Купете си две сандачиња, на едното твое име, на другото од свекрвата. Ако сметаме така да не треба вие неа тогаш кирија да и плаќате?
ние во последно време често се пречкаме за финансии а тоа се должи затоа што немало кој да ме подучи кога стапив во брак дека заедница само со свекрва не е баш најдобра работа. во брак сум 8 години и уште од почетокот сите приходи беа на купче. Јаз земав за овие години најолема плата околу 22000, сопругот се движеше од 15000-18000, а свекрвата работеше сезонски 6 месец во годината во просек по 17000 плата. и се беше на купче секој што имаше потреба се купуваше, а бевме и во градба на нашиот спрат кој благодарение на моето стажирање во странство од работа успеав да го средам онака како што сакаме со сопругот, но останаа некој ситници кој и до ден денес неможам да ги купам. во мегувреме се соочивме со брачна неплодност, купување кола и заглавивме во длабок минус кој неможеме да го извадиме на крај да биде во плус. од кога одимавме фала му на богу детенце со инвитро свекрваа остана дома као неможела да работи веќе а имаше уште 3 години до пензија и останавме на нашите две плати. со сопругот се пречкаме често бидјеки се што посака мајка се исполнува и се наога пари, а се што посакам јас во моментот не ма пари.Сопругот почна и втора работа да работи за да излеземе на крај ама желбите на мајкаму немаат крај. Кај мене на спрат фали парно, пердиња, во ходникот плакарце за обувки, декориации на сидовите по некја слика да ставам, веке е потребно и детска соба ама се нема пари. Мајка сакала прозорите да ги смени и ајде смогнавме сили ги сменивме кога посака да се стави изолација на подот, инсталации з апарно еден ден кога ке ставаме, нов ламинат сакала па сега не личело без нови врати, нова сплана соба стар бил плакарот, и нови роло завеси сакала несакала обични пердиња и од инвестиции во прозори навлеговме во инвестиции за реновирање на цел спрат на свекрва ми која живее сама и кај која никој не доаѓа дома и сето не кошташе околу 3500 евра. Цело време бидејки мајка му сама а ја даваше палтата на нас јас бев иницијатор се што е потребно да и се купи бидејки стар човек е да не се љути. Но ова реновирање ги прели чашите од причина што во тој спрат се беше ново нова кука е и има седено околу 10 г во неа и не беше моментото за толку да се вложи во неа. кога завршивме со реновирањето посакаа рамки за сидовите уметнички слики и тоа се купи и сега и фалат само натказни во спалната и затоа се лјути дека сопругот неможел да обезбеди ништо. тоа ме повредува уште повеке дека пред сите не збори дека не сме биле домакини не сме знаеле да штедиме а се и е удоволено што е посака., па знае и со месеци да се лјути кога ке се скара со сопругот з анешто што не и е овозможено в омоментот. и од тие причини сега кога стана пензионерка му предложив на сопругот пензијата на мајка му да и ја дава и да си ја троши сама а ако остане нешто од неа нека си ја чува за црни денови бидејки јас не сум во можност да покривам луксузи на некој кога веке си имам приоритети на нашата фамилија и нашето дете. Мој предлог беше од пензијата само за храна и лекува да си купува мајка му а сметките ке ги плакаме ние па ако успее да заштеди нека си купува што сака. Тогаш ми се заврте и ми се развика како јас сум сакала веке да не сме заедница да сум го делила од мајка му, арно ми било кога не сум можела да останам бремена кога сме ја трошеле нејната плата, и што ли уште не. И сега останува нејзината пензија на сметка да ја штеди, а ние пак ги покриваме сите нејзини трошоци и јас сеуште си чекам ред да излезам од минус па да заштедам за да си купам завеси, и плакар па детска соба на керка ми, бидјеки нејзината пензија се штеди за легализација на куката, за фасада на куката, за двор кој го делам со уште две фамилии за се што она не успеала да му обезбеди пред да го одоми. за мојте и нејзините однсои подобро ке биде да пишувам во снаи и свекрви темата.
Леле Како можел така да рече маж ти Разговарај пак со маж ти и не дозволувај цел живот да се каеш, не дозволувај да нема правда па макар и до развод стигнале Најмн те сфаќам за детската соба за детето Не попуштај, ме потсети на мајка ми, сега има скоро 50 години и се уште е исто, ништо се нема променето, за неа секогаш немало иако работи многу Се надевам постепено ќе изчезне видов “мамино синче”
Мажот ти да се засрами. Како можел да ти вика дека убаво ти било да ги трошиш на мајка му парите кога не си можела да останеш бремена, кога мајка му никогаш не работела постојано, а плус цели три години не работела воопшто! Некој трошел нечии пари, ама мислам тоа не си ти, туку златната му мајка. За жал, мислам дека нема начин да се одглавиш од ситуацијава. Многу години се поминати, маж ти е таков каков што е и тешко назад, освен ако не се решиш да го баталиш. Алал да ти е на нервите и трпението, јас досега би ги испоубила мислам. И да не излезе мешање, ама те прочитав сакаш инвитро за второ дете... Нека ти е живо и здраво ова што го имаш, јас мислам дека со ваков човек второ не ти треба. А уште помалку па тебе ти треба стресот што се минува низ самиот процес на инвитро. Размисли си и одлучи си како мислиш дека треба.
