Сум флертувала. Работев во иста канцеларија со премногу згоден, слободен (многу важно) шеф, и тој флерт беше обостран. Не кријам дека му бев омилена вработена, за многу работи привилегирана, границата никогаш не ја преминав зашто имаше икс работи кои во тоа време ги сфаќав како пречка. И со право. Од друга страна, мислам дека на темава може најубаво да елаборираат луѓе кои се веќе у брак. Најголем процент од брачните неверства, почнуваат со ‘невин’ флерт на работа.
Многу непрофесионално, често сељачки и непријатно за туѓи очи е флеротот помеѓу двајца на работно место. Посебно ако едниот е на малку повисока функција, веднаш се гледа фаворизација и демотивирачки делува врз сите останати. Смеи, шали, интелигентни закачки со сексуална конотација, во право време и место кажани, не ми сметаат, возрасни сме. Но се приметува кога сексуалниот набој е реален а не се само невини шали и влијае врз работната атмосфера. Ко да сме во биртија или шпанска љубовна серија. Затоа сериозни фирми забрануваат врски на работното место. Единствен исклучок е ако се и двајцата прилично зрели, со ладни глави, знаат за мерка и граница и воопшто не се приметува дека има нешто измеѓу нив. Ама, многу ретки се таквите.
Го има сегде и у секоја фирма. Повеќето мислам го прават чисто од забава. Ако е еднострано нафрлање и дофрлување тогаш више ми спаѓа у малтретирање. Ако е двострано, ми е ок. Иако од страна може стварно да биде заморно за колегите. Се додека не им смета на колегите или не влијае на работата, би толерирал.
Ne ova ne bese sala tamu kade sto bev na praksa vo dzonson mety vo strumica edna zena si gi sece venite na rabotata za svalerot sto i bese kolega dojde I policija na rabotata
Кај мене во фирма што бракови искочија од колеги колешки. Нормално после не се на исто работно место.
Сум флертувала и интересно ми било ,секако зависело со кого ,ете секој нема ѕвезда да речеме за тоа. Ама еднаш се заебав па така флертот прерасна во "љубов" ама не ми ти било љубов туку чист секс. Па следуваше бркање од работа замаскирано во преселба на работното место па бидејќи на почетокот ќе има помал обем на работа ќе те побараме пак и никогаш не ме побараа. После тоа од флерт подалеку не сум отишла ,сега веќе ни флерт бидејќи работам со жени.
E bas imam eden takov kolega, mnogu zamara so vakov selski flert ama jas se pravam deka ne go slusam i razbiram
јас работев во фирма за преработка на пиперки, утоварач и растоварач бев, непристојно од мене, често работев по маица, пошто се потев мн. и бев мета каде што секој лесно можеше да се пули итн. Работев околу 3 месеци таму, една од девојките (беа околу 15-20 вработени таму) често ме гледаше се смешкаше, ја заприметував, и како идеа деновите, така таа се повеќе и посилно да речам пробуваше да ми привлечи внимание, почна со муабети од кај си шо си седнува до мене итн. Јас обично не сакам да се зближувам на работно место, само на ниво на работното или професионално, па почнав да се тргам настрана со другар ми... Тој па ме потече, ова да ми дојдеше мене вака шо че и напраев како че и напраев. Физички привлечна, ама не сакам да се зближувам...
Da vo pravo si, samo neka kaze uste ednas nesto takvo i ke go oteram u pi*ku mater, pa makar i da ja izgubam rabotata
Нема што ти да ја изгубиш работата... напротив. Пријави го во ХР, нему му следува отказ за сексуално вознемирување на работно место.
Мојата врска започна со флерт на работа. Двајцата бевме сингл, сега сме пар. Бевме и се уште сме на исто хиерархиско ниво. Нашата врска до сега немала никакво влијание врз работата, а флертот со интелигентни досетки разбива монотонија на работа, освен ако не е од страна на непожелна и личност која сака да премине некои граници.
Сум имала флерт на работно место, еднаш и никогаш повеќе уште тогаш знаев дека е глупа идеја тоа, ама хемијата беше до плафон. Се гледавме некое време и се разбира тоа имаше крај и тоа брз. Искрена да бидам, еден период ми беше многу безвезе да идам на работа секој ден и да се гледаме и комуницираме најнормално и покрај “багажот” зад себе, ама и тоа помина со тек на време, па си најдов и ново работно место. Сега имаме цивилизирано, скроз пријателско “здраво”. Никој никогаш не примети btw. Не го препорачувам, не е добра идеја, ама не се каам и сега гледано наназад ништо не би сменила. Ми требаше тоа искуство, научив многу од него. Да напоменам дека бев негде во средни 20ти години, и бевме слободни, никој од нас не беше во брак.
По непрофесионално и просто нема. Јас имам граница помеѓу работа и колеги тоа е само работа и колеги и ништо друго. Мене ми е толку неодговорно да одам на работа и како некоја зелена тинејџерка да флертувам наоколу со колеги, па да не правам муабет за шеф. Добро сега некои и не одат на работа за да работат.