1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Финансиите во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од stetoskop, 16 декември 2011.

  1. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Мене не би ми сметало понекогаш да се помогне,но сепак сметам дека кога имаш свое семејство дека не може потребите на друго,иако е сестра да ти бидат зацртани во паметот како должност,нека се грижи нејзиниот маж,нека работи повеќе...и на крај снаата е лоша...ауууууу
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Jaс кревам две раце за помош на фамилиите,ако секако има можност.
    Иако со свеки и золва ми не се мирисаме многу,сепак тие праќаат пари и за кирија во Ск и за сметки,се разбира не многу ама 2,3000 ден во месец значат,две сметки се тоа.Порано праќаа и повеќе.Затоа ако имам и ако им затребаат пари би им дала.Знам како ми беше мене,кога тато почина,нит вујко нит чичко не помогна.Ниту за свадбата ништо.Не сакаа ни да бидат жиранти за кредит.Нити ни дадоа барем по 1000 ден во месец на мене и сестра ми,двете студентки тогаш.Затоа ако не дај боже се деси нешто такво,јас би помогнала,барем на децата.......
    Инаку финансиите ни се заеднички,моментално не работам,ама ме крепи дедо ми,кој има голема пензија и дуќан под кирија,па ми дава,отсекогаш ни давал.Се е заедничко и кога работев,само што тогаш давав многу малку ,им пуштав на моите.
     
  3. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Секако дека ке шизнма коста ке ми се истапира во вис, ама полека ке гледам тие работи политички на делит. Имав слични ситации мојата золва не бараше помошнего колкави поклони да и се купат и тоа испод 50 евра не се праи муабет. Со тек на време ја средив и сега си легна на брашното.
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vice82ku

    vice82ku Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    здраво феминки,нов сум на сајтот па би сакал мислење од васпа вака моментално сум верен.пред да се верам мојата вереица,има земено преко биро со нејзиниот татко 6000 ера да започнат некој бизнис,али нормално тие си имале некои долгови,расчистиле се сто е тоа во ред, има останале 1500 евра и со тоа овориле бутик за гардероба,во ред и тоа,знаци пред да дојде кај мене,бутикот и рааботеше смо три месеци задниот месец немале пари за кирија и ајде јас дадов ок.така бутикот престана да раб.го затворија нејзините.после некоја недела.нејзината мајка и се јави на мајка ми на телефон и бараше 6000 евра на заем да го вратат кредитот.но мајка ми ја одби.мојата вереница е како директор на фирмата што ја имаат отворено и треба секој месец да внесува за плата на нејзе и нејзината мајка како вработен во фирмата.и од маја месец ке почнат да го плакат кредитот,по 200 евра.јас работам и до сега никогаш ништо не и фалеше се што сака купува без никаква забрана,но сепак приметувам дека како да и е криво,како да сака јас да го плакам кредитот нивни,искрено тоа нее моја работа и не ме интересира таа си го има земено уште кога била кај нив дома,тоа нее моја должност,должност е на нејзините.моја и нејзина долзост е Што и да се работи треба да се внесува во куќа на едно место ,но не би сакал да се случи јас да внесува а таа да изнесува кај нејзините,затоа што тоа нема да трае долго.ке биде секој на своја страна
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    ^ сосема те разбирам и поддржувам.
    Според мене треба најпрво да се направи здрав муабет меѓу тебе и твојата вереница, а потоа да видиш како ќе течат работите понатаму.
    Доколку те сака ќе сфати, доколку си и само извор на матаријални нешта ќе се расправа и лути. Ти сам треба да процениш дали таа жена те заслужува или не.
    Да ти си маж во куќа и како што си кажа , и ќе ја облечеш и ќе ја дотераш, сепак тебе треба да ти биде убава, ќе купиш за дома храна, ќе платиш сметки во куќа и сл. , но работи и долгови кои не се твои не треба да те засегаат ни најмалку. Како прво не го земала она сама тој кредит, го земала со нејзините, ако она нема доволно памет да размисли што правела тогаш, имала повозрасни до неа, така да, тоа треба да е пред се проблем на нејзините.
    Убаво е и нормално да им помага она и на нејзините, но доколку заработува доволно за да има и за дома , а и за нив да ги поткрепи, а вака уште и директор на фирма да се прави , а да не вади пари(ако добро разбрав), па тоа не го прави ни мало дете, се знае клуч на врата, затвори ја фирмата и најди нешто друго да работиш за да заработиш. Лесно е да се правиме директори , но ретко кој успева навистина да просперира на тој план.
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Од она што јас го разбрав ради кредитот (кој веројатно е земен за отварање на сопствен бизнис) она не може да ја затвори фирмата.
     