Второ сакам од причина што несакам моето дете само да расте, а и се освестувам по малку па јас почнувам да дигам глас и да одлучувам што со парите и ако он неможе на мама да каже не јас сум веке тука и неа и кажувам лично. бидејки и онака ми се оладени односите со неа после се што сум сторила не бев добра снаа така да веке не ја рецкам многу и приоритет ми е дететео. он е дете на разведени родители и себична мајка, п ане сакам да биде и моето така. затоа сум упорна да не и ја задоволам и таа желба на свекрвата бидјеки она тоа го сака она си мислеше нека се жени син ми да ми родат внуче јас да си го гледам снаата не ми треба.. сопруогт нема лоша душа ама е многу под нејзино влијание и којзнае како цел ивот го уценувала дека се дала за да го израсне а всушност е доста себична жена...
Абе Делви, те разбирам. Ама ти во желбата да не и го направиш ќеифот на нејзе, сама на себе си штетиш. Како и да е, реков, одлуката на крај е твоја. И супер што си почнала да си го креваш гласот, ако нема драми од нејзина страна и да те клевети на маж ти, па тој да ти префрла...супер. Оти колку и да е добра душа тој, сепак нема муда да постави некои граници кои само он може да ги постави.
Ниту јас ниту таа не сме гости во куќата па да не плаќаме ич ништо. Или па ако со тоа што би и плаќала кирија би ме оставила рает би плаќала без проблем.
Се што е на нејзино име нека си подмирува она, а ти тие пари тргај си ги на страна. Кога си можела сите овие години ти да ги плаќаш сега може и она да ги плаќа. Од кај знаете дека он ги трга на страна парите и плус сте средиле се на не легализирана земја,дај боже да легализирате што поскоро. На прво место е ќерка ти да има се што треба, а за другото што остане, возрасна жена е нека си ги средува сама финансиите.
Ќе кажеш дека ти ја намалиле платата. Тие пари ќе си ги ставаш настрана и ќе си купуваш. Решено. Никогаш не се кажува реалната плата, оти доаѓаат вакви ситуации кога-тогаш. За било што да е, а не пак брак.
А зашто да не го лаже? Кога видиш во што ситуација е. Аман жени отварајте очи, баба ми уште кога се вработив пред 17 години ми рече, Кога ќе се мажиш,на мажот ти ќе му кажуваш 10% помала плата. Тоа 10% на штедна книшка. Никогаш не знаеш што те снаоѓа во животот, имај си сигурност. Е така. А вие и понатаму верувајте во бајки и среќни приказни па после ќе кукате.
Што ќе не прочитам… А зошто да не му кажеш отворено на мажот дека ќе ставаш 10% плата на твоја штедна книшка? Советов од баба ти ич не е на место.
Па зошто бе да го лаже Нена? И јас си тргам на страна ама му имам кажано... 20% од платата ќе ја тргам а другото ќе го трошам. Зошто да го лажам дека ми ја намалиле платата? Во случајов сам свој газда сум си и не можам да речам дека ми ја намалиле туку дека сум си ја намалила ама ми ја разбираш поентата.. Нема зошто да го лаже, само да му каже - од денес решив толку пари секој месец на страна ќе тргам од мојата плата.. ако сакаш и ти да си тргаш - тргај си. И крај.. кој ќе и забрани? Толку има пари, толку ќе се трошат и крај на муабетот. Што ќе се троши кога се нема? Бубрезите?
Не би го лажела маж ми. Подобро е да се спротистави на тоа што не чини, да постави граници, да си каже од сега ќе биде вака и вака и да си тера така како што смета дека е најразумно и најдобро, а на некој ако му пречи, нека му пречи.
Зашто не се сите исти. Ако твојот ти каже ок супер, друг црцките ќе ти ги извади за тоа. Едно од работите што најмногу ме плаши за влегување во брак е да се изгубам себе си, финансиската независност. Тоа ми е хорор. Дома да е се намирено, деца средени и пак јас да треба да правдам каде трошам пари кои ги заработувам.. Хорор. Кога ќе видам како кријат работи што купуваат од мажите на работа во шкафови ми се темни. А кај девојкава горе, кај не е легализирано, кај не е на нејзино име уште она инвестирала во туѓа куќа.. Оф оф не дај боже да дојде до развод. Извинете што сум сурово реална. @delvi кажи и на свеки ако сака да си реновира штом зема пензија нека си земе потрошачки кредит и нека си плаќа рата, а вие со мажот ти терајте си посебен есап. Со свекрва пари на купче бе. Боже сачувај. Разбирам да сте дигнале кредит за стан, ок тогаш е друго, ама ти си отишла во туѓа куќа и со твои пари да ја финансираш??
Ама за развод треба пари да имаш веќе заштедено, да идеш под ќирија секој ќе ти бара капар барем 2000 ден.плус треба да се храниш. А ако ти се си дала во ,,купот,, и си со 100 ден во новчаник како ќе се разведеш. Затоа како што пишаа членките да си става пари на страна од платата за ,,црни денови,,. И ако веќе е дојдено до таму подобро да го лажам маж ми за платата одколку да бидам без скршен денар во мене. А кога веќе еднаш се согласила на таков буџет заеднички тешко сега да рече е не може јас се премислив нема да ја давам целата плата, гарант веднаш ќе има коментари што ќе правиш си тие пари? На/за кого ќе ги трошиш?