Да сум на твое место, ако си од Ск, ќе нарачам online сè што е потребно за домот и ќе платам со неговата картица. Следен трошок со твоја картица - тогаш можеш и во маркет да купуваш. Ова не е трајно решение. Те гледам пишуваш и во друга тема - имате подлабоки проблеми. Мора да најдете што е причината.
Девојки мал апдејт на претходната случка, ете разговаравме со сопругот после неколку дена молчење, нормално јас прва му реков дали може да зборуваме нешто, и седнавме си направивме муабет си кажав се што ме мачи, дека не осеќам дека го цени се тоа што правам и што купувам, зошто реално не е само јадењето и сметките, туку трошоци на средства за лична хигиена, родендени, празници, па нешто дома сум купила на пример последно купив 2 слики по 1500 ден и слично такви работи и дека навистина се осеќам лошо ко ќе ми речи, еј кога успеа да ја потрошиш платата, а секој втор ден нешто купувам. И ајде као наводно ме разбра, па јас многу сум трошела, па тој не ми барал јадење јадел на работа (а кога ќе си дојди се што има јади и пие ама нвм) Се извини ете што така ми рекол неќел да се караме се гушнавме и ќе видиме во иднина како ќе биде. Нормално и вечерва нема да му оставам јадење зашо нели не ме терал со сила ионака јадел на работа
Извини вака, ама стварно се насмеав на последната реченица Царица си, тоа да ти кажам! Само со дела разбираат, не со зборови. И лоша ќе бидеш за нив тогаш многу, да си очекуваш, ама да не се секираш Држи си ги границите и не му ги поместувај. Јас на мојот му се налутив за овој осми март. Да се разбереме- не барам поклон за осми март, не мора ништо ама баш ништо да ми купува. Ама за поклоните на жените кои требаше да ги сретнеме тој ден, така ме намести, не можам да си простам. Демек немам време од работа, купи ти за две блиски жени. И купив. И не ми даде пари. Едно време си реков, да ќутам, ама не издржав. Треба да знае. Да не мисли дека сум наивна. Му реков, осми март не е празник на кој треба жени на жени да подаруваат (А верувам дека и тие жени од свои пари купија за мене, не од парите на нивните мажи). Требаше да си купиш сам поклон, дури и сам да си избереш за жените на кои планираш да им дадеш, зошто тоа е ТВОЈ поклон за нив. И не е до тоа колку сум дала, дали е многу или малку, до принципот е. Ниту се замара, ниту пари троши... ако мислиш дека не треба да трошиш за тој празник, што не оди со празни раце и нека честита само? Што бара од мене да купам? Му реков ти кажувам уште од сега, ова беше последен пат. Догодина здравје денар нема да дадам за поклон за друга жена. И не сакам ни да ми дадат. Ми нема поента ова дарување меѓу жените една на друга, кој еманципирани сме значи... Усно честитање и доволно е! Поклони, задушници, честења разно-разни..се рамномерно делам веќе..
Имав смајли на последната реченица ама не се постирало нз зошто хахаха Ама така е, простувам ама не заборавам. Истата ситуација и кај мене, лани 2 матури од негови роднини, исто негови роднини осветуваа куќа, родендени, 8ми март и за моите и за неговите, не ме праша ни дали имам пари ни колку кошта. Тој никогаш ништо не знае да купи демек, ај ти купи. И си ќутиме за пари. Ама сега кога се скаравме му плеснав во лице. Да не се чуди после кај пошла платата.
@Cosmic Girl па нормално ќе се налутиш. Не треба да те намести. Значи колку се скржави машките, не ми се можни. Има да се снајде таму, значи се решава се' со рандом ситници/изненадувања. Ние жените никогаш не бараме премногу, ама они прави габи.
Мислењата тука покажуваат дека повеќето македонски мажи се никој и ништо. Скржави и неспособни. Жената да полни фрижидер, жената да купи мебел, жената да готви, чисти, па и префрлања каде си ја потрошила платата. Ајјј, па тоа не е брак, ако му забрануваш да јаде, ако се карате кој што изел, колку изел. Тоа е интерес. Замислете жената да се разболи, да не може да работи и да треба мажот да покрива трошоци? Истиот маж што чека од жената? Тоест знам таков пар, жената трудна, мажот ја изневерува, ја брка од дома трудна, па ја враќа, па жената се разболува, тумор, операции, хемотерапии, мажот пак ја брка, нејзините ја водат по лекари, се опоравува, мажот потоа пак ја прима назад кај него. Ужас. Знам Турчинка стара колку мајка ми, никогаш не се омажила, па очајно жали што нема сопруг, демек добро е ако останеш без работа некој да ти рече „не се секирај, ќе биде добро“, си мислам „аххх бре жено, може и да почне да те пцуе што поскоро да си најдеш работа, да не мисли и на твоите финансиски потреби“.
