зема плата се става на едно место, се плаќаат сметки, се купува на кој што му треба секако приоритет се децата со другото кој е во можност тој пазари се разбира рационално.

    Патем често тој ми ја вади платата ја зема мојата картичка и го знај пинот.
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    40.003
    Пол:
    Женски
    Па скоро сите ти кажуваме дека во брак сме и во добро и во лошо. А животот е таков, стани- падни ситуации секогаш има.
    Ради болест, немање работа и сл. нормално дека не би ми било проблем. Тешко? Да, но не и проблем.
    Само ради мрза не би прифатила.
    Ти сега се осети можеби малку нападната, па твојот изговор "да знам колку трошам" не ми е логичен. Не е пологично да си ги собирате фискалните и на крај на месец или крај на недела да си прорачунате? И така ќе знаете колку сте потрошиле.
    Поарно кажи дека сакаш се да си делиш, т.е не сакаш да делиш поточно, таква особа си, не си навикната на заедништво.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.436
    А од кај знаеме ние дека мажот и некаде не превртува очи сега? Таа вели дека тој повеќе заработува , но и повеќе троши. Но ете не му паѓа на памет да и ги "врати " парите што и ги "должи".
    Имено ако не троши толку многу на себе, ќе има да и врати.
    Како и да вртиш, себични се двајцата според нејзината приказна. Избегнува да одговори за подароци. Чисто сумњам дека се великодушни. Ај може не сум во право.
    Јас со некој ваков не би живеела. Свадба, мадба. Ете кажува дека немаат заштеда а имаат пари од свадва. Тоа спаѓа изгледа во 'рециклирани ' пари , родителите ти трошат , а ти добиваш. Сега веројатно ќе каже сами си ја платиле. Онда се уште понеобични, веројатно броеле порции и кој колку донел. Ако вака со маж и прави со другите не сакам ни да замислам.
     
    Последна измена: 10 септември 2021
    На wannaBeMomma, senza.parole и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    И мене ми е мерак да се зачленам наново и на ваков начин да тролам :D Прилично професионално. Пишува добро, фино, големи постови и као ненамерно вметнува запалливи реченици од типот -ми должи пари колку една просечна плата...и пак продолжува најнормално да си збори :D
     
    На Brpbrp, Camille84, SiMpAtIcNaTa и 4 други им се допаѓа ова.