Оф мори законски е така,колку убаво кажано.Многу би сакала и да е реално.Закони во нашата држава има ,и во многу другу од овој регион,НАЈУБАВИ СЕ НА ХАРТИЈА.Реалноста ме плиска со ладна вода и вришти- освести се,не живеј во розов свет што го нема.
Законски се дели исто, оооо, да, во пракса повеќето жени не ни располагаат со свој имот. Додуша читам постојано во групите како тоа млади девојки се жалат дека се изиграни, односно таткото и синот средиле, за неа ништо, за братот целиот имот. Тешко на тие жени што се наивни и што немаат свои пари настрана. Со години се притиска и дресира жената да не земе ништо, а ако земе макар една небитна парцела од братот, сметајте од утре нема брат, ќе и биде смртен непријател, а ако има климав брак, тешко нејзе. А страшно е тоа што еве дознавам за жени што имаат деца и по 20 години и ќе му текне на мажето да ја брка од дома. Не стекнале имот заеднички, живеат во домот од свекорот, но 20 години да плаќаш сметки, да полниш фрижидер и на крај да ти рече „оди си“. Туку денеска на јавно место, еден постар чиче и жена си прават муабет. Мажот и вели „абе гледав во Србија, маж си ја убил жената пред детето, еејј, бре, немаат работа, некадарни да работат, па ќе ја убива жената, абе ако не си способен една жена да издржуваш и едно дете, оди убиј се бре, ти не си маж“. Во право е чичето. Нема што да го трпиш некој што ем сака да се прави голем маж, ем шворц и неодговорен. Убаво е да си имаш пари, да, за жената е убава и кариера, и пари и успех, се, ама не тоа некој да ти го злоупотреби.
Па нека немам и брат и татко ако мене не ме сметаат за жива и да ме прашаат барем за имот и поделба. Тоа зависи од фамилијата. Ама, во право си, кај постарите генерации е така. Колешка моја 53г, на браќата куќа во центар на град, со подруми, поткровје, таа ништо. Мајка ми исто една нива и дадоа, на другите повеќе. Што ќе се буне? На мене и брат ми татко ни даде куќа. За брат ми се правеше нова, таа што живеевме ние, е на мене. Куќата беше само изградена, тој си наполни спратот, фасада, ограда... Со негови пари. Дворот е заеднички. Значи, јас ако сум се омажела, двете требаше на него, на мене ништо? Не бива така. Не дека помислиле моите на тоа, ама пак ќе кажам зависи од фамилијата.
Постои парница, нека тужат за повреда на нужен дел, ако не сакаат да се замеруваат со своите, тоа е друг муабет, конкретно зборувам за наследување и тестамент може да се оспори, друго е проблемот, што многу не сакаат да се спротивстават на своите или се задоени дека е така редот, па не преземаат ништо.Да, се изигруваат закони, ама па да не преземеш ништо, секако дека нема да истераш ништо. Ако на таткото и братот не им е гајле за жената, ни неа не треба за нив да и биде грижа.
Велиш една нива. Ако е на неатрактивна локација, никој нема да ја земе, а и да е на некое подобро место, пак се тоа ситни пари и во случај мажот да ја брка, каде би одела таа жена? Практично жениве како бездомници се кај нас, освен ако не стекнале самите имот, и за тоа алал вера. Гледам дека се почесто, жените со големи деца си имаат сериозни брачни проблеми, во смила пораснале децата, мажот сака да се разведе, да ја истера од дома, што би правела, каде би одела? Децата си зависат од таткото, и да не зависат, ќе се мажат, женат, си фаќаат свој пат, ама никој за никого не се грижи. Мубатот ми е, лошо е во Македонија, жените да не се дозволуваат да бидат молзени, да му покриваат трошоци на мажот, а тој може кришум си трга пари настрана. Се минливо, бракот не е светост веќе, се сведе на пресметан интерес.
Сме гледале и гледаме уште вакви случки со поделба на имот. Жениве уште се многу меки кај нас и учени на несебичност и помала вредност. Финансиска слобода ви е најголема слобода што може да ја имате. Маж ми го обожавам, најбитна особа ми е, ама се се случува во живот, под тоа не мислам развод. Партнерот може да е повреден, или најлошото. И да имате заштеда, таа ќе се потроши, без искуство не можеш да најдеш поасална работа за брзо. Затоа ова trad wives трендот ми е најголемото срање што го гледам периодов.
Воопшто кај нас овие прашања не се решаваат пред брак, а потоа се комплицира сето безвеза (што некогаш и самото решавање е одолговлечено намерно од тие „прекрасни“ фамилијарни односи и за жал, секогаш има една мала искра на фаворизирање од страна на едниот родител). Секој фаворизира - порано или подоцна. Башка што има и многу превртливи карактери и има доста примери каде е договорено едно, па на крај излегува друго. Во кратки црти, сето држење на збор е само ветар и магла. Ама па што ќе бараш, ако самото не е свесно? Обично тие што бараат ферски да биде сето - по дифолт се злобни. И некогаш се дава „фер“ што според мене и не е фер, ако однапред е испланирано како и кога да дадеш. А старите се итри, знаат како да си се израчунат (ова де, се испокваруваат на старост!). Како што има женски извисени, така има и машки извисени. И не секогаш браќата се злобни, колку што се сестрите. Има и наивни браќа, кои потпаѓаат под „оплакувањето“ на сестрите и убаво ги спакуваат. Има и такви кои меѓу женските чеда чекаат само едната да создаде потомтство, па сето да го раздадат на тој род. И ова што е, ако не е..расипаност? Другата што е, вишок? Тек па кога има размешано, браќа и сестри. Пу, пу кулминации до бескрај. Не може некој толку да ве оштети колку што самите некогаш од мислите се оштетуваме. Абе дало - дало, не дало - не дало. Прифаќањето е здравје, здравје. Камо вратите насекаде да се отворени, каде човек и да појде и да се заврти, па сега ќе ја тенчеме што, како и колку. ..секој родител што се пресметува и дава тогаш кога мисли дека треба, строго манипулативно значи дека не дава од душа. Машко пред брак секогаш ќе гледа независност во женското кога ќе добие на имот. Со самото тоа знае дека е заштитена и нема баш простор да се занесува, тешко на тие што не се. Така почнува омаловажување, зашто се добива на сила дека истата и од дома била омаловажувана. Ама чим има, нема што - од старт се добива на значење, па нема занесување.