Фобија од лекови

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од NovusOrdoSeclorum, 17 мај 2015.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Долго време бев на терапија со антидепресиви и цело време ми кажуваа со што смеам а со што не смеам да ги мешам. Додека ги пиев ми беше страв да се напијам и обичен аналгетик.
    Сега веќе не пијам лекови но стравот ми остана. Трпам болки од секаков тип, секоја нова терапија за што било ја преиспитувам и милион пати го препрашувам докторот што ми ја препишал какви се контраиндикациите. Кога за првпат ќе земам некое апче, за кое сум сигурна дека нема да ми влоши состојба, чувствувам вознемиреност додека не престане неговото примарно дејство. Се си мислам ќе ми се слоши, се плашам да не сум алергична на некоја помошна состојка и се измачувам себеси.
    Има ли некој сличен проблем?
    Доколку темата е глупава, слободно канта. :)