Spoiler Накратко, јас одбирам да бидам Таен Форумски Дедо Мраз на секој шо знам дека неќи нешто за да му го дам. Да се соживеам малку со имево. А, мене сакам да ми биди @Anika55 чисто за да ми напрај некои префенси мафини шо ќе ми е жал да почнам да ги јадам.
Јас сакам на сите да ви се паднам а мене никој да не ми се падне. Сакам дедо мраз да ви ја исполни желбата па да ве читам како се карате во снаи и свекрви.
Она главата на куќата, јас вратот. Јас дома домаќинство ќе терам и ќе се жалам од тебе у Свекрви и снаи. Вечна мистерија ми е тоа срцка, од тогаш заклучувам.
Мех, кажи нешто ново. Нит ќе си ми прв, нит па втор муж кој ќе биде жената у врската... Ако сакаш, иам капацитет и бркови да пуштам. Пубертетлиски, али брк си е брк.
Дечки, ми текна дека навистина можеме да направиме форумски Таен Дедо Мраз. Ете нешто убаво ќе испадне, ќе си подариме поклончиња пример со буџет до 400 денари, да не претеруваме многу. Може да е книга, некоја интересна чаша со принт, украс... Само не знам како би функционирало за да се задржи анонимноста, пример, кои сакаат да бидат дел од ова, се пријавуваат кај еден член (може кај мене во порака) или кај модератор ако имаат повеќе доверба, да пишат податоци за испорака каде да се пратат подароците. И по случаен избор тој член или модератор одредува кој на кого треба да му биде Таен Дедо Мраз и му ги праќа податоците во порака, каде треба да го испрати подарокот. Нема да се знае кој е членот, ќе си биде тајно.
И јас сум зааа, многу убав предлог, малку да направиме некоја промена. Може модераторот да ги собере податоците и да ги праќа по адресите кои ќе си ги кажеме и сами да си ја платиме доставата и после да споделиме што и како сме добиле.
Мене ми е ова чудно зошто мислам дека сем на некој со кој сум веќе зближена па на тој еден чоек да вервам да му остам податоци како мејл и адреса на живеење (и имам луѓе на кои им вервам со овие податоци, а првично сум ги запознала тука значи е возможно да стигниш до ова ниво, ама до ова ниво се стига со запознавање), се друго ми звучи ... страшно. Вака јас не можам да вервам дека моите податоци нема да се злоупотребени од непознат лик. Сега идев да пишам предлог. Ако најдите страница која ќе меша информации е „најбезбедно“. Во смисла, еден лик да ги нема информациите од сите, туку да можи секој сам да се регистрира на страна и од та страна кога решавате да влечите да ти дај податоци само за еден лик. Пак еден лик ќе знај една адреса ама нема да има лик кој ќе ги знај сите адреси. Или ако има опција како од Амазон да нарачаш како поклон за некој, и со то шо одбираш само име па поклонот од страната се шипнува на адресата и адресата ја има само негде регистрирана на некој сајт ама испраќачот ја нема зошто ја користи странава која е ко онлајн продавница. Никој ничија адреса нема да има. Ама дека вакво нешто постој - немам најдено и не вервам да има. Ама има паметни луѓе, можи не за годинава, ама за в година ќе напрај така да го оставам ко идеја. Првиот преглог можи го има негде, вториот стварно не вервам. Ама гледам има заинтересираност, ви посакувам да најдите убав и безбеден начин за изведба па да ве гледаме во добиени податоци шо си подаривте.
Кој ќе ги злоупотреби? Затоа бараме некој доверлив, сигурно нема на кој било да му се кажат. На @RainBow мислам дека не би имале проблем да и споделиме. Имам и друга идеја. Можам да креирам група на Фејсбук, ќе ви ја споделам, сите ќе се приклучиме во неа. Никој нема да знае апсолутно кој е кој, таму ќе бидат Моника, Елена, Ивана, Весна, Драгана, Трајанка, Стојна. Нема да знаеме кои им се никовите од форумов. А дека некој ќе злоупотреби нечија адреса или телефонски број (за достава), за што да ги злоупотреби? Само ќе направиме нешто фино во овој празничен период што следува.