Девојки сакам да се шишам вака. Е сеа јас имам долга коса и густа,должината сакам да ја задржам,а најкраткиот степен сакам да ми биде баш како на сликиве. И да има поизразена V форма. Се отепав од барање слики на Гугл ама никако да најдам баш таква убава слика да можам на фризерката да и покажам да не објаснувам многу. по 5 пат ќе одам за така да се шишам и уште сеа ако ме зезнат. Секогаш безуспешни обидите ми биле,само 2 степени ми прават , а јас сакам повеќе.Затоа би ве замолила ако имате некоја слика ставете да ја покажам. Иначе да , на сликиве Гулабица е, замислете кога ќе ме праша како сакам да се шишам , ќе и одговорам КАКО ГУЛАБИЦА
Девојки..сакам да си ја сменам фризурата бидејќи веќе ми здодеа Сега ми е долга10-15цм под рамениците,шишка и патец на страна.Густа и кафена. Не сакам да ја кратам затоа што сакам да ми биде уште подолга ( до половината ). Исто така имам и високо чело и овално лице но не ми се истакнати јаболчниците. Што мислите која фризура најдобро би ми стоела?
Јас имам долга коса и ја носам долго време,сакам да сменам. Кога викам дека сакам да сменам,мислам дека сакам да си ја скратам до...малце под клучните коски Но имам проблематична коса. Виткана и густа коса. Шишки не доаѓаат во предвид а исто така и степени Веројатно некако вака би требало да ми излезе косата,но рачунајте густа ми е и ќе треба да ја ретчам. Многу ми е страв да не се каам. Никако неможам да соберам храброст. Инаку косата ми е како на Ванеса Хаџинс но немам степени. Имам мало лице,слабичка сум и многу убаво ќе ми стои кратка коса но некако неможам да ризикувам а не се трпи косава веќе на жешково
ariela09 и јас како тебе имав долга коса но не многу и исто така густа ми беше но се ошишав. Сега ми е до раменици и уште пократка. Напред подолга а позади пократка и ја изретчив. И БИДИ ХРАБРА АКО САКАШ НЕШТО САМО НАПРЕД позззз
нареднава недела сакам да идам на фризер косава ми е од напред малце степени од позади права и сакам малце Dа ја сменам формава али без да се скрсти должината да и објаснам на фризерката позади малце на V да ја скрати и шишки од страна без да ја крати должината само формата вака да дојде пре некоја година вака сакав а добив коса до врат си скинав нерви па малце Mе фајча стравот да не ме утнат пак мислите ако и објаснам онака ке ми ј. направи така косава A иначE не е многу долга ни кратка до гради.
Мене ми е природно брановидна. Напред имам долги шишки и како да кажам остатокот од косата се надоврзува на шишките, степенасто. Значи шишките ми се најкратки па надоле ми е се подолга и подолга. Не знам дали ме разбравте. А позади имам форма на остар шпиц.
Јас имам долга коса и никогаш не би направила голем степен па и од напред. Имав голем степен пред 2-3 години и изгледав како искубана кокошка . Од тогаш имам уплав од степени. Бидејки ми е долга , планирам да и направам мал степен од позади колку да добие убава кружна форма еве вака:
Nekoja fotka kako predlog za ramni siski na dolga kosa?sakam da smenam ama ic nemam hrabrost koga se raboto za kosata,neznam dali je mi stoi
Jas pak so siskite,znaci resiv da gi napravam no se mislam kosata posto mi e dolga,napred da e so stepen ili bez,kako podobro stoi?
Мене ми беше косата до половина ... Ми се смачи , ја скратив малце под рамена. Се имам пробано . Шишки , степен појак-поблаг , рамна ... Многу е тешка за оддржување , посебно ако некој има недефинирани локни како мене Башка ми расте ненормално брзо На + 40 со четка и фен= смрт .... Сега пак ќе ја скратам , некако се навикнав Се суши побрзо , полесно си ја виткам со преса , помаце влакна низ соба , можам да направам пунџа а да не ми е голема како сателитка антена Единствено репот ми фали , раскош ми беше ...