Финансиите во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од stetoskop, 16 декември 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.348
    Пол:
    Женски
    Ако треба да го лажете партнерот за висината на платата, тогаш со таа личност не треба ни да сте во брак. Мм знае колку земам, при што кај мене не е фиксна сума, секој месец е различна, ама и знае дека дел од платата не го чепкам, освен ако не испадне нешто ептен голем трошок. Истото го прави и тој.
    Сите сме свесни дека не знаеме што ни носи иднината, затоа и треба да се има настрана за црни денови ако се може, ама пиши пропало на бракот ако заеднички не ги менаџирате финансиите и ако не се договарате за трошоците и заштедата.
     
    На deskarada, Biljarkata, Annora и 22 други им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.485
    Допаѓања:
    37.835
    Пол:
    Женски
    Целосно си во право меѓутоа повторно се дискутираат испреплетено две различни нешта.
    Значи женава за која се започна дискусијата, да, веќе мора да крие и да тргна пари на страна.
    Ама кога станува збор за нормален брак не се крие туку се кажува отворено дека ќе штедиш 10% плата на своја штедна книшка, така да советот од бабата на нена иако добронамерен од нејзина страна воопшто не е исправен. Во брак не се влегува со тајни, подобро ич да не се влегува. Отворени карти само.
    Сите погоре сте во право, зборуваме за два различни случаи во дискусијава.
     
    На cresa-jagoda, Осе и Ava.84 им се допаѓа ова.
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Мое мислење нема потреба од лажење во брак не сме за да се лажеме. И мажот ако трга на страна пари и жената не знае не во ред и да би дозначе вие дека мажот ви крие пари од вас како би реагирале? Во ред е да се крие ако се планира понатамошен развод ама вака од нормален, здрав и цврст брак нема потреба од лага. Ако гледаме така треба цела плата(минималец) да ја тргаме на страна за не дај боже понатака.
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Финансиски самостојна особа која си ги заработува средствата нема што да објаснува каде ќе ѝ одат парите, а уште помалку сите да ги дава на друг на располагање. Какви коментари сака нека има.

    Извинете, ама ова за мене е хорор. Во ред е да се има заеднички буџет кога има повеќе членови под ист кров и да се делат трошоци на начин на кој сите страни се согласни, но се калкулира колку се тие трошоци, па секој дава колку се договориле. Но, да си ги даваш сите пари а отпосле да бараш за твои и потреби на детето, е па треба да се запрашаш што не е во ред со тебе.
    Мачнини ми идат кога читам за вакви случаи. Работиш за на некој друг да му реновираш и делиш од устата на сопственото дете за што и за кој?! За мир во куќа? Чиј мир? Мислам, возрасни луѓе треба колку толку самодоверба за да се завземе за својот интерес а не да те гази кој стигне.
    Да не ме сфати членката погрешно (ѝ го заборавив никот), нема потреба од кавги и расправии за ова, едноставно моето си е мое и нема дискусија тука.
     
    На Annora, SexiLy, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  5. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    етоа е кај мене што од почеток играв отворени карти и мажми има увид во мојата сметка јас во неговата но на почетокот повеке стигаа и парите и двајцата се договоравме што како..сега кога не стигаат парите а се работи и на повеке работи и доагаат кавгите, мајка му за нејзини потреби јас за наши и доагаат конфликти. Дадов предлог од сите приходи да се подмируваат трошоците во смислам мајкаму нејзините трошоци што месечно и се негде околу 6000 илјади и останатото да се штеди за црни пденови и нејни потреби, и исто и ние од нашите плати да се покријат трошоците дел да се стави заштеда и што остана да се преживее месецот... но на тоа стана кавга дека сум сакала да го делам од мајка му цел живот биле заедно пензијата не ја чепкал тие пари биле заштедени пари ама не за јас што сакам туку за он што смета и така... во право сте дека треба да си покажам мој став но мислам дека некако ке се изгуби довербата мегу нас и поддршката и ете колку можам барем ке штедам од мојата а з анејните луксузи ке ставам вето..
     
