Колку ти зедоа? *** Исто, ме интересира Мое студио Дадар. Ако некоја била во последно време, конкретно за степен правење, нека сподели.
Јас морам да споделам дека од Дадар се разочарав премногу, бев да се шишам, косата катастрофа ми ја направи вработената таму, не знам како е примена ама на ништо не личев, Коста ми беше како сама да сум земала дома ножици и ми текнало да се шишам, па морав пак да идам кај мене во населба да ми ја оправат, много лошо искуство, друго лошо искуство ми се во центар Mona City Fashion ги има често на групер, девојките гледаат само побрзо да Ве баталат, буквално ми уклучија 3 фена накај мене да ми дуваат за побрзо да ми ја исушат косата, не препорачувам.
Здраво девојки, да ми предложите некое фризерско студио во Скопје од кое сте задоволни, конкретно за вадење прамени се работи, а цените да не им се ненормално скапи за нашиов стандард.
Здраво, имам црвена коса и сакам да ја фарбам сина. Ми треба да ја избланширам само или да ја тргнам фарбата, можам сама да се исфарбам. Дали знаете некој добар фризер што нема да ми ја руинира косата и употребува квалитетен бланш/ третман и не е прескап? Колку се движат цените?
Од црна во плава никако сама, ем ке ја изгориш, ем нема да го добиеш посакуваниот ефект. Само кај добар фризер.
Црвена, не црна. Инаку затоа барам добар фризер, доколку знаете да ми препорачате каде што нема да ми ја прегорат.
Извини прочитав црна. Мада иста е постапката и за црвена. А добар фризер во Ск не би знаела да ти препорачам. На инстаграм гледам Social hair прават баш убави коси.
Одличен е, само он знае да ме ишиша како што треба а 100 фризери имам сменето до сега. Кога ќе закажуваш потенцирај дека сакаш шишање кај него дека и мајка му шиша а и она е добра како и да е.
Да потврдам. Од Фемина дознав и годинава само кај него одам, баш следна недела имам закажано. Само он ми ја има погодено косата од обична права и долга да изгледа интересно и како сликите што му ги покажувам. За шишање се разбира!