Здраво, мојата коса е малку под рамена. Мене ми зеде 4000 ден. Искрено, не испадна лоша нијансата,но од салонот излегов незадоволна.Пред да се правам, разговарав со него што сакам,како сакам и нормално прашав колку ќе чини(ми рече најмногу 3000 ден). Кога отидов на закажаниот термин, прво не ме правеше он,туку ме правеше мајка му,за на крај да ми земе 4000 ден,а за тоа колку ми ја оштети косата не сакам ни да зборам....
Чисто ме интересира, отприлика колку земаат за фарбање салониве? Од кафена во црвена боја, на долга коса.
Ова беше во Д.маало, скоро. Се јавив закажав за фарбање, ми договорија термин. Одам таму фризерката упорна ми вика ќе ти вадам прамени поубаво ќе ти стои. Викам не сакам прамени сакам такква и таква боја, ама не не прамени ќе ти го отворат ликот. Викам јас кажав. Ама твојата коса е многу оштетена не знам дали ќе имам време да ја средам, ти 15 мин боја бираше. Тогаш жичките ми се споија. Значи викам ти прамени ќе ми вадиш не затоа што поубаво ќе ми стојат, туку за тоа имаш време. Ама кај мене доаѓаат многу влијателни личности, викам ма ако сака и кралицата нека доаѓа џабе. Зборот ми е, фризерот освен по правење коса се гледа и по збор - услужливост. Точно дека косата убаво ми испадна, но што вреди кога се натегавме долго време. Не би одела пак.
Плс немој Icon за нијансирање и се’ што е поврзано со менување на боја на коса. За шишање и фенирање, може. Со другата, немам искуство.
По сите прочитани мислења баш некако се откажав да ја правам, општо косата ми е густа ама многу тенко влакно имам што се кине, така да сигурно без коса ке останам. Јас инаку кај него се шишам амс никогаш не сум прашала за нијансирање. За шишање сум релативно задоволна, права ми е косата па нема некоја филозофија.
Уште една од работите што ме 'извади од такт' дур бев во салонот е што мајка му постојано даваше коментари, забелешки и сугестии за боја и за се друго, и на крај кога ја прашав колку треба, цената ми ја покажа на калкулаторот на телефон за да не слушнат другите околу мене што според мене е искрено непрофесионално
Кога плаќав и давам пари и она ме гледа и ми вика во ред е. И викам да,но Ве молам фискална. Направи гримаса, ми даде фискална и внатре пишуваше фарбање 3000 и 2 пати фенирање по 500 ден...
Некој дали знае која цена е кај Октај за вакво фенирање (без шишање) или пак да предложи некое друго студио каде би можеле вака да ме направат?
Препорака за фризерско студио во Скопје за наједноставна updo фризура кај што не се цените до плафон (не ми треба за цел ден, па не ми се фрлаат толку пари за два-три саати)?
Јас имам правено 2 пати, имам долга виткана косата која зимно време е особено тешка за средување, после третманот е сјајна,мека и лесно се средува. Првиот пат ефектот од третманот ми траеше околу 6 месеци, вториов пат го правев во ноември и уште ми е супер. Единствена маана е што побрзо се мрси косата од вообичаено.