Финансиите во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од stetoskop, 16 декември 2011.

  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    2.167
    Се извинувам јас сум за овој наслов тука. Ве молам за помош:Јас и маж ми пред еден месец правевме свадба.Собравме стварно убави работите што ке ни требаат повекето беа од мои гости од кај неговите пари, небитно.Пошто си имаме спрат и решивме да си направиме горе кујна и купатило.Гледавме прашувавме за кујни, рековме ке погледаме на повеке место.Одвод и довод на цевки наместевме.Требаше мои мои братучеди да ни ја местат струјата пошо ке ни треба за кујна, за купатило.Се договорија за денес да дојдат да наместат, јас отидов да спиајам кај моите.Мажми паметниот им се јаввува им вика дека го викнале на работа, и да остане за попладне.Доага попладне, мувикам што направи.Ми вика сега еве имаме мајстори за кујна гледаат ке оставиме за утре.Фактички моиве роднини ги извисија требаше за денес а он неозбилен едно збори друго прави, втора работа што ме изритира мажми паметниот биле мајстори кај нас и си порачал кујна ,а мене ништо не ме известил нити ми кажа дека ке порачува, муабетот беше да видиме на повеке места заедно па да изберереме, а после во склпо со тоа и плочки за кујната, значи тоа ме нервира ем лаже ем начекал да е сам да си одлучи добро сигурно не се сомневам и дека мајкаму и сестрму успат се мешале.Не ми е јасно како са заеднички пари собрани сам си одлучува,нели треба се да се решава заеднички.незнам малце е твдоглав аи нее образован за разлика од мене ап може тое ке не кочи:цтварно више незнам што да правам, го научиј аи моите дека не човек од збор.Незнам мислам дека ако вака почната да се одвиваар работиве, ап не значи дека ако не работам,па сеа се по негово треба да биде е не може така.Не знам ако вака одта и понатака работиве незнам дали ке може да издржиме долго,а тазе сме што се вика, катастрофа невидена не ми се верува што ми направи , па уште ми вика па готово сум порачал веке и капар остававив.Леле ми идеше да вриснам, аи моиве знаат за ова ми викат ке си имаш проблеми уште сега вака штом ти прави:Има ли некој ваква слична ситуација, некад си помислувам ако биде вака и понатака не ма да можам да издржам краен случај развод незнам.
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Извини девојко, ама не ми е јасно, кога сето тоа ти сметало, што се мажеше? :^)
    Истово нас што ни го раскажа, кажи му го и него, дека сега сте веќе во брак и не може така големи суми да се трошат без консултација со другиот.
     
    На spacegirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    2.167
    Сега оваа работа ја направи со кујната откога правевме свадба, се договоривме заедно а него му текнало сам да ја избере тоа ме изнервира,за други работи пред да се земеме сме се договарале.
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    174.338
    Брак е да си заедно со избраниот иво добро и во лошо.Кога веќе сте имале закажано со мајсторите -си знаела кога ќе дојдат-си требала да останеш дома со мти,сепак,знаеш како викаат,дека кујната и припаѓа на жената/b]Не е убаво што самиот нарачал кујна без да те консултира,ама донекаде е во право,повторувам-средувате кујна,жено божја,си требала да седиш дома.
    Многу рано сте почнале(после само еден месец брак)да го анализирате мт со твоите родители.Верувај дека се што ќе излезе од уста на едниот од вас против другиот,нема да ви донесе решение,туку ќе биде само масло на огин.
    Тоа што не работиш-за плата-жената може да го компензира на 1001 начин.Готвиш,чистиш,переш,пеглаш-се е тоа работа,ако пресметаш колку пари би дала за жена да доаѓа да ти чисти,ќе видиш дека печалиш индириктно.
    ПС.Како бре одиш да спиеш кај мајка ти после само 1 еден месец брак?
     
