Луѓе ми треба помош. Имам фобија да се возам во автобус, и да не ни се оди во вц (големо) кога ке се возам цело време мислам на тоа, а сега треба да одам на одмор... што да правам?
Дечко ми го имаше истот проблем, вели дека последно спас наоѓа во апчиња за смирување пред патување, ама јас мислам дека повеќе е од што е поработил на психата малку. Може да пробаш со дизјапам секако еднократно ептен да не ти стане навика.
Едно апче плус слушалки и музика. Ти самата паничиш повеќе одколку што не треба. Пробај да мислиш на други работи или задреми ќе видиш како ќе е подобро.
Многу се плашам да патувам. Како мала ми беше кејф, а сега никако не можам да си дозволам никаде да одам. Имате некој ваков проблем?
ако страдаш од патничка дијареа, побарај си соодветна профилакса во аптека, од типот на линекс, ентерофурил или нешто друго (да не сугерирам лекови, голема е одговорноста). Храна цврста, геврек, печено лепче, двопек. Често стравот, анксиозноста предизвикуваат проблем со стомакот. Ако е од психичка природа земи б6 или слично по препорака во аптека. тргни на пократко патување, музика на слушалки или ако си со автомобил, пушти си ги омилените песни. дали самата ќе возиш, па тоа ти создава стрес? Кажи повеќе околу тоа.