  7. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Во прво си не треба ти да го плакаш кредитот , ама ако е земене за нејзина фирма или нејзе незнам , работава е навака натака , во секој случај не си ти должен да го вракаш и јас не би го вракала да сум на твое место.
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Од една страна викаш дека се требало да е на едно место и заедничко, а од друга страна дека сама треба да си го плаќа кредитот :^)
    Ако се заеднички платите, заеднички ќе ви бидат и долговите, без разлика како и што. Немој утре ти да се најдеш во некои твои лични долгови, па жена ти да рече снаоѓај се сам ;)
     
    На srcekrsacka и enca.69 им се допаѓа ова.
  9. vice82ku

    vice82ku Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1


    ЈАС НЕ ВЕЛАМ ДЕКА ОНА ТРЕБА ДА ГО ПЛАКА КРЕДИТОТ ,ТУКУ НЕЈЗИНИТЕ,СЕ ДОЛжИ ДА СИ ГО ВРАКААТ,ЗНАЧИ НЕЈЗИНИТЕ ДОМА СИ ВРАКАЛЕ ШТО ИМАЛЕ , ОТВОРИЛЕ НЕШТО И СЕГА АЈДЕ ЗЕТОТ ТРЕБА ДА ГО ПЛАКА ЕЕ ТОА НЕМА ...ТОА СЕ СЛУЧИЛО УСТЕ ПРЕД ДА БИДЕ КАЈ МЕНЕ,И ТОА Е ОБРСКА НА НЕЈЗИНИТЕ А НЕ МОЈА МОЈА ОБРСКА Е И ДА ЗЕМЕМЕ КРЕДИТ АЛИ ВО ЗАЕДНИЦА ТОГАШ ВО РЕД МОЕ Е ДА ГО ПЛАКАМ ,ОД ОД ТОЈ КРЕДИТ СИ ПЛАКАЛЕ ДОЛГОВИ СИ КУУВАЛЕ СЕ ТО ИМ ТРЕБА И СЕГА КОЈ ДА ГО ПЛАКА ЈАССС .
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    што долг ке беше тоа 4500е, па уште земале кредит да го вратат :o
    вице во друга тема имаш пишано дека со женати сте се познавале околу месец дена пред да се земете, извини ама отворено ке ти кажам, женати е со тебе само поради парите, очигледно е дека нејзините а и таа со нив се научени некој друг да работи место нив, земи од еден врати на друг без да размислат на последиците, важно е денес да има, а за утре ке позајмат од некој трет. ако толку сака таа да го враќа кредитот нека се запосли, во некој бутик или маркет ке најде работа колку да може ратата да ја враќа, а ти стој си на страна и не се мешај, па и татко и и мајка и можат да работат можеби не кој знае што ама можат да најдат некое старо лице да чуваат за пари.
    туку изгледа нив така им одговара тие ке уживаат, а зетот нека голта прашина во авг, ама важно им помогнал го вратил кред. тие да можат друг да си земат па ти враќај го и тој и така цел живот ти работи за нивните кредити.
    кажи си на време дека си имаш други планови со тие пари, ти излегле некои трошоци плус и неможеш да им помогнеш, ако одлучи женати да остане на неа давај и колку да има за основен трошок и толку, никако повеке, полномошно од сметката остави на име на мајкати до одредена сума да има има за трошоци и сметки да плати,
    немој да ја правиш грешката на повекето авг. кои најголема доверба имаат во жената па на крај остануваат без долар и години оставени во авг.
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Абе ти сигурен ли си во таа твоја вереница? Не ме сваќај погрешно, али нешто не ми штима во оваа твоја приказна (те читав и во друг пост). Ти си на печалка во Авганистан нели, ја носиш вереницата дома, мајка ти ја носи по гинеколози, ти таму, баба ти (нејзината мајка) се јавува кај мајка ти за заем....ти женет/верен си за мајка и или за неа.
    СДК дека уште од старт ви се мешаат старите во врската и во потполн хаос си и ти и таа.
    Ако имаш вишок на пари и сакаш да помогнеш, помогни сепак сте фамилија (иако од фамилија тешко се враќа заем) ама тоа бре ќе се договориш со жена ти а не да мешате баби и жаби.
    Заедничко е се, ама се си има свои граници...
     
