Вербален булинг? Еве ја сведок не сум била на тоа, а и плус што секогаш како "клан" се обележува 40ка, бидете си клан и во ФМЌ, и кај сакате, јас не се пронаоѓам во ФМЌ, повеќе во 40ка се пронаоѓам, и секогаш сум имала помош ако ми треба нешто, било која и да и пишам за нешто во ПП имам помош или совет, за мене е тоа сосема доволно. И пак ќе кажам, секој има право да гласа по свои критериуми, како сакам и за кого сакам ќе гласам, мое право и одлука е, не можеш ти да кажеш за другите што е правилно што не е, како ниту тебе некој да ти каже или присили на нешто.
Многу ми е жал што темава, т.е традицијава добила ваков карактер. Отворете и читнете како беше во 2020, 2021. Годинава не номинирав, не сум толку активен и во тек. Не планирав ни да гласам, ама после дискусијава сепак решив да дадам поддршка на некој кој донесе свежина на форумот и ја разби сериозноста која владее во последно време. Ама океј, познати сме по тоа дека не цениме тоа што вреди и е поразлично во позитивна смисла, ко за многу големи работи, така и за вака симболични.
Ќе може еден волку опширен елаборат да ни дадеш околу кланските договори?! Сакам да прочитам како го имаш замислено тоа договарање да членка која пишува малтене само во една тема ( 40+) добие ~140 гласа
Па веројатно Viber група, Google Sheet со имиња или месечен состанок со записник. Лол! Пошо ако постои таква тема шо може да извади 140+ тоа веќе не е клан, ами логистичко чудо.
40ка не е клан, секта е пазете се од сите од 40ка. Плус ги мразат младите и едвај чекаат да пише некој од фмќ за да го нападнат. Spoiler: . Јас пишав еднаш и после цела 40ка дома ми дојде и ме бркаа требало да жртвуваат секој млад што ќе пише таму Се шалам немам ништо против супер се сите таму, секогаш има што да се прочита, често ве читам, само не секогаш имам време се да исчитам. Штом пречат машките и челенките од 40ка нека стават од наредна год полова и годишна граница и решен проблем.
Ајде госпо здравје наредна година тебе те гласаме, како независен кандидат кој не припаѓа ни на кланот 40ка а ни на елџибити кланот со добри мислења и доста активност во секоја тема заслужуваш победа. Ее браво, вака да си се подржвате и во дијаспората кај шо сте едни со други
Се додека не се уклучи некоја од бокс после пораѓај со благодарности за тн. круна, добри сте. Нема доволно драмааааа.
Гласани: @Adidas888 @Gosh @FriendOfDorothy Со таа разлика што, веќе со години, за мене фемина е стриктно @theowndemon- нема друг член како неа! Отвора теми, учестува во дискусии, континуирано е присутна низ цел форум. Во оној момент кога таа ќе дигне раце од форумот, тоа е тоа, оде воз у кукуруз. Ариведерчи фемина. Со тоа кажано, сметам дека крајно време е изборот во ваква форма да престане да постои. Секоја еб*на година кавги и уште толку дополнителна поделба на веќе солидно замрен форум. Последни денови од декември, место да има весела и позитивна атмосфера и сите да си посакаме здравје и успеси во периодот што следи, што правиме ние тука? Се пцуеме, се бришат мислења, се ствара анимозитет. И секоја година е скроз истата ситуација, се делиме на ние против вие. И што фајле тогаш од гласањево? Апсолутно сметам дека не е во ред форумџика на годината да биде членка која претежно е активна во само една тема, и тоа тема која е во скриено катче, што по дифолт значи дека дел од членството и да сака, не може да ја прочита. Мислењето на @Gosh во Предлози и идеи? Од збор до збор се согласувам со се, освен со И пред некој да каже дека фаворизирам, истото важи и за @FriendOfDorothy. Членот можеби пишува и на други теми, но јас го знам претежно од Македонските јавни личности, уште една тема од Скриеното катче Е сега, да се воведат критериуми за тој треба да се најде на листата е опција ама не дека некој од раководството ќе се замара да смислува и практикува критериуми а и кои би биле тие критериуми? 10 мислења неделно во Сакам да Кажам, 5 месечно во Свекрви, 15 годишно во На срце ми лежи? Цепки @Mihajlo, @RainBow Да дадам еден предлог, може? Место само една форумџика, зошто да не се направи листа на 10 ФОРУМЏИИ кои ја одбележале годината? Нема гласање, нема колење, нема драма, едноставно сите номинираме по 3 члена како досега, и 10те кои имаат највеќе гласови се наоѓаат на листата. Штом веќе се дозволуваат чет теми (кои да бидеме реално, не се само чат теми, туку буквално функционираат како форум во форумот), нормално е дека членките кои се активни таму ќе имаат свои фаворити. Од друга страна, имаме членови кои пишуваат во различни теми и чии мислења оставаат впечаток врз останатиот дел од членството кој не пишува во чет темите. (неврзаните хе хе хе) И ајде сега ќе се фаќаме за врат и ќе се правиме лом. Едно беше гласањето пред да постојат чет темите, сега веќе е крајно време да се прифати дека динамиката на форумот е сменета и дека треба да се направат измени кои би ја рефлектирале сегашната динамика. Периодот „повеќето членови активни на повеќето теми“ одамна заврши, ајде да одиме напред. Кој го исчита рефератов мој, има од мене СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ дечки и имајте си убав остаток од вечерта.
