Да, платите на куп во фиока. Точно се знае кој колку зима, јас си тргам одредена сума за мои работи- облека, козметика или ако сакам нешто друго, останатото е во фиока. Од тоа се троши за сметки, храна, се за децата и нивните штедни книшки, за излегување, бензин итн... и така никој не бара пари од никого, само си зима од фиока за што и да треба во моментот
Не разбирам како може да функционирате вака. Јас неможам да замислам мојата плата да е оставам за некој друг да ми е троши. Што ако неговите потреби се поголеми и поголем дел троши од парите?! Јас се мажам да му ги зголемам финансиите на мажот, после никој фала не кажува. Додека сум на плата нема да дозволам друг да управува со мои пари. Да добив предлог од мажот ми платите да стојат на куп во фиока и да се запишува каде се трошат, после неколку разговори сватив дека сака да си ги задоволи неговите потреби и лошо води економија. Затоа не му прифатив на предлогот.
Па нема баш што да се запишува тука, еден месец јас повеќе ќе потрошам, друг он. Како што веќе пишав јас си одделувам добар дел од платата за мои лични работи, останатото е скоро секогаш фиксен трошок. 5 години вака функционираме и никогаш на никој ништо не му фали, ниту се пожалил за пари а јас сум многу поголем трошаџија од него
Еве оти не функционира. Жалам. Јас немам пари реално. Од платата плаќам три кредити, приватна градинка, сите сметки. Ми останува две три илјади и тие ми се за појадок или слично. Јадење купува маж ми. Ако немам, му ја земам картичката. Врска немам колку има на картичка. Трошам колку треба. Никогаш не сум рекла мои или твои пари. Последното денарче ќе му го земам ако ми треба.
Добро вие у фиока што ви стојат парите како функционирате на пр ако денес сте искочиле да пазарите у маркет сте земале пример 500 денари а цехот на каса е 1000 денари? На рафт се превројувате со продуктите да стигнат до 500 или како? Ние на пример во Веро ќе влеземе за месечно пазарење рецимо не кошта плус минус 3000-4000. Ако идам со 3000 да пазарам а сме стаиле продукти кои надминуваат цена, а секако колку и да планираш дома ко ќе влезеш во продавница ќе земеш и нешто плус што си забораил у список да пишеш како ќе го платам тоа? Ќе треба да трчам дома по 1000ката или секој ден да идам да допазарувам. Или непланирано сум поминала покрај бутик на излог ми се завиѓало нешто ама со 500 денари у џеб неможам да го купам ќе треба да трчам дома или утре да идам да го купам ако ми е ус пат. Ако не тури му пепел. Алал ви вера како успевате. Ние дома на пр. Маж ми плаќа сметки, ја кредитна картичка, он плаќа месечно пазарарење ја ставам евра во кесичка. ЗАЕДНО покриваме потребштини за бебе јас сум поише кон мода облека и козметика он Ад и витамини. Тоа што ќе ни остане за свој ќеф го користиме некој шопинг некој игри за сони. Фала Богу до сеа не се десило некој да снема па да бара од другиот, иако и да се деси такво нешто сигурно нема да си речеме НЕ. Дневните потрбштини од леб млеко цигари take out не ги ни рачунаме која картица е при рака или прв отишол до продавница тој пазари. Ни на сон неможам да си замислам цела плата да ја вадам и дома да седи а ја да се мислам дали имам доволно пари во џеб да си купам во град нешто ако ми се ќејфнало у тој момент.
Секогаш зимам повеќе од тоа што ми треба реално, остатокот ќе го вратиме назад, ако до толку е нешто итно да се купи си постои кредитна картичка.
Да. Парите се во фиока. Кога се пазари, не се оди со 500 денати туку со 3000 на пример и се купува што мислиш дека треба. Тој троши за свои потреби, јас за свои. Но, пред да го начнене купот се плаќаат сметки, бензин,кредит, се остава сума "на страна" па се почнува со трошење. Картички не користиме, немаме минусно салдо, вадиме се на почеток на месец и толку. Во брак нема МОИ и ТВОИ пари. Се е на куп. Никогаш не ми пререкле за претерано трошење ( а имало такви моменти) ниту пак јас сум му замерила. Ова е пред 6 години пишано. Се е исто освен што одиме тргнавме пп кафани, но со короната запре се.
Ух, читајки ве сфаќам дека повеќе треба да штедам . Огромен трошаџија сум. Ние штедиме одредена сума која низ годините ја прилагодувавме, кога повеќе кога помалку, но пред година дена на маж ми му истече даночно олеснување па буквално носеше дома 1000 евра помалку, после се намали тој минус со покачувања кои се 1наш годишно. Но улетав јас со моја плата и така ..но јас сум батко Ѓоргија, можеби дека родителите ми дадоа живеалиште во мк, го немам оној филинг : ринтај бесомучно, штеди на се. .нооооо, не е доцна да се оправам. На работа ми се мотив парите се разбира, но и уживањето кое го пружаат. За внуци, не планирам да ги обезбедувам искрено. За керка, доволно да се школува и помош за живеалиште, евентуално down payment за нејзин стан. Секако се ќе е нејзино кога ќе не нема.