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Вице извини ама мене целава работа ми личи на тоа дека ти сега како човек кој добро заработува патиш од синдромот дека сите те сакаат само заради парите.Не викам дека треба да им го отплатиш кредитот ,ама па ако можеш и сакаш зошто да не.Сигурно и на нејзе не и е лесно ако нејзините се толку заглавени и немаат начин како да ги вратат парите,затоа што делумно тој кредит го земале и ради нејзе и многу е нормално и таа да чувствува некаква одговорност за истиот. Ако не сакаш постои многу добар начин тоа и да и го објасниш на твојата вереница или жена (веќе не знам што ти е зошто еднаш ја викаш жена,еднаш вереница). Колку и да бев за тоа да се тргнете од старите (мајка ти и нејзините)сега мислам дека апсолутно треба да се одвоите ти и она,затоа што апсолутно немаш никаква доверба во неа,а штом на самиот почеток ја нема тогаш и вие нема да имате светла иднина како пар од просто што ти цело време ќе мислиш дека те краде,лаже и е со тебе само заради парите.Доколку решиш да останеш со неа уште веднаш расчисти ја работава околу кредитот и да можете да живеете мирно.
     
  13. skorpion

    skorpion Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Друже вреди ли нешто таа твоја вереница или? Ако вреди, ако ја сакаш и ако имаш пари плати го кредитот? Нека не се навреди спротивниот пол ама љубовта е љубов само кога има пари во спротивно, ќе помине месец, два, година, две и вашата врска ќе отиде јабана. Верувај ми на зборовите, ако уште сега доаѓате во конфликт поради финансии не очекувај дека кога ќе помине време нешто ќе се поправи,...може да биде само бетер! Дали со таа вереница сте зборувале отворено за долговите на нејзините или не, некои работи треба сам да си ги објасниш?! Ако баба ти се меша во бракот, барем и со најмал знак, верувај тука се матни работите.
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    47.652
    Пол:
    Женски
    Искрено јас сум против тоа секој својата плата да ја стави на маса и се да биде заедничко..Да бракот е заедница на двајца а и повеке луѓе кога ке дојдат деца но за тоа зааедничко трошење си има решение...Ке се договорите во заедничките финансии по колку да вложувате и тоа е тоа ...Секако ако се потрошат финансиите пред време секој ке доплни колку што може ,без леб на маса сигурно нема да седите само затоа што заедничкиот буџет е потрошен па никој нејке да даде од својот наовчаник. Многу е глупо мажот ми од мене да бара пари за цигари или јас да барам пари ако сакам да си купам нешто и да полагам после тоа сметка па да испаднат проблеми ти трошиш поише од мене.Затоа на кој колку му е платата толку ке си троши тоа што ке му остане одкако ке се подмират домашните побарувања. Крај краева секој си има различни желби и потреби и глупо е ако сакам јас во месецот 3 пати да си купам штикли да ги дадам сите пари на тоа а сопругот ништо да не бара и да не троши затоа што сите пари што сме ги стаиле на маса едниот од нас ги има потрошено за сопствен кејф.
    Така да според мене во бракот најбитно од се е тоа да се подмират домашните побарувања но и секој да си има на страна свој капитал што ке си го троши онака како што сака без притоа да осека грижа на совест дека едниот е поголем трошаџија од другиот.
    И да не заборавам видов некои негодувања за тоа ако едната страна ги изнесува парите од дома и ги дава на родители или брака сестри мислам дека не треба да се прави проблем околу тоа ако си ги дава од своја плата без притоа тоа да се одрази на домашните побарувања.Со своите заработени пари секој има право да прави што сака и тоа не е на другата страна да негодува зошто сопругот или сопругата ги изнесуваат и ги даваат на некое трето лице како помош или како било што
     
