1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Финансиите во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од stetoskop, 16 декември 2011.

  1. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Да
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    35.059
    Пол:
    Женски
    Извини вака што ќе ти пишам... Ама треба да си најдеш работа. Остај го него што ти зборува. Гледаш дека низ нос ти го вади тоа што ти ја дава картичката. Парите во брак треба да бидат заеднички.
     
    На Anyshka, Mumoftwo30 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  3. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас работев minijob ама кратко бидејќи не можев да постигнам и да учам затоа што прилично тешка струка учам. Затоа се одлучивме да дадам 100% додека не завршам па после да и работам.
     
  4. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Па и јас мислам дека тоа е глума за пред други и пред мене да се прави. Ако така мисли нема ни секунда да се преиспитувам јас и да сум во оваа ситуација.
    Подобро да работам барем нешто, најкриво ми е што немам нормален брак и што нема искреност во него.
     
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.007
    Допаѓања:
    11.487
    Пол:
    Женски
    Тогаш треба да размислиш дали е добро да продолжите заедно штом нема искреност и нормален брак.
    Како би функционирале понатака вака?
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.315
    Допаѓања:
    15.023
    Пол:
    Машки
    Па ако е вака не е некоја голема пара, ама сигурно има и нешто друго затоа отворен разговор со него ти е најдобро решение на проблемов.

    А како што ти читам и претходни мислења се нешто ти смета кај мажот ти дури и банални работи, така да сигурен сум дека има тука оправдана причина зошто направил рестрикции на кешот.

    И пак ќе речам потруди се да заработиш, барем да имаш пари за основните работи.
     
    На Anyshka, Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    И јас не знам.
    Сигурна сум дека ако му го кажам ова ќе има изговори и ќе каже па заборавив, не е така цело време се е во тебе, се е наше, не сум ни помислил така..
    Слично му имам кажано и порано, се правдаше на истиот начин.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Па не е баш така, имам кажано дека секој мој успех нему му се препишува. А сега мислам дека тоа е така само заради парите.
    Така да дефинитивно ќе си барам работа, па ќе бидам поценета.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    35.059
    Пол:
    Женски
    Како може да инсистира да не работиш, а ти прави проблем за пари? Отсекогаш сум била за тоа жената да работи. Да не мора да бара пари за да си купи гаќи.
     
  10. Johanaa15

    Johanaa15 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Ми има кажано дека имаме пари да не мислам на тоа дека е поважно да се фокусирам на учење и после тоа да си работам во струка.
    Ама ете тоа имаме пари значи тој има пари па прави со мене како сака.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    35.059
    Пол:
    Женски
    Во тој случај знаеш што треба да правиш. Ми личи дека тој сака да управува со тебе.
     
    На La-loca, Mumoftwo30 и Johanaa15 им се допаѓа ова.
  12. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Ех, ех, ти си втора со ист проблем замината во странство, а потоа без пари. Како ли ве прелажуваат, ветуваат брда и планини, дека ќе студирате, дека ќе најдите работа, дека тој ќе финансира. А потоа само што ќе стапните на туѓа територија филмот завршува. Се прашувам, толку добри лажговци се, или вие сакате да избегате од МК по секој цена. Оти ако е по секоја цена, цената е многу висока. Ако е лош бракот, барај работа, најди ја и потоа развод.
     
    На SuperGirl24, LiquidLuna, La-loca и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.992
    Допаѓања:
    154.223
    Мене ми фали нешто во приказнава...
    Извинете, но секој договор има право "да се раскине". Проблемот кај него е што не ја кажува правата причина можда од страв од реакцијата.
    Замислете обратна ситуација - жена пишува тука дека она работи, маж и учи и дека и ја бара картичката, а не некоја сума на пари. Да, се договориле така, ама по некое време почнува да и пречи и се осеќа искористено.

    Каков совет ќе дадете?!
    Она и на друга тема кажува дека и пречи што тој добива внимание.
    Ако е така, одговорот и решението се лесни. Ама ај...

    Како стапувате во брак пред да го знаете добро? Како стапувате во брак пред себе да се осигурате?!
    Или странство, фина пара... па проблем било картичка не давал?!
    Фино смислено... ама... некои работи се мислат со време.
    Да се кладиме дека баш не би сакала работа да најде?! Проблемот е што картичката не е достапна...
    Секоја приказна има две страни.
     
