1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Финансиите во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од stetoskop, 16 декември 2011.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Свадба беше голема, Рокфелер го каневме:rofl:

    Кој ми е крив ко не сум знаела кого да викнам на свадба. Па, ко се деси ,,нешто,, праев есапи и рачуници, како би живееле само со мои приходи:doh:
    Ако постои грижа на совест за пари трошење,можеби некој проблем постои, ама па можда и не, све је могуче:wasntme:
     
    На Dentina и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.721
    Допаѓања:
    12.827
    Мислам дека треба да се осигурате од незгода за утре не ај боже на едниот нешто да не му се случи осигурањето да му исплати дел да не е сопружникот да не остане не дај боже без леб. Не сте нормални :D ти не му веруваш на човекот, а очигледно ни он на тебе.
     
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.215
    Допаѓања:
    15.433
    Пол:
    Женски
    И двајцата зимаме исто плата, на исти датум. (Сами си ја пуштаме платата, сопствен бизнис). Неговата оди на сметки и долгови - се е на негово име (онлајн се плаќаат сметките). Од мојата се троши за пазарување, за бензин. Заштедата ни е заедничка, кога имаме ќеш се ставаат таму, другото е се на картичка, чекаме бебе па за нејзе ќе се трошат од таму веројатно. А и тие стојат кај мене во новчаник, бевме ограбени еднаш и затоа сега парите секаде со нас, никакви фиоки, ни пликови.

    Додуша ја сум и штедачот, па ваљда затоа кај мене стоат парите :D.
    И кога ќе ја исцеди неговата плата ќе каже "дај ми пари за ________", па ќе му кажам "земи ја картичката" и тука почнува "ама шо ако на тебе ти притребаат пари додека јас не сум дома, не може ти без пари да излезеш или ќе сакаш да си купиш нешто па мене ли ќе ме чекаш" и сл.

    А и првата година бевме само со неговата плата, оди па убеди го дека не ми требаат пари. Секогаш оставаше дома "да ми се најдат". А јас сама во друг град, продавницата не знаев кај е шо се вика за да ми притребаат ама ајде.

    Си правиме пресметка на почеток на месец колку имаме, што треба да се купи месецов, еве сега за прегледите пример па според тоа си гледаме дали ќе јадеме од 7мица или ќе си готвиме :D

    А и не кријам кога моите ми даваат пари, мајка ко мајка секогаш ми турка по 500-1000 денари, за бебето да сум ги чувала хахаха. И секогаш кога се враќаме од кај нив му кажувам "бебето е побогато за х денари" :D

    И екстра ни е.

    А од друга страна, кумата секој месец имала тргано за "црни денови" и се собрале поголема сума. Кумот од искуство од претходната жена што така криела па на крај го оставила ко куче без денар, се навреди. Мислеше и кумата дека сака да го остави па затоа чува пари на страна а таа чувала за го изненади, да плати регистрација на колата.
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки.
    Дали може да се земе уште една картичка и да имаме две на исто име?
    Мм вели не знае а и не требало, а се натезаме за една картичка секој ден дај ми ја, еве ти ја.
    Не знам дали не сака да ја имам или нешто друго е проблемот.
    Јас сум невработена тој ми ја даде уште на почетокот на бракот ама во последно време како да ја сака назад и имало денови кога сум без пари.
    Еве до пред два дена беше кај него, вчера вечер ја барав за маркет, ми ја даде и сабајле пак ја зема со изговор за секој случај ако му притребала. Функциониравме на начин тој да си извади кеш кога ке му треба а вака да си биде кај мене. Сега јас сум и без кеш и без картичка. Ова трае повеќе од една година, имам предложено да земеме уште една, избегнува.
    Како да постапам?
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Како да постапиш? Да се вработиш евентуално :smirk:
    Не знам, сме живееле и јас без плата, и без картички, па никогаш не сме имале проблем. И сега кога и двајцата и работиме и картички имаме, преферираме кеш да има дома секогаш. Не е голем проблем да се живее без картичка, кешот све решава. Некој друг проблем има сигурно, ама од пишаново не можам да проценам што е тој проблем.
     
    На SuperGirl24, Erika.greeneyes, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Па не е за картичка проблемот, проблемот е што јас немам денар ако немам картичка.
    Не работам затоа што учам, така сме договорени од старт додека не завршам да не работам.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.576
    Пол:
    Женски
    Да се договорите на почеток на месецот или неделно или како и да ви одговара, да вадиш одредена сума и секогаш да имаш дома?

    Или обавезно дома да имате барем 2-3000 денари за секој случај што се вика. Па доколку ти требаат да си ги користиш.

    Ако учиш/студираш, дали имаш опција за стипендија? На тој начин колку толку твои пари ќе си имаш, ако веќе не работиш.
     
    На Осе, Mumoftwo30 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.200
    Допаѓања:
    8.208
    Пол:
    Женски
    Викаш дали може да земеш уште една картичка и да ја користиш ама дали и тој се согласува на тоа?
    Според ова што го пиша нешто ко да не му се трошат пари на господинот или така ми се чини?

    Вие знаете што и како сте се договориле, и редно е да напраите муабет на оваа тема.
    Вака испаѓа ко да го молиш, реално и го молиш, негови се парите, што дека сте у брак.
    Сите не функционираат така што се делат па и финансиите.