И сите од топ 10 со по некаква симболична награда, Елит кафе, брашно, бурек, комплет шолји, како наградите од ,,Среќни коцки” со покоен Драган, соковникот да се подели на 10. Или како во ,,Заврти на Телма”, чистење на забен камен. Какви се овие драми, ако беше автомобил у прашање, ќе шетавме со обезбедување со @LejlaD. Ете убава идеја за следната година, малку освежување и промени.
Да ми е да знам подарокот-изненадување што ќе биде, дали вреди олку драмење. Мада, рачен миксер си е рачен миксер, од први јануари ќе бидам поактивна да си го заслужам. Збогум сиротињо..
Што е поентата на постоење на таа тема, искрено прашувам? Не буквално како постоењето, туку смислата. Пример во мајчински се пишува генерално за деца, кога нешто друго вон таа тема било начнато, како што ме држи меморија, било предупредено да не се оди оф топик или да се пишува во соодветна тема. Во фамозната тема која ја пишувате, од секојдневен живот, до две реченици муабет, до политика, до религија, до трач муабет, буквално се има. Што според мене, не го гледам постоењето на другите теми. Сите треба да пишуваме таму, очигледно е дека можеш што сакаш да напишеш. Немам против членките што се концентрираат само во таа тема. Им чини, не гледаат потреба да излезат вон неа, затоа што се што им е потребно е таму. И уствари што сакав да кажам. Не е ни битно. Пред нова година да се нервирате и замарате, зошто некој имал повеќе гласови или се нашол на листата што не треба, ми е, што и да значи знакчево. А да ја снема таа тема, многу членки нема да пишуваат никаде. Посетеност на форум далеку помала. Помалку кликови, помалку спонзорства. Шах мат. Штетата е веќе направена. И практично само скриено катче е живо, некако другово потцркнато и некој по малку ќе забрише прашинка во друга тема. Ни теми се отвораат, ни динамика има некоја. Дискусија, дебата, јок. Ваљда кажано е све. Каша попара.
Јас и 40ка и ФМЌ ги доживувам како скриени СДК теми, со малку повеќе дружба.. Се што би пишал во СДК а не сакам да е јавно и е повеќе приватно пишувам таму..
Ќе ги игнорирам негативните мислења,па наместо лутина од усти да се заблажиме малку.Нејсе,во што е с'ржта на живеењето,суштнината на животот-Да цениме и да бидеме благодарни на се што имаме,а не на она што немаме.Тука се вбројуваат пријателствата и добра мисла.Да ми сте живи и здрави уште 100 години,па после кој како сака.Повеле,послужете се благо,мислете и зборувајте од душа благо без лошотилок-Ваша Лејла
Кој што дава, да ставиме на маса, имаше колбаси поназад, од Адидас мислам, од Лејла торта, од мене ова и нека пушти некој музика А специјалитетот е Spoiler Корнишони со еурокрем Имам и чоколаден прелив, може да се исецкаат и како салата да се направат, може и со банани заедно
Јас од штабот на @Angie1432 нудам веган хот дози, брауни со путер од кикири и топло чоколадо. Spoiler Пошто периодов слушам ну-метал, ќе бидам добра и нема од мене да иди музиката.