    На eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    35.059
    Пол:
    Женски
    @Lilit Можеби има и нешто друго во позадина што ние не го знаеме. Ако партнерот многу троши, ќе си ја стегне чергата. Не може јас да 'рмбам како коњ, а некој да си прави луксузи. Јас не толерирам. Моментално зависам од маж ми (чекам документи и затоа не работам), ама си имам граници колку да потрошам. Ако останам без пари, му барам одредена сума. Ми дава без проблем. Некогаш и картичката ми ја остава. Имам пример во блиска фамилија... Женава невработена. Мажот секој ден и оставаше пари. Знаете што? Таа немаше граници. Сите пари ги трошеше во еден ден. Некој да ти остави 2000 денари и ти да ги трошиш за се и сешто? Разбирам ако се работи за болест. Има скапи лекови. Мажот почна се помалку пари да и остава. Женава мораше да најде работа.
     
    На Осе, SuperGirl24 и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.121
    Допаѓања:
    172.873
    Како и да е, мене ми е чудно.
    И јас сум студирала и период сум била без работа, па и сме се преселиле и сум била без работа, па дете сум родила и сум била без работа. Кеш стално бил на располагање. Ваков брак све је моје твоје, дури не се премислам ми е во најмала рака неодржлив. Јер не е проблем, се наоѓа работа и се губи работа, и иљада други ситуации може да се случат, ама мислам брак беше -во добро и во лошо, штознам. И тој за мене, и јас за него.
     
    На moonlight-girl.55, Осе, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    23.336
    Ако он заборава, ти не заборавај да вадиш кеш за повеќе денови тогаш кога ќе ја добиеш картичката. Ако те праша зошто толку кеш имаш извадено, ќе му кажеш за секој случај затоа што ти забораваш во последно време да ми ја оставиш картичката.

    И кога тогаш ке мора да направиш муабет дали му е проблем да биде кај тебе, да имаш постојано пристап до парите, дали му смета колку трошиш, итн.

    Исто така, можеби постои опција со апликација да плаќаш со телефон, па да не треба да вадите втора картица.
     
    На Осе, Cinnamon Bun и Anyshka им се допаѓа ова.
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    7.545
    Пол:
    Женски
    А зошто не функционирате обратно ти извади си пари кога треба, а нека си седи кај него.
     
    На SummerGirl и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    14.715
    Според мене тоа е неодговорност од негова страна, посебно ако имате дете. Никогаш не се знае каква потреба ќе ти излезе во моментот, некогаш нешто не може да чека додека тој да си дојде од работа. Во Македонија имаше опција некој да ти даде полномоштво на сметката а со тоа се добиваше и картичка со пристап до истата, сигурно може и во државата каде што се. Но тоа може е процедура, друга опција е да си побараш да ти префрла одредена сума на твојата сметка и да трошиш од твојата картичка.
     
    На Осе и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  19. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Еве и јас моментално не работам зошто и да сакам не можам, чекам бар уште еден месец за дозволата за престој дека не сум државјанин на ЕУ.
    Нема проблем зошто додека тој е на работа тие денови кога не работи од дома ми остава кеш иако речиси не познавам никој тука и не излегувам, сепак ми остава за до продавница да си купам за нешто ако ми се присака или ми треба. Треба да му кажеш да извади од банкомат и да ти остава кеш, батали картици. Така нема да има изговор дека му треба картицата.
     
    На SummerGirl и Осе им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    48.170
    Пол:
    Женски
    1.може 2 картички на ист носител. Маж ти треба да побара само у банка.
    2. Не постои универзум у кој би седела 2 недели без денар у џеб. Се може да се деси да паднам на улица надвор, ќе немам пари за такси до лекар ли да отидам?
    3. На маж ти ќе му кажеш џепарац да ти остава секој ден пред да иде на работа ако веќе не сака да извади уште една картичка.
    4. Најбитно да збориш со него за што се должи промената во неговото однесување во поглед на финансиите.
    5. Не верувајте слепо и не дозволувајте од некого да зависите на милост или немилост да ви даде поткрепа без разлика дали е финансиска или било каква. Се бива у животот сигурно нема да чекам дотичниот ми маж да ми даде пари за смоки како да имам 10 години.
     
    На Cinnamon Bun, Mrs. right, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.