    Можеби редно е и да почнеш да работиш, ако си во можност, вака само ќе се стресираш, а и зависиш од него, може и да ти даде може и да не ти даде, како што праи моментално.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Тој ми има кажано дури и да работам тој сакал да финансира апсолутно се. Има одлична плата и договорено бевме додека учам да фукционираме така, после и јас да си работам.
    Се нагласува дека сите пари биле во мене а не е така. Пред сите така зборува. Точно дека ми дава картичка ама кога сака ја зема и немаме решение. Јас понудив за уште една картичка тој па вака па така па не треба доволна е една. Па сега си мислам, што збори пред сите така и се прави најдобар маж што мисли на жената, еден куп ситуации и денови е имало каде што сум немала пари затоа што на него му текнало да ја земе картичката иако има кеш секогаш иако ја има и картичката на телефон и може да плаќа.
    Не е проблемот во картичката туку во тоа што јас сум таа што останува без пари ако на него му свирне така.
    Плус да има чисти намери мислам дека сам ќе го решеше тоа и ќе мислеше и на мене. Не знам што се случува.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.200
    Допаѓања:
    8.208
    Пол:
    Женски
    Епа јасно е што се случува.
    Нејќе да дава више, ете така му текнало.
    Може илјада причини да има зашто е тоа така.

    И тоа што се фали пред други дека е најдобар сопруг не ми се допаѓа, а со тебе викаш дома друго се однесува.

    Мораш причината да ја дознаеш зашто сменил однос кон тебе.

    Ти да почнеш по нешто да работиш, ем занимација ќе имаш, ем ќе си имаш и нешто твое па подруго ќе биде.
    Шо ќе го прашуваш него коа ќе работиш.
    Секако ако имаш време и ако вонредно студираш или учиш средно.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    151.814
    Наседни го и се ова кажи му него
    И речи му да одлуче како ке праве битно ти да не останеш ни секунда без пари
    Така е нормално ,се поинаку е ненормално
    Маж ти е стипса скржав и најверојатно гледиштата му се смениле од кога сте се договориле вие двајца како ке правите
    Пс најди си работа макар и на пола работно време се постига и работа и факс
     
    На LiquidLuna, Biljarkata и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  12. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Ехее прв е за тоа.
    И дома пред мене се прави, ми зборува ти само уживај, не мисли на ништо, ти се имаш.
    Ај пред други, ама и мене ме прави будала.
    Не знам зошто секој ден би ми ја зимал картичката кога има кеш најмалку 300-400еур постојано во него, и може да плати преку тел.
     
  13. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    13.743
    Пол:
    Машки
    Или пак госпоѓава многу троши, и овај видел колку е саатот пак сега превзема мерки.
    Најдобро е отворено да го праша, а и да почне и таа да заработува.
     
    На SuperGirl24, Anyshka и Mrs. right им се допаѓа ова.
  14. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Па исто планирам.
    Јас не сум на улица најдена за вакво однесување.
    Планирам да работам секако, ама не е само за парите проблемот. Како да живеам со него кога знам дека имал лоша намера до ова? Крај краева брак е, јас сум секогаш зборувала дека кога ќе заработувам се ќе биде заедничко и дека ќе му дадам пристам до парите.
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.200
    Допаѓања:
    8.208
    Пол:
    Женски
    А од коа не си видела картичка ти?
    Мислам од коа не ти ја дал да ја користиш?
    Се може да е, затоа реков има многу причини поради кои сменил однос.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Многу трошење е релативна работа.
    Јас можам да ти кажам дека лично за мене и мои потреби (козметика/книги/облека) 7.000/8.000 во месец максимум.
    Мм има плата 6.000 еур, со ова сакам да кажам дека парите не се проблем с уште помалку моето трошење.
    Трошам само кога морам, немам видено луксуз, не ни барам.
    Тој е 1% со таа плата тука.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Па еве пример, јас ја имав цело време до пред месец дена. Пред месец дена ми ја побара да извади пари, не ми ја врати околу 2 недели, значи јас бев без пари, кога не се трпеше ја побарав, ја имав два дена после пак ја зема тој, па ја немав уште неколку дена и се така.
    Вчера вечер ја барав да одам до маркет, ми ја даде и сабајле пак ја зема. По цели денови се случува да сум без пари, кога е тој тука е океј сма јас кога сум сама немам слобода.
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    151.814
    седни го и со мирно се ова кажи му и најдите решение види шо ке ти рече
    Најчесто мажите се ко шинибус бавни не им фака кликерот се треба да ги тушкаш
    прашај го зошто го прави ова
    дали е проблем шо не работиш? многу трошиш?
    прашај го баш утре и пиши шо ке ти рече
     
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.200
    Допаѓања:
    8.208
    Пол:
    Женски
    Има нешто тука, треба да поразговарате убаво, да видите што е проблемот.

    Само многу некако наивно и буквално си го сфаќате тоа што се би требало да е подеднакво во брак.
    Да, треба ама коа и двајцата заедно ќе вложувате, ќе заработувате, ќе стварате.
    Вака само еден ако заработува може како сака да мота, негови пари се крај краева.
    Не е убаво ама му се може едноставно.

    Затоа ти викаме сите, да работиш и ти, да не зависиш од него за леб.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Каде живеете? Во странство?