Мое мислење ти е да не земеш нов кредит за да затвориш стар кредит, ми нема логика, поентата е да се ослободите од кредитот што во моментов тече и да не плаќате камати. Исто зависи колку сте дисциплинирани со финансиите. Ако стварно направите убав и реален план да се вратат парите од заштедата и ако се придржувате до планот тогаш нема да имате проблем. Кога ќе стигне плата се трга на страна сумата што ќе ја определите и да не ја чепкате. Може неколку месеци од нешто ќе скратите од некое задоволство, ама па на крај ќе се ослободите од кредитот, а ќе ја вратите заштедата. Исто зависи и за која сума станува збор, јас не би останала на нула, сепак сметам дека треба да има настрана за недајбоже.
Земање на кредит од друга банка нека ти остане како последна опција. Бидејќи му останале 3-4год за отплата (под претпоставка дека кредитот бил на подолг рок пр.7-10 год) сега е периодот кога отплаќа поголем дел како главнина. Каматите се на почеток на кредитот и во добар дел сте ги отплатиле. Ако кредитот е со променлива камата секако вреди да се затвори за да заштедите. Но пак ќе кажам ако после ова за брзо не отворите нов кредит. Ова беше повеќе од економски аспект. Е сега од брачен аспект веројатно имаш доверба во него кога си се омажила, но ако нешто не ти штима тогаш види дали можете со пола од парите од свадба да го затворите а останатите пола да останат за тебе. Се зависи од тоа колку си верувате, за што ви се потребни, што сте планирале со тие пари и дали ако потроши дел тоа ќе ви ги одложи плановите.
Не мислам дека ова е океј. Отворете си заедничка сметка и давајте двајцата месечно придонес за дома (храна, сметки, заеднички кредити, заеднички заштеди, рандом заеднички трошоци) а приватните сметки си се за себе и за лични потреби (фризер, депилација, нова гардероба). Јас сакам поише да се замарам со буџетот, колку пари да одвоиме за трошење, колку за заштеда, колку за одмори, ќе си потврдиме со маж ми дека е океј и коа ни пуштаат плата си префрламе на сметки. Јас и маж ми си функционираме вака и супер ни е. Моментално еднакво придонесуваме бидејќи платите ни се горе доле исти, доколку некој би имал пониска/повисока плата ќе смениме сооднос на пари одвојување
Аман бе жени, што читам… Да ми бара маж ми пари? Да купувам поклони за неговата страна? Да мерам колку јаде дома и дали ја пазарам или тој? (Не треба да е тема). Проблемот е очигледен, лошо сте се омажиле (или за лош човек) Доколку во еден брак има доволно финансии тогаш никој нема да мери на другиот, мерењето доаѓа кога луѓето живеат од плата до плата и ги тегнат сметките дома. И јас мислев така пред брак, дека ќе си имаме посебни плати и ќе се договараме, ама завршив со маж кој ме донесе во странство и тука мојата месечна плата тој ја прави за три дена. Воопшто не се чувствувам под него а ниту ми брои што и како јадам. Иако имам моја плата тој ми ја даде неговата картичка и ми посочи се да плаќам со неа. За финансиити само пред брак зборувавме и повеќе никогаш. Без разлика дали купувам подароци за моите/неговите, дали јадам надвор/дома - се плаќа тој и никогаш ми нема кажано ниту збор. Да не испадне сега дека јас користам некого, секогаш се трудам барем да понудам да платам, му купувам подароци со мојата плата, платив одмор, давам пари на малите деца во неговата фамилија, и никогаш не префрлам ниту јас. Поентата е - ви треба само вистинска личност во секој сегмент од животот.
Како функционирате во брак со поделени плати? Он има увид во мојата сметка, јас во неговата. Не за да се контролираме, туку од потреба. Се случува неговата картица со денови кај мене во новчаник да стои и да ја користам, а и обратно, мојата кај него. Никогаш не сме гледале кој за што платил, побогу заедно живееме, нема потреба од такво нешто. Станбен кредит имаме заеднички, фамилија сме створиле. Не немам буџет од моја плата за улепшавање. Најчесто е дај ми ја твојата картица да купам Х работа, нема веќе на мојата
Се додека во брак користите изрази како мое и твое т.е мои пари и твои пари, бракот не ви е толку успешен како што мислите Во брак нема мое, твое, има само наше. Тоа е и поентата на бракот како заедница, всушност. Ме интересира што правите со децата? И нив ли ги делите на мои, твои?
Јас мислам дека жената треба да има пари у себе само за леб и влошки. Ако има некоја ургентна ситуација бара пари од свекрва ако не е дома мажот. Вие што не живеете со свекрви не знам еве.