  15. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Ајде реално да збориме за кредитов знаете дека и јас велам дека све е заедничко ама ова е сосем различна работа. Замислете си вие свекорот и свекрвата да зеле кредит за свадбата на пример и да ви речат дека треба да го вратите вие со парите кои еве сте ги собрале од свадбата . Ке се сложите ? 90 посто ке речат НЕ така ако сакаме да сме искрени. И јас ке речам не. Еве и друга ситуација свекорот и свекрвата зеле кредит за да поправат или купат нешто дома пред вие да се земете . Ке сакате вие да учествувате во тој кредит ако сте во можнос ? Јас ке си одговорам за себе НЕ .Ако кредитот е земен на нејзино име и потрошен порано или подоцна ке мора да се врати( иако бидејки е пред брак и нема обврска друѓиот да го врака) ,ама ако е земен на име на нејзините мажот нема обврска.
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    За тие што се за одвоени финансии во бракот: Што ако сопругот или вие ја изгубите работата?

    Треба ли другата страна да ве остави на цедило, или по дифолт се знае дека ќе ве издржува? Ако е така, тогаш зошто од старт не се издржувате заеднички, без да доаѓате до момент на „молење“ при привремено губење на финансиите?

    Јас сум апсолутно против одвоени финансии и трошење секој на своја страна во бракот. А уште попротив сум кога мажот или жената (небитно) вадат дел од „своите тешко заработени пари“ и ги даваат на трети лица. Освен во исклучителни ситуации кога парите се хитно потребни на некој од фамилијата и кога ќе се дадат со меѓусебен договор на двајцата партнери, се` друго ми е лага, себичност и тежок егоизам (демек мои се парите, ќе правам и ќе ги давам на кого сакам).
    Тотално несфатливо ми е и за моментот кога ќе дојдат децата....КАКО се троши за нив? Се става на хартија колку чинеле пелените/чорапчињата/патичињата и секој става по 50% на маса???

    Мажот ми сум го одбрала затоа што сум видела дека домаќински се однесува спрема парите. Во ниту еден момент не сум се почувствувала лошо ако во моментот немам пари во новчаникот и побарам од него за да си купам нешто. Никогаш не ми префрлил зошто нешто купувам, баш напротив, и никогаш не сум му рекла „Каде се парите, на што ги потроши?“. Имам целосна доверба дека нема да злоупотреби ниту 1 денар без да се консултираме (истото важи и за мене нормално), а во исто време се осеќам и безбедно дека без разлика што ќе се случи утре - јас нема да веднеам глава и да „молам“ за пари додека најдам работа.

