Несакам да флертувам со други машки додека сум во врска. Добро е да знаеш дека и некој друг те посакува, но си стојам настрана. Не го правам она што несакам мене да ми го прават. Бидејки ако дечко ми би направил такво нешто, би ја прекинала врската.
Флерт секое излегување без него. Незнам ние шкорпиите сме си такви, па мајка му не правам ништо само го занесувам на некој начин. Тој секако не е рамнодушен многу се нервира, али јас...претеризам а?
Јас разбирам и практикувам понекогаш некој така срамежлив флерт, ненаметлив и интересен. Ама секако немам потреба тоа да го правам постојано. Зар партнерот не ве опсипува постојано со внимание па потребно ви е толку често да си го барате на друго место?
Jас на ова би рекла: никогаш нема да е премногу, а камо ли доволно внимание кое покажува дека на некој си му привлечен Инаку на темава - да, ми се случило и останало на тоа, било без никакви намери, без давања надежи и без временски долготрајни контактирања. Гледам да ги редуцирам таквите потези на ситни флертувања, зошто сепак, според мене, не е во ред.
Јас одсекогаш сум се водела со тоа : Прави го она што сакаш да ти го прават. И не би сакала да флертувам кога сум во врска, оти лично за мене знам дека ако дознам дека мојот дечко флертува не би ми било сеедно , туку ќе се запрашам дали воопшто му сум доволна јас , или не.. Несакам да знам дека мојот дечко на скришно дава погледи или се насмевнува-тоа би ме повредило,исто така знам дека и него би го повредило ако тоа го прам,кога би го дознал тоа..
Во врска не би флертувала со друг никогаш бидејќи е навредливо за мојот партнер а исто и за мене ако јас дознаам дека тој флертувал со некоја друга. А кога не би била во врска зошто да не до некоја граница да не се претерува