1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Финaнсиска независност-фак. за зголемена стапка на развод

Дискусија во 'Брак' започната од danichap, 9 јуни 2013.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.174
    Допаѓања:
    283.178
    Општо е познато дека стапките на развод во западните или поразвиените земји е далеку повисока од онаа во Македонија.
    Начинот на воспитување, општата култура и целокупната перцепција на институцијата брак се секако многу важни, но што е со оние потипични Балкански проблеми со кои се среќава еден брачен пар со проблеми во бракот.

    Дали финансиската зависност од парнерот е онаа главна кочница поради која сеуште се дава вештачко дишење на мртвиот пациент.
    Неможноста за обезбедување сопствен кров над главата и оброк за себе или децата ја продолжуваат тортурата наречена брак.
    Што кога разводот е луксуз кој не секој може да си го приушти.

    Уште колку бракови би биле прекинати доколку партнерот (најчесто сопругата) поседува некакви финансии да го напушти домот и започне со градење на нов.


    ОД друга страна дали оние кои поседуваат финансии за физичко одделување од партнерот се откажале прерано.
    Каде е онаа граница кога се вели дека не оди, дека никој не е должен некого да трпи со сила и дека е најдобро секој да оди на своја страна.

    Според мене инстиктот за преживување е најсилен.
    Во такви тешки и кризни моменти светоста на бракот е второстепена.
    Најчесто прво поставувано прашање е со кои пари сето тоа би се извело, потоа се останато.
     
    На Glasna, Bozica1980, eva11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас мислам дека финансиската независност игра многу важна улога во ситуацијата за решавање на развод, но не е на прво место.

    Јас на прво место би го ставила стравот.
    Стравот може да е како кај нас поради вообичаен притисок од општеството, и колку и да си карактер и да не ти е гајле што се збори за тебе нема да ти е сеедно и ќе ти е страв, оти сепак душа си, кога ако си од мало место посебно, повеќето од тоа општество можеби ќе те отфрли како не дај боже им се пренесе на другите развод како да е шуга.

    Стравот исто може да е соочување со партнерот. Како би го прифатиле барањето за развод? Оти конкретно кога маж бара развод, падењето жена од дома е некако повеќе прифатено за нормално, отколку кога жена сака да го тоа побара. Освен што е можно да окрка ќотек од сопругот, може да добие свртен грб од родителите(од кои бара емоционална поддршка како прво) на кои срам им носи. Може ќе се понесат така може не, ама стравот е тука.

    Потоа го имаме стравот од самотија цел живот, ако во случај не се најде нов партнер кој би ја прифатил жената разведена, па уште и ако станува збор за деца од прв брак. Страв поголем и од осудата од општество, и од отфрленоста од родители, а најмалку страшен е ќотек во споредба тука.

    Јас сметам дека дури откога жена би ги пребродила овие стравови, ги победи и се убеди самата себе дека има живот и после овој човек, види живот подобар пред неа во иднина, тогаш да размисли дали може и финансиски да се издржува самата за да конечно пресече.
    А верувам има жени кои ги пребродиле и овие стравови, па стигнало до финансии, ги нема, па тој страв од како понатаму ја спречува да стави крај, што е многу полоша ситуација според мене отколку таа жена што поради тоа што ја има таа сигурност избрзува со решението развод.

    Некој еднаш на ТВ рече, не се сеќавам кој, ама многу години во брак бил и го прашуваат која е тајната на долгиот брак. Тој одговори тајната е да сакаш да останеш во брак. И тогаш си реков, има право.

    Разводот е тежок и со, и без финансиска независност.
     
    На ilenaki, okcenzi, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    47.957
    Пол:
    Женски
    Мене овде повеќе ми се чини дека финансиската независност се однесува на жената.
    Има жени кои се и еманципирани и самосвесни за својата положба но остануваат во брак,кој само го има името БРАК,а ни од далеку не е тоа што би требало да претставува.И понижувани и малтретирани,изневерени,остануваат во брак.

    Зошто е тоа така?
    Може да се каже дека и општеството има улога, патријахално воспитување,што ќе рече средината,како доколку има деца тие би прифатиле сето тоа.

    Друга работа е и стравот.Од останување сам,како би функционирал едниот партнер без другиот.Поврзаноста,навиките,па и љубовта доколку не се изгубила...како понатаму да се продолжи.
    Има и жени кои се воспитани дека треба да трпат,да наведнуваат глава и си се тешат дека ќе помине.

    А има и такви кои растураат бракови заради една ситница,на првата препрека се откажуваат од се понатаму.Најчесто се финансиски независни,со голема подршка од своите најблиски.Не се борат со понатамошните предизвици кои ги носи секој брак,секако во нормални граници,без физичко и емоционално насилство.

    И да,се сложувам,за да бидеш во брак,треба да го сакаш бракот.Да се соочуваш и со подеми и падови на секое поле.Притоа да си бидете рамо на кое секогаш ќе се потпирате,да плачете заедно,да се смеете и да се радувате.Некогаш и остро да се искарате,па уште послатко да се смирите.Да си ја најдете вашата друга половина,која иако не е совршена,како и самите Вие ,сепак би се дополнувале и би сочинувале едно цело.

    Се додека не се загрозува идентитетот на единката и таа се почитува пред се како човек,а потоа и како брачен другар,вреди да се остане.
     
    На okcenzi, Antula и karenin им се допаѓа ова.
  4. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Многу деликатно прашање. Ќе ви претставам на увид две ситуации од мое блиско опкружување.
    Прва ситуација. Многу богата пријателка, финансиски независна, мажот ја изневерува, многу пати, ја има и удрено во минатото, но таа не го остава. Зошто? Таа вели ради децата, а второ не сака да биде разведена жна. Значи менталитетот тука надвладеал, не сака да биде разведена жена и го трпи а не мора.
    Втора ситуација. Жената не работи, јаде ќотеќ секој втор ден, многу сака да го остави. Веќе е умртвена од вербално и физичко малтретрање, жално е да се гледа. Но нема каде да оди, буквално за леб ќе трпи ако го остави а тој тоа го знае и ја малтретира. Плус деца... Многу жално.

    Ете две ситуации. Финансиската независност не секогаш доведува до развод, победува патријархалното воспитување, менталитетот наш малогражански. А финансиската зависност на македонската жена доведува до тоа да биде третирана под секое ниво и да трпи. Жално но вистиното. Приказни од животот.
     
    На okcenzi и yuiop им се допаѓа ова.