Добро стидио за шишање каде што самите ќе проценат каква фризура да ми направат? Сакам малку промена. Во Скопје
600-700, зависи од должината, со фенирање. Не знам искрено дали имаат страна на инста, али на фб можеш да видиш.
Здраво Ајде јас да прашам има ли во Скопје некој што знае да шиша добро пикси фризура, не само со жилет и ножици за проретчување. Некој што знае да направи облик и фризура. Фала многу
Кој фризер работи убаво кај Сашо и Мики. Не сум била до сега. Гледам имаат апликација за закажување термин. Михаил, Наташа и Кристина работат. Од кој сте задоволни?
За шатирање бев кај Мики и ме работеа двајца и одлично испадна. За шишање бев кај Наташа и сум исто задоволна.
Јас воопшто не сум задоволна. Да не зборам од тоа дека прво ништо не и ставаат на косата после миење. Ниту регенератор ниту некој спреј. За шишање ми се онака. Неколку жени работат и секоја различно работи. Последно одев кај Ане, плавата, од неа океј сум задоволна. На фарбана коса само ми ја изми со шампон, маска не ми ни стави. Дома ја премивав косата пошто не можев да ја трпам колку беше сува како слама...
Супер,баш блиску ми е,а си барам фризер откако затворија таму кај што одев. А цена за шишање како е знаеш?
Здраво, јас имав црвена коса која ја бланширав и добив катастрофална портокалова. И после со прелив ја оправав ама не е убава бојата. Блиску студио ми е инфинити во кисела вода. Дали некој бил да ми каже дали добро работат? Добри се за нијансирање на коса или фарбање или да барам друго место??
Јас имам одено во Инфинити студио многу пати , одлични се , се имам бланширано и фарбано таму. Ако имаш инста, најди ги често ставаат слики
Искуства со HairStyleByTanya? Во аеродром е, Бисер. Вака на инста убави слики става, ама некој да сподели искуство..
Да,знам каде е тоа,често поминувам од таму.Како е со закажување се чека ли многу и со цени? Кај кој се шишаш ти?