Јас одам во Диенси, во аеродром, најблиску ми е и сум задоволна, 250ден е шишање (миење,шишање,облик)
девојќи ај кажете ми тие што правеле третмани за коса јас прашав за еден третман незнам нешто за вдлабинско чистење на коренот мислам дека беше ми кажаа 1500 ден дали некој го правел овој третман и кој му се резултатите? не сакам да ја шишам немам расцветани врвови но суви дехидрирани ми се врвовите сакам да направам некој третман на косава да ја оживеам малце па ајде кажете ми некој ефикасен третман зошто сакам и да ја шатирам после
ИТНО ми треба фризерско студио што работи во недела во околината на Автокоманда/Аеродром/Ново Лисиче што прави ефтини пунџи, да не се многу скапи.
а колку е во Студио С ?? кај фризерот во Комлетно Нова што е, Столе мислам се вика.. кога и да гледам Комплетно Нова, се воодушевувам од тоа што прави.. потполно ги сменува девојките (на подобро, се разбира ) и каде точно се наоѓа??
Мене ретко кај која од девојките ми се допаѓала промената од него, но тоа е ствар на сопствен вкус. Инаку се наоѓа кај млечен ресторан, еве на мапа
Бил ли некој кај Марија фризерката од Козле? Бев еднаш абе и вика мајка ми степен да ми направи она скали ми направи , ама сепак е добра за друго. Бев пред неколку дена и се зачудив, фризерницата беше затворена и останав ваква . Појма неам зашто, а да речеш дека не и одело и одеше со работата
ај ве молам кажете ми колку сте задоволни од фризерското студио во гтц и како се движат цените таму еве за шатирање колку зимаат?
Гледам јоцо од "скопје" го фалите за шишање а за фарбање некоја плавушка што има проблем со тешко осветлување на коса да каже какое задоволна?
Ајде ве молам прпеорачете ми некој фризерски салон во Струмица за фарбање и не многу скапо сакам да се исфарбам плава
Ќе ве замолам доколку некој знае подобро да ми објасни каде се наоѓа тоа фризерско студио Скопје каде што шиша Јоцо. Знам дека е спроти MacDo. но во кои згради поточно. Треба да ја преминеш улицата или зградите позади тоа паркингот што се И колку зема за фенирање и шишање на долга коса
Го спомнувавме порано во темава Карши МекДоналдс, во Аеродром, на семафорите вртиш лево и таму си. Нема шанси да ја утнеш големата, црвена табла на која што пишува - Фризер Скопје. 500 денари е шишање и фенирање на долга коса, а си закажуваш однапред. Ако сакаш кај него, нагласуваш дека сакаш кај него.