    На eliesaab и Осе им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    15.812
    Пол:
    Женски
    @delvi лесно делат совети заземи свој став, ама не е баш така. Тргнувај си ти настрана колку можеш. Не ја отварај повеќе таа тема за штедењето. Ќе види и сам дека не стигнуваат (со тек на време), па поддржи го во тоа што сега ти го кажува. Само така ќе сфати (ќе види дека ти имаш тргнато настрана), ако одиш контра ништо не правиш.
     
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    @delvi
    Ах бе тие свекрви...
    Верувајте не можам да ја гледам кога ќе ми текне што се ми направила изминатава година...
    Треба со закон да се забрани живеењето со свекор и свекрва!
     
    На cresa-jagoda и Brpbrp им се допаѓа ова.
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
     Ме изнасмеа ама се сложувам забрана треба да има :D
     
    На cresa-jagoda и Осе им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.480
    Допаѓања:
    48.952
    Пол:
    Женски
    Изгледа само јас сум будала што секој пат ко ќе ми ја накачат платата прво на маж ми му се фалам дека имам покачување.
    Не можам да си замислам да го лажам човекот или да кријам од него иљадарки под перница а да гледам дека он се што има става на располагање.
    Е сеа секој од нас од кога ќе ги подмириме трошоците дома со остатокот од платата си располага како сака. Нит он мене ми рекол нешто ниту па јас него. Штедиме и заеднички но и посебно баш од таа причина да не се доведеме до ситуација некој од некого да зависи или да му префрла колку потрошил.
    Ама да го лажам и да кријам од него неможам да си замислам.

    Свекрвата од мене денар не гледа, исто како што моите од него денар не гледаат. За мене поголема глупост од ставање пари на куп па уште со трети лица нема.
    Работам за да обезбедам удобен живот на мене маж ми и ќерка ми а не на моите и неговите. Впрочем и немажена кога бев моите нејке денар да земат од мене а не па сеа.
    Така да свекрви и останата фамилија може да очекува помош доколку им треба и сме во можност да помогнеме ама да и давам да располага со мои пари кои со пот ги имам спирално нема шанси.
     
    На oblace1, Belgin1, kukla21 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    И јас сум една од тие, не си сама.

    Глупаво е во брак да не кажуваш на партнерот колку плата земаш, сепак тој ти е сопруг, а не цимер. Заедно го планираме буџетот, се троши од двете плати и се штеди колку што се може.

    Се слагам дека нема потреба да се кажува на останатите членови на семејството, но доколку сте во заедница, секако треба да се учествува во заедничкиот буџет.
     
    На Осе, eli25, NEA и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас.
    Секад кога ќе добиев покачување прво нему му кажував. Си се радував што ми се вреднува вложениот труд а и он се радува за мене оти баш убаво знае колку се заложувам на работа и ме бодри.

    Пред некое време, кога он требаше да се нафати на плус обврски на работа, си разговаравме колку треба да побара. Моментот кога излезе од канцеларија по разговор со шефот одма ми се јави да ми каже што договорил. Бев пресреќна за него, во поглед на негова лична сатисфакција и секако пресреќна за нас, дека ќе можеме да оствариме некои претходно пропаднати планови.

    Со секое покачување, веднаш се прави план што со тие пари, сепак во брак сме и заедно ги трошиме/штедиме. И ќе си купев нешто, и он ќе си купеше нешто, никој никому не пререкува. Сега веќе се ставаме во втор план. Ете вчера му легна прва плата со покачување, од завчера правиме муабет што да му купиме на бебе со тие пари.

    Поинаку не би можела да замислам да функционираме.
     
    На buba4e89, IRBBB, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Rincee

    Rincee Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2021
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Секогаш си кажуваме кој колку има плата, ќе испазатиме за цел месец. Ама јас сум таа што врзува крај со крај, он во неколку дена е троши цела негова плата(научен на раскошен живот)и до крај на месец остануваме на мојата плата.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.894
    Пол:
    Женски
    При влегувањето во брак и мене најмногу ме плашеше губењето на финансиската независност, меѓутоа сфатив дека се е ствар на договор. Никој не може со сила да те натера да даваш се што си заработил на купче, посебно не со трети лица надвор од бракот. Ама затоа треба да имаш разбирање со партнерот.
    Ние конкретно, даваме секој месец иста сума со која покриваме заеднички трошоци, но никогаш не ги оставаме цели плати на едно место. На тој начин и тој и јас сами одлучуваме што со остатокот, дали ќе го заштедиме, дали ќе купиме нешто за себе, без да се правдаме на другиот. Секако, во секое време можам да му кажам колку пари имам моментално на картичка, исто и тој мене, но сепак сме независни еден од друг и имаме можност да заштедиме или да трошиме на тоа што сметаме дека треба.
    Во однос на членката погоре, не можам ни да замислам свои заработени пари да давам на некој друг освен на партнерот, посебно не да му реновирам цели спратови кога и самата јас имам потреби..:x
     
