Ако не е и истата само со нов профил. Немам време да копам по моиве мислења, ама ако не грешам во Брачни совети беше дискусијата. Приказнава е иста, само фали моментот дека немала пари за Јакна да си купи зимата, а он не и давал, па трошела нејзина заштеда. @Johanaa15 ако си истата членка, втор пат за 1 година истово го прашуваш, значи проблемот не се решил, што уште бараш со него? Едит: Еве го првото мислење. @Lalija2 Здраво дечки, во брак сум со мм скоро пола година и живееме во странство. Тој работи убава и добро платена работа а јас не работам бидејќи учам јазик по цел ден. Тој плаќа и стан и храна и излегувања. Ама, јас немам скоро никогаш ни 20 евра во мене. Си излегува сабајле од дома ни да ме праша ни да ми остави а знае дека секој ден сум по курсеви и не дај боже може да ми требаат пари. Да не зборувам дека немам купено ништо за себе од како сум во брак. Неколку пати имам спомнато од страна ама тој само ќе каже: -Па од мене барај ако немаш ние сме во брак. Ама пак никогаш не ми остава, дури како да не е свесен или пак се прави намерно така. Цело време збори: нема мое/твое се е наше, троши колку сакаш итн. А како да трошам кога господинот за леб не ми дава. Имаше ситуација кога немав 15 евра книга да си платам и бев единствена што не купи од целата група. Не знам како да постапам. Да одам да барам од татко ми пари за леб и гаќи во таква ситуација сум…
Кај нас е вака : Една третина од збирот на двете плати мојата и на маж ми идат за месечни трошоци за се што ни треба , секакви сметки плус јадење, козметика , ручање во ресторант. Останатите пари од тој вкупен износ е ставено на штедење. Првите 2 години купувавме поклони, ама сега кај и да одеме на гости даваме пари во кеш па нека си купи секој шо му треба. Освен за на гости, праќаме пари и за лекови и општо за лекување или на моиве или на свекорот и свекрвата, имам пишано ко се правеше операција во Систина па секако одма од наша страна финансиска помош. Не се жалам, реков јас финансиски сме максимално стабилни и тоа е единствената позитивна работа за живеење у странство.
Јас се надевам дека не е истата, мене на пример ова не ми е за шега или мајтап, прилично озбилно е. Пола од луѓево на форумов се со некој проблем и затоа и се тука. Во секој случај, жално. Ако е вака, јас би се вратила во Македонија. Парите се од тој што ги заработува, отсекогаш било така. Исто како и во темата за сверкви, куќата е од тој што ја поседува. Како сакаш пишувај и жали се, вистината е таа.
Zosto ne si izvadis mesecno kolku pari ti trebaat i da ne kompliciras so davanje na kartica i zemanje. Ako si mazena za nekoj tipicen Germanec sto saka sekoj svoeto da plaka tesko na tebe, cel zivot vo problemi i kafeto od 2 evra ke ceka da si go platis sama.
Реални да бидиме, не дека нешто ги бранам Германците, знам дека се тешки луѓе. Ама па знам дека и нашите се такви, на почеток глумат, се дури не се осетат сигурни. Затоа на една жена треба да и биди приоритет назависноста, материјална и емоционална, оти инаку наеба.
Се разбира дека можете да имате 2 картички на исто име. Не ги прашувај мажите следен пат, прашај си директ у банка. Може нема да дадат две картички за една трансакциска, ама ништо не го кошта да направи уште една сметка каде ќе ти префрла пари и да ти ја даде таа картичка на тебе
Јас сметам дека е ок секој да си има свој денар во џеб нели, заедно да се учествува во трошоците како кредити, сметки и сл...само ме интересира што правите за храна, како тоа го пресметувате? Ете кај нас пример мм не го бива баш за пазарење, јас купувам, храна, средства за хигиена, и се останато... а знаеме колку е се поскапено. Кога идеме во маркет понекогаш заедно, чека јас да платам. Платите ни се исти и на двајцата. А на неколку пати ми префрли кога сум ја потрошила платата, а за купување од маркет храна и сл не спомнува. Навистина ова почна да ме нервира и не знам како да го решам.
Нема не го бива дај му список и нека купи он доволно е паметен да чита веројатно. Така ќе увиди дека лебот не е 20 денари како некогаш и јогуртот 40 денари. Ниту пак паштета за 10 денари. Јас сум немала проблем зошто јас го организирам буџетот дури и дупла картичка извади за да не се тегнеме со неговата и кога ќе го пратам да пазари мј вика што е ова бе 2 марули млеко и 2 леба 400 и кусур денари е викам толку е
Kaj nas edniot kupuva se sto treba pola mesec , narednata polovina drugiot. Ako imame pogolemo pazarenje go zemam so mene vo market i gledame ednakvo da se podeli . Isto i so smetkite nesto on nesto jas , vaka najednostavno ni izleze i za dvajcata em da ni stigaat platite em se da si e podmireno
И двајцата пазаруваме. За поситни работи одам јас. Тоа е кога он е на работа. Моментално не работам. Во Мк си ги делевме обврските. Никогаш не ми пререкол на што ја трошам платата.