Пари од сметки не вадиме, освен по 2-3 илјади секој за да има за јадење на работа. Јас плаќам сметки, ако оставам на него без струја и телефон ќе бидеме . Кредити имаме и двајцата, си запира банката тоа со траен налог. Месечното пазарување обично од неговата дебитна. Потоа за докупување леб, млеко, тоа што снемало во тек на месецот пазарува кој стигне. Исти примања имаме, ама секој месец јас при крај останувам без пари па вади тој од картичката негова и ми дава ќеш колку ми треба. Ако треба да се купи нешто поскапо, плаќаме со неговата кредитна, јас немам. Кога ќе снемам пари ми велам извади ми ќеш од картичката и тоа е тоа. Ретко се случува обратна ситуација па вадам јас и му давам за до 1ви. Ги знам пиновите на картичките и тој мојот, така да можам слободно да си ја земам и неговата картичка ако еве не сум сигурна колку ќеш ќе ми треба за некое пазарување при крај на месец.
Kaj nas parite se kaj mene,maz mi ja vadi platata i se plakjam jas..smetki,pazaruvam povekje jas otkolku toj.Na decata jas im davam pari za dzeparac.Maz mi si ostava nekoja iljadarka za dorucek,kafe. Koga treba da se odi na odmor,vikend ili da se kupi nesto krupno jas vadam od kupot sto sme go ustedele
У мене е се Дел на картица дел кеш вадам плакаж сметли купувам храна му пуштам и него за храна Да е тука може и поинаки би било ама сеа е вака јас сум и маж и жена
Ако еден партнер не е по водење економија или сака неговата сметка помалку да се троши за домашни сметки и кредити а повеќе за свои потреби, ќе најде начин. Дали во фиока ќе стојат, дали на сметка, дали кај еден или друг, неодговорен со финасии си е неодговорен. Скржав си е скржав, искористувач си е искористувач. Битно е да ги нема овие карактеристики, другото е небитно.
Кај нас парите се заеднички, откако почнавме заедно да живееме уште. Сè е во договор, знаеме секогаш колку имаме пари вкупно, за што ни се, сме немале никогаш расправии околу ова. Плаќаме кредити и сметки и што останува распределуваме. Сме немале никогаш ама ти толку потроши за тоа, јас за ова, купуваме што ни е потребно и толку.
Ние и двајцата земаме плата на иста дата во месецот. Прво се плаќаат сметки, маж ми плаќа струја и вода, а јас телефоните интернет и кабелска, така си имаме некој ред ставено. Потоа се пазарува за дома. Порано пазарувавме еднаш неделно, сега намаливме зошто сме двајца и секогаш има што да зготвам, а немам простор каде да чувам залихи на храна. Се купува за јадење за дома и сретства за хигиена и чистење. Иако имаме високи примања со остатокот од парите се трошат рационално, така да и на двајцата ни останува солидна сума на пари секогаш на крај на месецот. Ако излезам некаде јас (сама) си плаќам од мојата картичка исто и тој. Ако сакам да си купам парче гардероба или козметика си плаќам со мои пари, не барам ниту дозвола ниту отчет, а исто и тој. Ако немам извадено си земам од неговиот паричник и обратно. Криење пари, црни фондови, давања пари на трети лица без знаење не се случило до сега. Кога треба да се потроши поголема сума на пари или да се позајми некому секогаш е со договор од која сметка ќе извадиме. Иако парите не се на купче трошиме неизменично, плаќа кој стигне и сега за сега ок функционираме вака.
Немаме толку големи примања за да си ги делиме на мои и негови.Се е на државата.Плати сметките,гориво,кредит,данок,храна,децата.Никогаш не останува нешто особено многу
И ние имаме две посебни сметки. Од неговата се плаќа месечна рата за куќата и сметките, а од мојата купуваме храна речиси секоја недела, плус облека, козметика, производи за домаќинство итн. Доколку има некој поголем трошок надвор од ова, се договараме кој да го плати во зависност од состојбата на сметката (најчесто тоа сум јас бидејќи поголемите фиксни трошоци ги плаќа тој, или по пола доколку е ептен голем трошок). Овој начин ни одговара највеќе за сега и не сме имале никаков проблем.
Имаме посебни сметки и делиме се на пола. Немаме заедничко купче. Сметките ги плаќа он онлајн, па после зима пола пари од мене. Кредитот автоматски го одзема банката од кај мене, ама он ми дава секој месец половина износ. А за фискалните, купува било кој, но на крајот на неделата ги сметаме и нив на пола. Ако има некоја поскапа ставка во фискалните, пр фустан за мене, си го плаќам од мои пари. Мислам дека најфер начин е. Плус вака знам јас лично точно колку пари трошам месечно. И нема лоши чувства, од типот да се туфкам што му ги плаќам цигарите. Ако ги ставаме сите во купче, се прави збрка во новчаник кога си излезен дали се тоа твои лични пари, заеднички или после дома треба да се "раздужуваш" со пликото. Затоа секогаш си плаќаме било што со лични пари, а после си се раздужуваме еднаш неделно.
Ова со раздужувањето ми е еднакво на цимери. Ќе ми купи маж ми цигари јас да му вратам, утре обратно.. Па и скенирањето