Девојки, ми треба мала помош. Сакам косата на краевите да ми изгледа вака како на сликата. Дали треба да се изретчи кога ќе одам на фризер или треба нешто друго. Досега ја немам на правено вака, а отсекогаш сум сакала и ниеден фризер не можеше да ме погоди (незнам како да му кажам дека сакам )
Ако веќе незнаеш како да му кажеш да ти ја направи. Стави ја оваа слика во телефон и покажи му ја. Така најдобро ќе знае
Можеш и дома сама да си ја направиш со брич ,ако имаш дарба и храброст.Ти барем знаеш како сакаш да изгледаш ,па со малку талент можеш да го постигнеш саканиот ефект. Јас така си ја правев и кркмите и надолу по целата должина и ми беше најокеј. Ако не ,кажи му на фризерот да ти ја изретчи и ќе си немаш мака