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    2.167

    Ја отидов да спијам кај моите пошто кај нас е хаос и нема кај да се легме, реновираме а тој ден се договорија струја да ни местат,а ане мајстори за кујна, се договоривме заедно да гледаме негу му текнало на паметот викнал и нарачал :)
     
  6. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Епа еве кај мене како функционира: Јас ја вадам целата плата од дебитна, а оставам само сума за да се плати електронски кабелска, струја (која знам плус минус 100 денари колку стигнува), вода (исто знам отприлика колку стигнува) и за кредитната картичка која за фрлив во ѓубре пред 5-6 месеци па сега го отплаќаме долгот по исто така фиксна сума која ја знаеме колку е. Значи определена сума оставам на картичка, другото све иде во плико. Мм кога ќе земе плата ја става целата во истото плико.
    Овој месец: оставив на картичката точна сума за сметките за да ги платам електронски, а остатокот го претворив во евра и ќе оди на заедничка сметка во банка со орочување за поголема камата - па сега он кога ќе земе плата знае дека истата оди во пликото за бензин, поклон за роденден во август и за јадење. Се е заедничко и тоа јас што тргнав од мојата плата за заштеда во банка и неговата плата за живот. Платите не ни се којзнае колку големи, но со заедничко вложување и со добра организација многу се постигнува. Едноставно е... :)
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    174.338

    Затоа и напишав И ВО ДОБРО И ВО ЛОШО
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Па да, ако се има желба за така. Кај нас оди обратно - вадиме само пари што сакаме да ги тргнеме на заеднишка книшка, сметките ги поделивме, а со остатокот секој си функционира независно. Засега добро оди :)
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас сметам дека нема пишано правило како е најдобро да се води брачниот буџет. За некои можеби е најдобра варијатна да има заедничко купче, некои сакаат посебни сметки и тука нема правилно- погрешно. Се додека семејството функционира економски и нема расправии за пари и прашања од типот„каде ти е платата?„, секое семејство си знае како му е најарно.
    Јас и сопругот имаме една заедничка сметка со парите од свадба, а за секојдевно работење си имаме посебни сметки, јас од плата, тој од неговите приходи, меѓутоа во секое време точно знаеме со колку располагаме двајцата и како да планираме доколку нешто треба да се купи. На крајот тоа се пак заеднички пари.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Ни кажа веќе дека маж ти е прост и необразован, за разлика од тебе, додека му беше вереница. Јас и тогаш ти реков меѓу вас не е проблемот кој што школо има, туку кој кого прави будала. Дека се мислеше дали да го оставиш, оти се зафркаваше со девојчиња на нет ли беше, а тебе не те пушташе од дома да мрднеш. Твоите ти викаа да седиш со него и да не им се враќаш дома, паѓаа во несвеси дека срам што ќе им донесеш, си го сакаа зетот, а ти се мислеше сепак дали да го оставиш или сепак да се мажиш за нив да не ги навредиш, сите ти рековме немој не се мажи, да го оставиш после уште потешко и поголеми срамови за твоите кога веќе се со такви сфаќања, ако се сеќаваш. Е сега, ти збориш за развод после месец дена од свадба! Нити школото, нити кој работи и печали,нити па кој троши, нити која боја плочките во кујната ви е на вас проблемот.
     
    На AIT, Li0ness, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    2.167
    Да точно е имелда убаво се секаваш на работите дека откога се веривме имаше приблеми не ме пушташе нигде итн,сега еподобро во тој поглед морам да ти признаам и ти благодарам на советите сама тактички почнав да си ја барам слбодата и си почнав да излегувам, имам работа го град ке излезам со другарки успат после тоа се навикнав и немав во тој поглед проблем ме пушташе кај моите да седам на ден два, сега овие малце работи ме мачат тоа го средив полека ама тактички. ;)
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Море и те како одвојувавме од страна на почеток. Шо се вели, од уста сме ваделе. Сеа сме малку поопуштени, само кредитот не` мачи, ама ај уште десет години и од него ќе куртулиме ај хоуп.

