Затоа што имаш секакви тука они на женски ник се палат ко штурци не па слики да видат. Подобра идеја ви е телефонски број и град на поклонот без име и презиме и адреса па доставувачот сам да ве бара и да одите да си подигнете од централа.
Па добро, не примаме секој во ова. Сериозни членови само. Секако ќе разгледаме најдобра можна опција за секој да си остане заштитен и анонимен.
Не мора да оставате ваше име и презиме. Може на некој што ви е близок, баба, тетка, вујна. Кај нив нека отидат, па земете си ги од нив.
Буквално секој шо ќе има пристап до тие информации е потенцијален чоек кој ќе злоупотреби, доволно е за потенцијален проблем. Има сериозни членови, точно, ама на крај на ден пак поќето се анонимни и зошто би вервала на некој шо не знам со мои информации на анонимен форум? Само зошто некогаш пиши нешто паметно или зошто е член 5+ години треба да вервам? Некако многу наивно ми седи. За ова со ФБ - скроз ја побива анонимноста. Во мојот живот сите знат дека сум тука. На втор месец дејтинг кажав и на партнерот. Ама има жени шо се целосно анонимни тие немат гаранција дека ко ќе влезат во групата дека нема да видат некој шо знат или дека нема да им се падни адреса која ја знат. Следен слој е можноста за мањаци. И да сакаш не можиш да прочешлаш сериозни членови зошто едноставно не можиме да знајме кој "сериозен" профил е пример дупли профил или маж шо е супер френдли само за да успеј да запознај женска. Јас знам дека на форумов општо има многу (свесно и не толку свесно) споделвање на работи од приватниот живот и јас имам познаено луѓе, сигурно и ти, сигурно и некој шо сега го чита ова си вика: „а-ха да и јас познав ова дека е ХХХХХ по пердето/ погледот од џам/ сторито на инстаграм/ ДЕТЕТО“, и ова е скроз несвесно споделвање или едноставно на некое ниво не сме свесни дека овие информации се достапни за секој шо ќе реши да чита. Зошто ова околу размена на поклони вклучува информации како дом, име, број - само сметам дека мора многу посвесно да се пристапи. То е се. Морав да пишам. Јас нема да учествувам така да и со ова ќе преќинам да тупам. Моето го кажав. Јас ви посакувам да успејте, не ме сфаќај грешно, само во мои очи е recipe for disaster и ако го прајте ова видете која ви е најбезбедна опција и изберете ја неа. Неќам да "какам" на празнична атмосфера, I'm a sucker for it, едноставно прочитав иницијативата и кренав веѓа.
Се согласувам со ова. Да знаете колку членови имам препознато, дали на соц. мрежи или во живо. Не ми е пријатно, но многу лични работи се споделуваат.
Не се нафаќам на ова, јас и како глобален модератор немам пристап до ваши податоци, па не би ни сакала нешто (лошо) подоцна да излезе од ова, апсолутно се согласувам со @theowndemon по ова прашање. Бидете претпазливи за што и да се одлучите, ако се одлучите.
Ова е многу непромислена идеја, прво поради злоупотреба на лични податоци, а второ поради опасност од doxxing. Од каде знаеме дали на прво несогласување со мислење во одредена тема, некој нема да ти го изрецитира тука името и презимето и адресата на живеење, а форумот е еден од најпопуларните и не го читаат само активни членови кои се најавени, туку колку има и неактивни и гости без профили. Уште поопасно е да дадеш податоци на членови од фамилија или блиску луѓе кои немаат никаква врска со форумот, ниту пак се согласиле да разменуваат подароци (и податоци). Ајде девојки разделете си подароци со оние кои ги знаете приватно, на работа сигурно повеќето имаме и таен дедо мраз, а за една книга или чаша за чај што би си испратиле, овде влогот е многу голем.
И јас не сум за разменување на подароци. Само како може тогаш да се разделуваат подароци за форумџика на годината и на модераторите од спонзорите Лумеа Мелем и пегли на пареа?
Јас искрено не знам како оди тоа, а и немам добиено ништо за да кажам искуство. Не мислев никој да осудувам за идејата, зборувам од моја гледна точка, сакам да сум слободна да можам да си напишам се што ми лежи на душа на форумот без некој да го поврзе никот со делото. Иако секогаш има ризик некој да ме препознае и по тоа што сум го поставила во темата Што последно си купивте.
Тешка глупост. Подобро ова да го прават само членови/членки кои веќе се знаат лично и имаат стекнато доверба.
Па не е изненадување ова. Од кај да знаат луѓето на кого му ја доверуваат приватноста. Со што ќе гарантираш дека нема да кажеш некого кој е? Убава е замислата, и јас сум за тоа, но подобро да има на фб група за фемина форум па таму да се организира, отколку тука, па секој да си го споделува идентитетот.
На кого би кажала? Со никој од форумов немам контакт приватно. Тука сум чисто да тепам време, ниту ширам познанства ниту ме интересира нечија приватност. Само споделив идеја што мислев дека може нешто убаво да се направи, но во ред е. Едно е некој да биде загрижен за зачувување на идентитетот, што го разбирам, друго е да се опишува како "тешка глупост". Теми каде што многу членови биле активни, полека се гаснат, царуваат членови со дупли профили, по темите има само расправии и ќе сака човек нешто позитивно да направи од форумов, пак ќе се најде некој да мрчи. Нема врска ајде.
Општо гледано, форумите полека згаснуваат. Фејбук групите и редит моментално се во нивниот прајмтајм. Тоа ги уништува форумите, а лично сметам дека за неколку години ќе ги нема. Не само кај нас, туку општо зборам за сите. Ете, во фб групите можеш и анонимно да пишуваш. За идејата веќе кажав дека е одлична. Една друга членка коментираше дека е тешка глупост. За сите е различно. Две кокичиња не прават пролет. За да успее ова, треба главниот админ/глобалниот модератор да поддржи, а не двајца без тројца да кажат дека им се допаѓа идејата. Јас ти дадов идеја за на фб да се направи група и таму да се пишува и прави сикрет санта. И таму секој може да коментира анонимно, а мислам дека само админот ќе знае кој е анонимниот.