девојки имам долга коса некаде до половината...и ми е кдрава...и незнам што да и правам..сакам да ја скратам но се плашам да не ми се извитка многу и да бидам како буф...кажете некои фризури ве молам..веке ми здозади да ја носам се пуштено :/
Lugje jas imam dolga kosa negde do polovina moze i malce podolga i cel zivot mi e sisana pravo t.e. ramna i koga bev sredno napraviv siski na strana podolgi sega sakam da i ja sisam na stepen ili kako i da se vika toa ve forma li neznam ama se mislam posto milion pati me imaat utnato na frizer odev so kosa do polovina a koga ke im re4ev da mi gi skratat vrvovite se vrakav so kosa do ramena znae li nekoj dobar frizer niz gjor4evo??? brineta sum i imam ni prava ni vitkana kosa prekrsena e valjda terminot koa ke ja ispeglam od prilika vaka izgleda
Lugje jas imam dolga kosa negde do polovina moze i malce podolga i cel zivot mi e sisana pravo t.e. ramna i koga bev sredno napraviv siski na strana podolgi sega sakam da i ja sisam na stepen ili kako i da se vika toa ve forma li neznam ama se mislam posto milion pati me imaat utnato na frizer odev so kosa do polovina a koga ke im re4ev da mi gi skratat vrvovite se vrakav so kosa do ramena znae li nekoj dobar frizer niz gjor4evo??? brineta sum i imam ni prava ni vitkana kosa prekrsena e valjda terminot koa ke ja ispeglam od prilika vaka izgleda
Ме мрзеше да најдам слика, но јас сакам најмногу а и имам таква коса, значи долга, со долги шишки до под вратот, и шишките а и косата од позади да бидат израмнети, права линија. Совршена коса, според мене
Еве некои идеи од мене , јас обожавам такваа коса ( како на сликите ) и скоро природно ми е таква , само со мали корекции и сум презадоволна
се изнабарав ваква тема и конечно најдов.. после миење на косата имам скоро брановидна форма на коса многу ми е убава, со убава форма и убава боја, ама еден ден после туширањето, косата ми УМИРА.. значи буквално ми УМИРА.. ќе ја исчешлам и се прави многу мазна залепена горе на главата а надолу како оди се повеќе и повеќе се шири, и мене ми изгледа ко мртва коса .. сакам да си правам нова фризура ама сеуште немам точна идеја каква.. сакам некако да ја оживеам косата, да ми биди цело време убава а не онака падната инаку косата ми е право сечена, немам шишки, и густа ми е.. неможам да кажам дека е многу густа ама како што кажав погоре, од темето и надолу се прави да изгледа како густа.. мислам да ја изретчам ама не сум сигурна дали ќе ми стои убаво, имам отприлика округло лице и незнам дали ми се здосади оваа фризура, па затоа ја мразам, или па стварно воопшто не ми стои планирам нешто како долга емо, ама не онака на делови цела (ко искубана кокошка - не сакам да навредам никоја ама така ми изгледаат некои емо фризури ).. утре ќе ставам слика од косата моја и нормално, ќе ми се гледа и формата на лицето, па дадете по некој совет
eте слика, па кажете каква фризура да си направам btw ова со очилата и се друго е за да си ја сочувам анонимноста
Ми треба некој поискусен или некој некого да ми препорача ( ама мерак да мењам фризер баш и немам ).Имам солидно (задоволително) долга коса и не личи на ништо моментално.Изгуби форма немам ни мотивација да ја средам, да ја исфенирам.Како да се објаснам на фризер дека сакам да ме истрижат нешто во стил на Ким или ЏејЛо?? Аман просветлетеме секој пат е утка фризот, некоја импровизација од посакуваното е.Има материјал за работа, косата ја има потребната должина.Кој е проблемот незнам. Им објаснувам дека сакам шишките да се странични со должина над увото степени напед да има а назад да се во V форма исечени за да не се изгуби на должина а форма секако да има.И шишките степенасто да ми ги истрижи.На крај испаѓаат прави како праз а таа ме убедува дека до фенираното е.Немој да ме јебеш бре ако го истрижеше на косо така и ќе беа.Пропуштам нешто советувајте ме ?Да се истрижам сама
Кога ќе ти ги шиша шишките, речи и да ти ги направи до средината на увото, т.е под јагодиците. Плус, кажи и да ти направи “опашки“ поточно, да им ги изретчи врвовите, да дојдат како изретчени. Имам пробано дома вака, со брич, ама друго е фризерска рака.
^^^^^^ Ќе пробаме, ако не успее најсериозно ја земам работата во сопствени раце имам дома професионални ножици и ретчалка.Барем ако е запустена да знам дека мое дело е, да не кукам и пцујам. sunfemina Сум пробала верувај појма си немаат, за матура им ојдов со фотографија па пак ми ја утнаја фризурата
Најлесно е да му ги однесеш фотографииве испечатени за да знае што сакаш да постигнеш, јас кога знам каква форма сакам точно им носам зошто со зборови не разбираат фризериве и си тераат по нивно иако некогаш и на слика да видат знаат да промашат...ама тоа е
леле таа коса незнам шо да праам веке неколку време мие истата форма долга до газот и шишки до градите шо да и сменам а несакам да си ја скратам мн некој предлог ?
Јас сакав да имам коса како на Мiley Cyrus..Но таа грешка направи што ја ишиша кратко..Не знам дали ја имате видено