    За учество, вака се имаме договорено. Кога само едниот е вработен, ќе помага нормално, ама другиов пак, ќе помага, не парично, туку со домашните работи, пазарење, готвење, чистење и слично. Кога едниот е цел ден дома, а другиот црнчи на работа и едвај чека да си дојде дома капнат уморен, не е праведно сите домашни обврски нему да му се остават.

    Кога двајцата сме вработени и земаме плата, заеднички учествуваме и во редовните трошоци и во тргање пари на страна. Е сега, во поголемиот дел од случаите, едниот ќе зема поголема плата од другиот, па за да нема карање кој колку вложил, вака се договараме. Ако 30% од платата едниот одвојува на страна за годишен одмор, пример, исто толкав дел одвојува и другиот. Е сега на едниот 30% може му е 5.000, на другиот 3.000 (пример), ама се знае дека и двајцата одделиле скоро третина од плата за таа работа. Тоа јас си го предложив од старт за да нема лутиш затоа што во какви се` не ситуации сме биле па не сме се карале за пари, па сега кога сме вработени да се караме не иде. Сега, гледаме да не одат сите пари така и да си имаме и нешо како џепарлаче на страна, ама кога се може и кога другото си е подмирено (ова обично кога едниот ќе фати некое хонорарче за додатни средства, а иначе само со платите, барем засега со сите тие тргања на страна, летаат).

    Најважна инвестиција ми е здравјето мое и на мм и затоа обавезно се тргаат на страна пари, по можност секој месец за медицински прегледи (од кои некои се прават еднаш годишно, а други на 2-3 години), а и гледаме да се храниме здраво (што во не мал број на случаи е и поефтина солуција) и секоја вечер си пешачиме. Исто така многу ми е важно никому да не должам. Сметките во зависност од можностите се плаќаат во најкус можен рок. Кога здраво се храниме, имаме пари на страна за на лекар и не должиме никому сум најмирна. Малите луксузи доаѓаат на второ место како шлаг на тортата.


    И за ова уште од старт се имам договорено. Скришно да даваш пари заработени во заедница на твоите родители, роднини и тн. ми е небаре к***ински. Додека живеевме во заедница, додека бевме невработени, родителите на мм ни` помагаа. Затоа и еднаш кога бевме во криза (го имам спомнувано ова на темата)
    си го продадов златото што го носев за да помогнам затоа што сепак, тие пари одат за сите нас. Но затоа луѓето знаат бре да ценат и кога мм првпат откако бевме заедно се вработи, одбија да примаат и денар од него. Рекоа „собирајте за вас“ и тогаш стварно ни` требаа. Дури свекор ми продаде нешто за да ми помогне со една работа што ми беше многу важна. Затоа откако се вработивме и двајцата и се одделивме од нив, се случило неколку пати, да им ги соберам сметките и да одам да им ги платам како едно „фала“ шо биле уз нас кога никој не бил затоа што самите никогаш не би прифатиле такво нешто. Но, откога свекрва ми почна да зема пензија, јас се повлеков, а и свекор ми самиот ми рече.

    И оттогаш сме се договориле, ова е наше гнездо, сме помогнале на тие што ни` помогнале и сега готово. Вон тоа гнездо да прелета некој денар, во никој случај! Во моментот кога би почнал да прави такво нешто, моите примања ќе станат мит за него. Ќе си ги тргам на страна, а тој ако е толку моќен да дава на роднини пари и тоа скришно од мене, сигурно е моќен и жена му да си ја издржува. Мислам на толку фер што сум била (како шо опишав погоре), таков нож в грб да ми забие никад не би му простила.
     
