Немам ништо против се додека флертот е таен односно не е видлив за преостанатите колеги. Имам против кога се флертува пред друг колега/ колеги, тоа веќе не е флерт, туку тинејџери во основно/ средно.
Vo Amerika ne e dozvoleno, barem ne sekade. Jas koga vozev malo kamionce za Amazon, si zemav sloboda pa onaka na dispecerkata (Makedonka od Ohrid, moj tip, so decko, "Crna Biljana") i pisav mala poraka koja gi sodrzese zborovite "male s*se ulazit cijele u usti" toa go pisav pred da si legnam od treta smena, vo 8 nautro, i potem sum zaspal. Koga se razbudiv, dobiv poraka od Gazdata da ne dovagjam poveke na rabota, bidejki bilo "sexual harassment", menadzerkata me otpustila. No sekoe dobro za loso e, podocna najdov druga rabota i mi "trgna" se' vo zivotot.
Со мене на работа флертуваше еден колега, но откако виде дека сум ладна, ме батали. Буквално не внимаваше на социјалната дистанца која е некаде 1 метар, ако му се обраќаш на некому и му зборуваш. И тоа го правеше суптилно, кога нема никој. Смена рано наутро, на работа сме дојдени 5 луѓе од кои само тој и јас сме заедно во просторијата. Додека чекам листот да излезе од принтерот, тој ми се обраќа по име, се вратам, човекот ми е на 10 сантиметри од лицето. Мртва ладна, како да не сфаќам за што се работи, истапувам 1 чекор назад и разговарам ако има потреба. На паркинг додека чекам да ме собере друг колега со службено возило, тој застанува и отвора прозорец и ми вели „повели“. Јас збунета. „Па нели ми мафна со рака, ако си за накај центар ајде“. Којзнае какви филмови си имаше во глава. Потоа сфати дека нема ништо од тоа и ме батали, но остана да ме фали секогаш кога ќе заслужев и велеше „ееехх Тања, Тања, кој те фали вака јавно, само јас, никој друг“.