    Сепак, секој со своите принципи и сфаќања. На крај на денот најбитно е да си го најдете лончето, оти ако не пасува добро - ќе претече млекото :lol:
     
    На BoaVista, Nova, Palchica и 12 други им се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Јас сум за тоа мажот да и ја дава цела плата на жената.. :lol: Се зезам.Според мене бракот треба прво и најосновно да се заснова на доверба и меѓусебна поврзаност.Парите се релативна работа и како идат така и си одат.Јас сеуште не сум мажена,работам,но од дечкото земам тродупло поголема плата.Неговата плата ни за шминки нема да ми е доволна :rofl: Финансиите треба да бидат заеднички,ама нормално да се знае каде се трошат парите,да не биде без врска.А за околу помагањето на родители и роднини сум ДА.Па зошто да не?Кога можела мајками за мене да се жртвува и сеуште е жртва за мене,па јас да не и помагам нема шанси.Еве уште сега и ја давам пола плата(а богами не е ич маааллла).Ама така чувстувам и ќе правам.
     
    На Palchica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Мислам дека многу грешиш. Ова ти што го кажуваш повеќе ми личи на цимери, а не на брачни другари. Не е работата од месец на месец да се подмируваат трошоци и остатокот да го троши секој за себе. Треба да се размислува за својата/заедничката и иднината на своите деца и согласно тоа и да се штеди. Пример: да имате да ги пратите децата на школување, да имате за годишен одмор, да штедите за евентуално купување на поголем стан или втор стан за децата и тн. Значи постојат работи кои се далеку НАД три пара чизми. Позната е нели поговорката „Заедно сме посилни“ :) Значи ако е купчето на едно место - може повеќе да се постигне. Ние кога почнавме да живееме заедно со дечкото (сега сопругот), почнавме со ставање на двете плати со едно плико. Јас сум одговорна за финансиите дома, за плаќања, кирии, стуја, вода, кабелска, кредит и сл.бидејќи јас сакам да имам се под контрола во тој смисол, а он пак од друга страна не сака да се замара. И многу добро функционира ова бидејќи успеваме многу да заштедиме, за да можеме во иднина кога ќе купиме наш стан да имаме повеќе пари за учество во истиот (а со тоа и помал долг кон банката). Иако имаме заеднички буџет, никој никому не прави проблем да си купи фармери или кондури - се разбира се во границите на нормала. И јас и мм сме совесни луѓе и ја знаеме нашата заедничка цел, така што никој не претерува во ништо, но истовремено не се ни лишуваме. Едноставно - во граници на нормала.
     
    На Annath и Moira им се допаѓа ова.
  19. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Ја отворив ова тема ,па еве ред е и јас да напишам за ова тема.
    Значи двајцата (со мм)сме вработени.Моето раб.време е половина од работното време на мм,но затоа тој зема 6 пати поголема плата од мојата .Да се разбереме,ниту мојата не е мала(буџетарска),ниту пак неговата не е голема во однос на одговорноста што ја има и стекнатото образование.Како и да е, влегува огромна сума пари во нашиот дом.Двајцата сме со картички.
    Сметки за се во домот плаќа мм,од вода,струја,телефони(и мојот моб .е тука),кабловска,станбени кредити) .Е сега каде оди мојата плата?ММ често вели-твојата плата нека ја за ситници,што право да ви кажам ме навредува со ваков коментар.Тие ситници се курсеви на синот,приватни часови-пак на синот,јадење -онака секојдневно ,ситно пазарење,некоја облека за децата и сл.
    Е сега ,има месеци кога главиме со убрзување на исплата на некој кредит,па тогаш мојата плата е и тоа како очекувана.
    Инаку,немаме плико каде ставаме пари на купче.Секој сме со картичка и функционираме ,сега за сега,добро.
     
    На gerdanche и imelda им се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Парите би биле на купче можеби доколку ги земавме во кеш, сега со картичките не гледам како тоа би се реализирало. Посебно со дозволените минуси, камати, плаќање со картичка и слично :)
     
    На gerdanche и stetoskop им се допаѓа ова.