Имам познаничка што така функционира. Делат се, сметки, пазарувања... По пола. Чудно ми е, ама така се. Таа со нејзина плата, тој со негова. Како цимери буквално. Е децата се само нејзини, воопшто и не ги чува. Не знам како, еве јас моментално не работам, имам и свои пари заштедено, имаме и заеднички и трошам што треба. Кај нас јас сум поштедливата ( Егејка нели). И не трошам без потреба и на глупости, ама секој со своите пари не бива. Ако тој е програмер и зема 2000 еур, а јас работам за 30.000? Ако сме во брак, заедничко е. Ама, има луѓе што не функционираат така.
Тука како што гледам коментираат само жени чии што мажи заработуваат 2,3,5 пати повеќе од нив и кажуваат дека се е заедничко. Би сакала да слушнам мислење каде што мажот заработува 30.000ден а жената многу повеќе еве ќе лупнам 120.000ден. Дали исто така му давате на мажот пари за да ужива и секогаш се е мое твое и обратно . Чисто да слушнам искуство.
Јеп. Му давам Мм е на минималец, јас на многу повисока плата. Не му "давам" пари за уживање , сам си зима
Тоа може привремено да биде ,мажот помалку финасии да има,инаку знаеме како иде.Плус овие што викаат се е заедничко ,не верувам баш многу,на генерации на баба ми може било,ама па убаво е да си фантазираме де,затоа е форум и секој може се да кажува.
Како мислиш знаеме како иде? Јас сум 4 години во брак, 13 во врска бевме и цел живот земам дупло поголема плата. Се е заедничко и станбениот кредит кој е на мое име и колата која е на негово име. Не не му даваме, зашто се е заедничко. Еднаш пазариме со моја картица, еднаш со негова, еднаш купуваме гаќи со моја картица, еднаш со негова. Не сфаќам како може да ви е чудно заеднички пари во брак. Што треба да си ги криеме картиците и секој по 100 евра да даде на месец за Кам, а со остатокот кој што сака да прави?!
Шо тресна и жива остана еј У генерацијата на баба ѝ вика се било заедничко. Ние сега вака заостанати па си ги криеме парите по дома. Аххх бе... Имате бааги за учење за финансии во брак ама кој да ти каже Ани Читаш... Привремено мажите зимале помали финансии, пошо по дифолт жена и поголема плата не бидуе Абе сами се угнетуваме ко женски род ебате беља
Се превртуваат во гроб Цеткин и Луксембург. Ај вие со размислувањава одете протресете свадбарки на 8ми март само, ние останатите ќе ги финансираме мажите ако сакаат да си добијат следОвање, или пак они нас за да ни купат улошки гревните. Заеднички живот, фамилија, финансии, љубов слабо разбирање.
Не се угнетувам како род,си сакам што сум жена,ама зарем немаш читано статистики на светско ниво дека за иста работа на посилен пол повеќе плаќаат?Ај кажи дека си умислувам нешто ???Наследство исто помегу 2 деца не се дели исто,особено ако е брат и сестра.Ете стартна позиција дека жените со помалку финасии влегуваат во брак,и се разбира и излегуваат ако треба.
Се дели исто, како не се дели. Законски е така и крај. Член 13 од Закон за наследување и цел закон прочитај го. Патем, на висината на платата влијаат работно искуство, стаж, образование, така што овие статистики не се правило туку исклучок во одредени сегменти, каде повторно засегнатите со тужба можат да си ги бараат правата. Мојата плата за истото звање е повисока од на некои мажи, заради поголемиот стаж кој го имам.Раководител жена секако ќе има повисока плата од референт маж. А жени на раководни позиции има, како и жени во бизнисот. А изигрување на закони и премолчување на истото од страна на одредени структури е резултат на помирување со судбината или недоволно познавање и храброст некој да се заземе за себе, или линија на помал отпор, ама законите се баш јасни. Патем, во времето на бабите и тоа оние постарите, повеќето жени не ни работеле, па сакале нејќеле биле издржувани од мажите и да заеднички имот во брак е нешто исто така законски утврдено, аико имаат можност брачните другари да си го поделат имотот или дел од него и во бракот/
Земам плата 3х од маж ми. Сите пари одат на куп за сметки, храна, вода, бензин, бебе, облека и останато. Никој на никој не се правда што купил и зошто го купил. Имаме заштеда што е на заедничка сметка, имаме заштеда за летен одмор на која одделуваме одредена сума секој месец и имаме депозит на ќере со кој двајцата располагаме и додаваме. Вистина е дека буџетот го формирам јас најчесто јер така ми е професијата, цепидлака сум. Ама секој од нас може да си купи што сака било за домот било за лично задоволство без да води сметка од чија плата било, пошо се е на куп.