    На Dust, Emotional123, Filiposka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    на самиот старт мм сакаше дауправува со финансиите,па сакаше да ја има и мојата картичка...но јас увидов дека тој троши премногу,дека кога мојата плата ја чувал тој би останале без ништо,,поради тие причини,,јас ја имам мојата картичка,тој неговата...тој има 3-4 кредити,,секој месец ги исплаќа кредитите,свекрвами ги плаќа сметките,а јас купувам за дма се што треба,за храна,хигиена,,итн..и плус му давам на мм за бензин,излегување,,околу 4000 секој месец.бидејќи од неговата плата ништо не останува...но кога ја зема платата обавезно излегуваме,ме части,,а потоа јас кога ќе ја земам истото го правме...вака ќе биде се додека се исплатат кредитите кои си ги зел пред да стапиме во брак....би му помагала и околу тоа но сфатив дека не треба,треба малку да созрее,,не е веќе дете,кога се мубило на тацна,,се ова ќе го научи на памет...е сега овој емсец е заглавен,не може да го исплати едниот кредит па јас ќе му го платам,,откако ќе се исплати се тоаш ќе функционираме поинаку,,,заедно ќе плаќаме станбен кредит,по пола,,,тој сметкуте а јас храната,,итн....
     
  14. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Бидејќи сме си семејство се разбира дека и заедно располагаме со финансиите :) ....нема мои твои пари сите се заеднички...јас добивам порано плата од него , па свекрва ми зема пензија па мм плата... пазариме за дома секогаш кога е потребно и не гледаме дали тој пазарел повеќе од мене или јас туку на пр.јас штом земам плата пазариме повеќе намирници додека секојдневното пазарење му припаѓа на тој што е дома дали јас дали тој нема врска, од на мм платата плаќаме сметки електронски а на свекрва ми пензијата ако не ни е потребна не ја ни чепкаме...се знае секогаш со колку пари располагаме во секое време па и така ги планираме :)
     
  15. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Со оглед на тоа што живееме самостално и кај нас нема мои или твои пари,заеднички се.Е сега поради поголемата плата на мм тој е задолжен за сметките а се останатото заедно си купуваме/трошиме.фала богу сме немале некоја кавга околу ова прашање.
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Јас сега не работам, но затоа маж ми има добра плата. Парите ни се на сметка, јас секогаш имам дома пари за трошење, било што да сакам да купам, никогаш не ми пререкол нешто. Плаќаме кирија, тој ја помага мајка му секој месец, понекогаш јас на мајка ми и испраќам пари од платата на маж ми, бидејќи не работам. Сме разговарале на оваа тема порано, кога ќе се вработам, јас ќе ја помагам мајка ми, а тој мајка му а се останато на купче, како и до сега.
     
  17. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Јас сум невработена, но маж ми секогаш парите мене ми ги остава.Јас сум БЛАГАЈНИЧКАТА :D :D
     
  18. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш и јас и мм сме биле вработени. На почетокот јас целата заработувачка ја трошев за дома, за се што треба јас купував. Арно ама еден период платата почна да ми доцни (на старото работо место неколку месеци немав земено плата) и одма настана дома проблем. Некако мм се повлече демек немал пари, нестигнувале пари ( да напоменам дека мм има високипримања, плус живееме со свекор ми кои исто има многу голема пензија и он ги плаќа сметките за дома). Јас за среќа моја брзо најдов друга работа каде што примањата ми се високи и да ви кажам ми дојде памет. Повторно купувам јас за дома, ама добар дел си тргам на страна (црн фонд). Искрено на мм и не му кажувам колку плата земам и за евентуално бонуси кога земам. Зошто вака колку имам толку, ако сакаш повеќе бујрум имаш плата па купи си.
     
    На Madrugada и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  19. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    174.338
    Уау....сакаш да кажеш дека криеш пари од сопругот????
    И како се чувствуваш,задоволна си???
    Не се чувствуваш како крадец додека ги криеш парите,пребројуваш,им се радуваш?
    И уште нешто ме интересира,ако ти купуваш се за дома,а свекор ти плаќа сметки,сопругот твој на што ја троши платата?
    И тој си прави црн фонд,без да знаеш ти?
    Уау...не можам да се изначудам....
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    LEXUS-си се запрашала самата себе си како тој би се осеќал кога би дознал колку време си правела свој црн фонд?некако ми делува дека имате многу др.проблеми освен финансиските(иако сакам да се лажам себе си за ова мое мислење :( )