Еве 4 години сме заедно од кои 2 години јас не работев .Јас правам список,пазаруваме,плаќа сметки ,кредитот на свекорот,приватно осигурување, и се што треба за дома .Сега од кога се вработив повторно му реков тој да си продолжи со плаќање на сметки и кредитот а јас ќе пазарувам се што треба за детето и за дома . И така е најправилно,секој треба да си има пари во џеб секогаш .
Јас имам подобра идеја (иако не сум во брак, ама така се замислувам). Ако веќе се има заеднички пари, дел од парите двајцата да ги клаваат на една сметка(заедничка). Глупаво е да ти раководи со твои пари и да се објаснуваш дека ти треба како џепарлак пари па зошто вака зошто онака.
Добро,мора ли веднаш со навреди? Ако не знаеш да дадеш мислење тогаш прескокни ме.Не те спомнав никаде,немој и ти мене
Не те навредив, ,,разгоруваш" теми за кои веќе има очигледен одговор од претходни ситуации на членки. Машала и ти се снаоѓаш солидно.
Кај нас јас располагам со финансиите, така беше уште на почетокот, мм си има во него нормално, ама за цигари, за јадење за на работа, и еве пример ако треба нешто да купи успат за дома, ама сите пари/картички се кај мене и јас располагам и за храна, сметки, за нешто ако треба да се купи за дома, и така. Мојата плата е само моја, а на мм заедничка. Да му дадеш на маж ти па да му бараш за едни улошки. Жената е таа која повеќе знае што треба за дома, не дека и мажите не знаат.
Исто сме и ние,веќе 8 години сме така плус сега дури извади иста негова картичка дупликат .за сметките на децата сум јас овластена. Со фирмата тој си раководи не се мешам таму јас си одам на работа што мене ме исполнува.барем мирна ми е главата
Кај нас парите одат на едно место. Од мм платата се плаќаат сметки, се трга на страна и се пополнува некој долг да го наречам од кој сме црпеле кога сме биле со послаби финансии, од мојата плата се купува јадење, со јадење и за деца што треба, крупни работи се купуваат од неговата плата бидејќи е 3 пати поголема од мојата. Заедно располагаме со парите, јас од мојата плата вадам и ставам на едно место и од таму земаме.
Сеуште не сум во брак ама кога ќе дојде време ќе инсистирам секој посебно да ги чува на сметка парите и да даваме по пола за на одмор,по пола за шетање на Мк и други држави,едниот за храна,другиот сметки и да ставаме по некоја минимална сума на сметка за нешто бела техника да се купи ако треба или слично.За пари да се чуваат на едно место големо НЕ.
Кај нас не се знае која картичка кај кој е. Не гледаме така, и никогаш, ни кога сме биле во врска немало мои твои. Чудно ми е - мои пари, твои пари. Имало периоди јас сум земала повеќе, периоди тој... Имало период сум паузирала од работа. Заедница е и претежно јас водам сметка за потребите дома и на децата. И предупредувам за поголем трошок на повидок, за да си знаеме малку да намалиме со трошење. Заштедените пари се на едно место и никој не смее да ги допре
Здраво членки, мм има кредит уште пред да стапиме во брак.. За целосна исплата на кредитот има уште 3-4 години, мм предложи да го покриеме кредитот со парите од свадба а онаа сума која секојдневно ја црпи банката да ја трга он настрана како би ги вратил тие пари... Нормално тука сериозноста е помала бидејќи ке речеш ајде овој месец имам трошоци нареден ке надополнам и така само си се лажеш... Ситуацијата е јасна... Но сакам каматата некако да се намали... Размислувам и кредит во друга банка со помала камата па да се затвори во една а во др да се исплаќа... Буквално брејнсторминг правам тука, ве молам без негативни коментари, сакам да слушнам ваше мислење. Убава ноќ
Нема да се објаснувам, ама јас нема да се согласам. Точно е дека во брак е се заедничко ама како е плаќал досега нека продолжи секако со твоја помош ако ти се согласиш, ако не нека си плаќа од плата негова. Парите од свадба или ги чувајте како заштеда или ги вложите во она што ви треба.
Се дури имате кредит и пари на страна и не го плаќате кредитот вие губите секој месец, заради каматите. Подобро е шо побрзо да го затворите тој кредит.
Зависи за што е тој кредит? За нешто што двајцата го користите во моментов, кола, стан, мебел, одмор? Ако е така сосема е логично да побара помош да речам, а дури и да не е, јас лично би размислила за таква опција, најбитно е колкава е сумата, колкава ви е затшедата, дали ќе останете некој период без ич заштеда дур он ги собере тие пари, дали имате планирано некој друг трошок, така би размислувала. А како ќе го затворите кредитот, зависи од типот, дали има фиксна камата или не, зашто ако е флуктуациска, попаметно е што побрзо да се затвори да, така што вака на прва топка не ми звучи лош или "непристоен" предлогот. Камата може и ептен да се качи, па да биде полошо и потешко за организација.
Сега парите во брак се заеднички или не се? Дали доколку едниот брачен партнер има x сума заштедено пред брак, е сосема океј одкако ке влезете во брак да си ја потроши за само негова потреба / да ја даде на родители место да вложи во нешто заедничко? Или тогаш сите би го нападнале како е себичен? Според мене нема смисла парите да ви стојат како заштеда, а од друга страна да плаќате камати за кредит. Доколку планирате да ги инвестирате парите од свадбата во нешто друго, можеби кредитот да остане е океј опција. Предлогот му е сосема на место, само под услов стварно да ја трга ратата за кредитот на страна, посебно ако кредитот не е земен за нешто што сега заеднички би го користеле. Има опција со траен налог да се префрла одредена сума од плата на депозит на пример, со некоја минимална камата ама барем ке биде конзистентен секој месец и нема да ги гледа парите на сметка.