^^^ Јас прашував поради купонов од Групер: http://grouper.mk/skopje/deal/studio-in-paket-kosa Сергеј имаше свои салони на неколку локации а сега е партнер со некого мислам. Ова Студио Ин постоеше и пред да им се придружи Сергеј, ако добро се сеќавам. После само го додадоа неговото име во насловот. Очигледно станува збор за два различни салони.
Шана тогаш не, купонов е за кај Сергеј колку што гледам. Бубе е Бубе Ин...или Студио Ин, ама друго студио е во секој случај. Аман малку инвентивност у имињава, сите се ИН Па после не бунат.
Ја колку што добро паметам, Сретен и Бубе беа во некаква корелација здружени, дал заеднички центар за обука или една ревија имаа. А Сергеј работи самостојно, или ете може со некој партнер - не знам, ама со Бубе сигурно не работи.
Дали некој има искуство, со фризерката од студио Селект, во Ново Лисиче, салонот се наоѓа веднаш после обложувалниците после Рамстор што доаѓаат, под скали ? Ако има да ми пише и каква е со цените? Благодарам однапред
Ја еден совет само да дадам, немојте кај непроверена фризерка на два саати пред свадба, ќе и кажете да ве исфенира, ќе ви ја крене косата ко Круела Девил и одозгора ќе ви земе дупло повеќе пари од што нормално зима. Абе локалниве фризерки не знаат ништо друго освен тапирана коса, сарми и многу лак на нив, ко друг начин да се зацврсти косата да нема Сва среќа што цела свадба ја преседов у еден ќош, што не плашев деца на оро
Феминки а да ми препорачате некој добар фризер што работи во недела и да биде во близина на Горче, Влае или Козле. Итно ми е.
Девојќи, препорачајте ми фризерка/фризерски салон каде знаат да прават убави пунџи(со плетенки/ без плетени)? (по можност некаде во центар, кисела вода, железара или карпош 1). Фала ви
Малку доцна ти пишувам, но бидејки се шишам таму морав да ти дадам одговор па кога ќе планираш да се шишаш слободно оди, нема да згрешиш.. не знам колку е за шатирање, но за шишање е мислам од 200 - 400 ден. ..ако сакаш да си се распрашаш пиши ми лп тел. да ти дадам
Девојки јас сум од Прилеп и би сакала да ми предложите некое фризерско студио за бланширање и ако можете да ми кажете колку е од прилика цената за бланширање. Фала од напред
Вака, Бубе беше порано на локацијата каде што е сега Сергеј Cтудио Ин, но сега Бубе си има нова локација, позади Зегинот спроти Леникова што му доаѓа некаде, и јас незнам кои кафичи се точно таму...Неговото студио се вика Бубе Студио Ин, а Сергеј мислам дека си искористил за името кога го земал локалот бидејќи има и кафич по тоа име нели, и само си додал Срегеј, па искочило Студио Ин-Сергеј ...А Бубе си држи име во градов, морам да признаам и заслужено, ептен го бива Мене секогаш ми ја средува косава тип-топ. И извинете што малце касно реагирам, не се снаоѓам баш многу многу низ формумов xD
Девојки дали до сега некој се има шишано во One Styling, негде во Дебар маало мислам дека се наоѓа? Преку купон нудат шишање, фенирање за 99 ден, ептен евтино е па ме интересира ваше мислење.
Препорака за студио РИФРЕШ (Диме и Ивона), јас сум презадоволна од нив. Инаку се наоѓа во Бутел 2 во трговскиот
Сакам да си направам нешто ново со косава па се двоумам каде да го направам тоа, ја исклучувам маалската фризерка па некој предлог би бил добредојден, само да не е тоа некоја маалска фризерница, јас се двоумам меѓу Дадар, Сергеј, Бубе, она Авангард што е незнам... искуства нешто да споделите
Авангард ти го препорачувам. Јас сум презадоволна од нив. Никогаш немаш утка. Ако си за шишање закажи си кај Боби, ако си фарбање кај Ристе . И не се скапи, шишање за кратка коса е 500, за долга незнам точно, а за фарбање зависи што сакаш, од 1000 нагоре е. Јави се и прашај. Плус се многу фини, ко од Финска мислиш . Се зезам, прилепчани се .
За шишање сум, ама сакам некоја идеја да ми даде фризерот нешто да ми смени со косата, досадно ми стана цел живот иста фризура терам не се доискажав убаво, значи покрај тоа што го бива со ножици ми треба и да знае како би ми стоела убаво косата, да ми даде совет и да напраи нешто од косичево. Цената не ми е битна.