Колку често те чека ти да платиш? Толку сам не е свесен дека ти секогаш плаќаш? Немате заеднички пари? Не сте дечко и девојка за посебно, ова е брак веќе. Не ми се допаѓа.
Парите не ви се заеднички ги делите на твои и негови во брак? Секој треба да си има пари нормално, но вакви поделби во брак ми се ту мач. Разговарај, биди директна.
Не пресметуваме ништо. Во секој момент знам маж ми колку има на сметка, исто и тој кај мене. Нема мое твое, небитно од чија сметка се троши, каде што и да остане е заедничко. Вакви бракови за мене не се бракови. Sorry, not sorry.
Не сфаќам концепт мои и твои пари. Се е наше. Од неговата се покриваат сите трошоци, мојата се штеди. Нема кој повеќе/помалку. Ако дојде ред да се молиме кој што да плати, мислам да се разидеме и тоа е.
Јас за сѐ се имам фатено за врат што се вика со мм ама за пари мислам последно дека ќе е. Ние не знаеме другиот колку пари има, освен ако не планираме трошоци поголеми па да се собереме да се преброиме. Кој стига плаќа сметки, кој стига пазарува... Имавме ред едно време, он сметки јас дома. @Didi87 а шо чека он во маркет, сакаш да кажеш не се фаќа за новчаник? Епа нареден пат ко ќе ја потрошиш платата, кажи му за промена нека искочи да пазари па ќе праите после тоа муабет. Глупости Седни си фино лепо, јас сум секогаш за тоа и објасни му дека ова е мизерија шо го праи. Брак е, не е цимерство ебате беља. Ако не се разбере со зборови, ти дел од платата троши си, речи му веќе немам дај да пазарам. Другото тргај си на страна, со ваков човек ќе ти се најде еден ден
Јас секако си имам пари на страна, одсекогаш сум штедела уште како девојка за секој случај нели, ама ете може да се деси еднаш месечно ќе плати пример некои 2000 ден за основни наморници, ама јас секој втор ден сум во маркет зошто нели секогаш нешто притребува. Тој као абе ајде не се замарај не троши пари во маркет, ја јадење ќе купиме нешто готово. Ама не е само за јадење треба средства за лична хигиена нели или пример нешто за пиење. А кога ќе си дојди од работа, што има за јадење прашува. Пошо јас сум втора смена на работа очекува нешто да има. А кога е тој втора смена не троши пари одсабајле јади леб и путер или ајвар колку онака , на работа си јаде после имаат кујна. И после ко ке речам од платава имам уште 1000 ден пример, вика ее па кај ја потроши цела плата , јас имам уште пола плата демек. Нормално дека ќе има кога не троши ништо. Да не зборам ко ке дојдат родендени, матури, 8ми март, пак јас се купувам. Еднаш зборев и со мајка му околу тоа ептен бев лута и таа постара жена, е што има врска тоа се заеднички пари. Са, заедничко е се ама неќам некој да ми префрла кај ја теошам платата кога јас се правам за дома.
Мислам дека вие имате подлабоки проблеми од парите. Стварно да си седнеш и убав муабет да си направиш. Не може да очекува ручек ако нема со што да се направи. 2000ки не се ништо, прашок и омекнувач и отиде 1000ка..
Многу е интересно што во темите каде пишуваат за проблеми во брак, за развод итн, ги напаѓате сите жени кои немаат ништо свое на страна, а тука еве не било брак ако секој има своја сметка со свои пари, се било заедничко. Епа како? Како да се одделат свои пари ако се е заедничко? Кај нас секој си има своја плата од која се разбира дел оди за заеднички трошоци а дел за лични. Заедничките трошоци не ги ставаме на кантар кој колку дал, едноставно еднаш едниот плаќа, еднаш другиот. Некогаш се случува цел месец едниот да плаќал, па наредниот ке балансираме со тоа што ќе плаќа другиот. За мене не е ни чудно, ни невообичаено. Сакам да си имам свои пари кои ќе си ги трошам онака како јас сакам без никој да ми прави контрола или да води грижа зошто и како. Во однос на членката @Didi87 зошто да не знаеш како да го решиш? Едноставно седнуваш и му кажуваш дека за намирници постојано се троши само од твоја плата што нели не е фер и дека во иднина ќе се троши и од негова. Прво, не може да не го бива за пазарење, може да не сака и да го мрзи. Инаку му правиш список, неколку пати ќе се вртка низ маркет додека најди се што му треба, потоа на памет ќе си научи што и каде седи. Второ, ако ти е тебе подобро ти да пазариш, одите заедно и на каса му велиш еве плати. Не знам искрено за какви бракови се работи ако не можеш да му посочиш нешто наједноставно што ти смета. Седнуваш и разговараш, ако не се сложи од нареден ден не купуваш апсолутно ништо за дома, си јадиш надвор и така се додека не му присмета да има празен фрижидер.
Нормално потенцирано му е неколку пати, и се фаќа за тој еден пат кога дал во маркет пример 2000ден , као демек па еве и јас купувам. Ама искрено сега ќе почнам и така, ионака тој не е по цел ден дома ќе си купам за мене само па кога ќе види празен фрижидер може ќе му текне дека некој мора да стави нешто во него. Не ми било криво ете што сум купувала јас, туку тоа што не знае да цени.