Ќе видиме сега до кога ќе трае помирувањето со мажот на членката. Они само за да избегнат кавга, се ќе ветат. Ама кога ќе види, дека нема секој ден јадење дома и дека она си троши за неа, ќе го фати љубомора и јово на ново. Еее, шо се нема да напраат за пари да не дадат. Ама така се научени од дома, работи ти сине и чувај си парите за тебе а ние ќе плаќаме сметките и ќе те раниме. Таквите не се менат никогаш.
Многу е лошо тоа ако се пребројува кој, што и колку изел. И види го муабетот на мажот, демек јаде на работа, па за дома нема да мисли за храна. Ај ако се само двајца, маж и жена, ама ако имаат и деца? Пак ли ќе јаде на работа, а жена му ќе мисли за децата. Додуша членката пишала дека се ќе изеде, испие, па згора на тоа е мубаетот дека јадел на работа и кај е нејзината плата, како ја потрошила? Да не сака ем сметки да му плати, ем да го нахрани, ем слики за дома купила(што не купил тој, какви се тие мажи што дома една соба не средиле, а се женат), па и платата да не сака да му ја даде нему? Епа парите не се раѓаат во џеб, демек потрошил и оппп, магично пак ќе имаш.
Па ете замисли, утре други ден ќе имаат деца и како ќе биде тоа. Она веројатно на продилно ќе биде значи скратена плата. И шо ќе биде кога ќе почне од него да бара за пелени, цуцли, млеко..... па има да и ги брои пелените шо му ги става на детето, ќе ја тера да го учи детето да седи помочано и посерено само за да не дава пари за пелени. Низ нос ќе и ја извади секоја пелена.
Искористувачи. Материјалисти. И тука се коментира за Германци. Па поарно ќе живеам со Германец, нека ми помогне да најдам работа, па ќе делиме пола - пола отколку ова македонското, врти сучи, прави финти, ќе ја соголи жената. Ако со Германецот плаќаш за свои потреби, со Македонецот плаќаш за свои, пола негови потреби и пола на децата, тоест 80% парите ти ги собира.
Па нашиве тука се бетер и од германците. Германец барем ќе те цени, ќе рече види ја оваа еднаква е со мене, ме следи во секој чекор и сл. Пред месец дена седев со една пријателка што подолг период не се видовме, ми кажува за една наша заедничка. Зела кредит, имала проблем со свекрвата, она и работела, готвела, плаќала сметки, гледала дете. Сама. И си се скарала со мажот, му рекла јас вака ништо не правам. Си зела кредит и отишла под кирија. Јас па и нејзе не ја оправдувам. Ќе дигам сама кредит и ќе изигравам маж и пол. За кого? За пуст инает да докажувам на маж дека се може.
Има многу такви. Скоро се сретнав со една со која порано многу се дружевме. Имаше ненормален притисок од дома да се мажи, демек да не остане без деца. И првиот брак пропадна од еден насилник што едвај вадеше за леб, му наполни куќа со мебел, избега после од тепање од кај него, мебелот му остана гратис. Вториот, сакал да се жени, немал услови, им ја реновираше куќата, и одамна се немаме видено, мислев да не родила и второ дете, ама не, останала со едно, оти не може да се издржува себе, мажот, куќата, детето, што е многу, многу е. Ако жената не работи, секој залак овде ќе и биде пререкнат, а ако работи, ако има пари, секој денар ќе гледаат да го соберат од нејзе.
Дали доколку мажот има кредити и долгови пред склучување на бракот, во случај на развод тие кредити ќе останат на товар и на жената
Не, затоа што се што е стекнато пред брак е на тој што го стекнал. Без разлика дали се работи за имот или долгови/кредити. Ако има потреба, ангажирај адвокат. Ако е за тебе.
оваа твојата пријателка како црвен крст- им донира на оние што не можат. Јас не се согласувам за последното што го кажуаш, колку дозволуваш да прават будала од тебе толку и ќе прават. И за маж и за жена истото важи.
Во Црвен Крст не ги тепаат. Па треба во старт да се постават работите на здрав темел, ама па со сила не можеш да натераш некој да те сака. И куќа да му направиш, ако не те сака, пак нема да те сака. Ако има љубов, се ќе има, ама проблем е што тоа го нема, па ај што нема љубов, нема ни разбирање, ни трпение. Зошто би ме правел будала ако некој ме сака? Зошто би ме користел? Зошто би ми земал пари некој што ме сака? Зошто би чекал да му градам куќа, ако ме сака? Нели би било логично да се труди максимум да ни биде ок, а не да ме молзе.
Ние размислуваме така, но не и она. Очигледно ништо не променува кај себе и не извлекува поука од претходната грешка па што едно исто и прават сите мажи.
Здраво членки, според вас дали е во ред парите или картичките да бидат само кај еден кај сопругот /сопругата? Со сопругот тоа го зборевме ,сега од коа се вработив ми даде предлог тој да раководи со финансиите но јас не прифатив. Си работам и не сакам да се замислам без денар во мене. Секако парите одат за нас но зошто би му ги дала? Што мислите?