    На spacegirl92, Amelia, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.064
    Допаѓања:
    184.153
    Ја само едно неможам да сфатам
    Како функционираат бракови во кој секој има свои пари а децата ги шуткаат немам јас татко ти нека ти даде
    Секој има своја плата и секој својата си ја троше и појма немаат кој колку има
    Кај нас се е у мене на купче па јас разредувам кај шо како
    Не осудувам да не ме сватите погрешно
     
    На referentka, KuklickaSk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.399
    Колку тебе нивното да ти е чудно, мене ми е твоето.. не би ја дала својата плата маж ми да ја управува ниту пак ја барам неговата. Се е наше, за детето троши кој што стигне, а апсолутно имам свои пари за секојдневни трошоци кафиња јадење шопинг . Да не треба на маж ми да му кажувам дека влошки ми требаат ако се парите кај него на купче?
     
    На Harper, spacegirl92, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Не ми е јасно како функционира тоа купче. Платат ја вадите во кеш и ја ставате во фиока? или имате платежна картичка од партнерот....
     
    На elimkd, azelea, Annora и 5 други им се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.064
    Допаѓања:
    184.153
    Кај нас се е на моја картица
    Е има удел и тоа шо маж ми не е тука
     
    На Dentina и sanjaeva им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    28.184
    А маж ти ако е банкар имима увид у сметките? :D
    Секако дека мојата плата е кај мене, неговата кај него, пазариме двајцата, некогаш он ќе плати некад ја. Си трошиме за свои потреби кој кога сака, ама генерално ја сум трошаџија у куќа. Ама и имам поголема плата од него, па на крај на месец ако снема пари, му префрлам.
    Ја плаќам голем станбен кредит, он сите сметки, ама тоа е зошто ја не можам да се замарам со сметките, ќе заборавам да платам нешто. Секако во заедница сме, за нас тројца (за детето највеќе) работиме и трошиме.
     
    Последна измена: 30 август 2021
    На kukla21, SuperGirl24, Cherry333 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.399
    А он ти ја префрла цела плата на твоја сметка или за кеш работи?
    Америте арно прават, секој посебна а една заедничка сметка од каде одат трошоци за куќа , деца, храна.
    Ние имаме "задничка" заштеда, за која сепак маж ми 95% придонел оти јас не работев, на негово име е, но и оттаму се вади ако нешто крупно мене ми треба, а сега не ни мораме да ја пипаме пошто и јас солидно сум платена.
    Ама. Во 12 на полноќ ми текнува некогаш фустан да си нарачам. Или патики. Секој 5 ден нервен слом ќе добива маШ ако нон стоп картица му барам . И порано кога не работев имав своја картица, ми префрлаше на неа и по свом нахоџењу трошев , иако само тој заработуваше. И јас истото би го правела за него, сега дури му префрлам на негова сметка од моја оти ми средува папири, иако имам сметководител, многу мразам папирологии што не можат со 2 клика да се средат, даночни пријави и сл.
    За шопинг, бога ми, самостојна сум8), не ми треба да ми исклика:rofl:
     
    На bittersweet, MarijaMi90, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Кај нас секој си располага со неговата плата, јас плаќам дел од сметките, тој плаќа дел од сметките. Во маркет исто, понекогаш јас, понекогаш тој пазарува. Не си даваме отчет за секој денар, но за покрупни работи секако се консултираме. Секој месец по 20% од двете плати одат на заедничка штедна книшка. Не знам дали е правилно нашево, но нас ни одговара, не би можела да замислам поинаку.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.