Предлог девојки , да откриваме помали фризерски салони кои работат солидно, но не наплаќаат астрономски цени затоа што не се инфлуенсери и фацки Се согласувате?
Девојки, ќе може ли некој да ми предложи фризерско студио со нормални цени, каде што ќе може да направам осветлување на коса, baby highlights. Воедно ако знае некоја како се вика третманот: балајаж ли или вадење на прамени, да знам како да им побарам (секако ќе покажам слика). Сакам косата да ми е осветлена, ама не сакам прамените да се двојат (да бидат жолти или големи). Секаква помош е добредојдена. Заборавив да пишам, во Скопје.
Здраво, може ли да ми предложите фризерско студио што прави добро степенување на косата, а да имаат пристојни цени? Од кое фризерско студио сте задоволни за балајаж? Сакам да направам промена, а ни самата не знам што сакам.
Дали постои фризерски салон кој шиша за поевтино во реон ѓорче до кај Тафталиџе еве отприлика? Мојата фризерка од 250 постепено накачи на 400 што е и разбирливо за кризава ама и јас сум во криза па со оглед на тоа што ми треба обично рамно кратење на косата доколку има нешто поевтино би сакала да пробам.
За балајаж не знам ама шишањето секој пат различно, некогаш како тетка ме правеа па се прешишував… Едно девојче ок ме работеше, последно трудна беше, може сега и да е вратена ама ич не знам име…
Фризер што добро фенира во околина на Карпош? 90s blowout со волумен. Кај Станче барав да ме исфенираат они локни ми направија.
Здраво Дали некоја оди во фризерско студио лиска во ново лисиче да сподели искуство и како е со цени за шишање и нијансирање?
Шишање и миење 600, 300 фенирање - мене толку ме фати, но варира цената во зависност од должината. Професионалец е човекот, само останатите што му помагаат некако го кочат и му ја нарушуваат сликата. Знае како да работи, ако си прашаш нешто дава совети и сл. *** SocialHairSalon не ги препорачувам.
Постои ли некое студио во Скопје кое употребува ваков апарат (кое ги шиша само оштетените краеви, а не и должината) Фала
Najdobar salon sto sum go posetila vo poslesdno vreme e ubedljivo Salon Filipa kaj Arapska kuka.Mnogu se profesionalni i so normalni ceni.Jas pravev svileni trepki i gel lak i sum prezadovolna.