Јас на времето се шишав таму. Диме е топ, посебно ако ти е за кратка коса, ама со цените од дамна они отидоа и сега стварно незнам како идат и до кај се стигнати
Сакам да се фарбам прв пат и разгледувам салони, гледам има страна со цени, не ми е толку важно само да не ме изгорат во коса, а гледам на фб кај нив вака ме бендисва како работи
Јас! Предобро шишаат, ама лани 900,00 денари ми земаа за шишање, а 1.400 за фарбање со нивна боја. Прескапо, затоа не продолжив таму.
Zdravo dami čitav na fb frizerka Sanja sto rabotela vo dior sega ima svoj salon Mis, odlicna so normalni ceni, citnete komentari pozz ❤️ https://www.facebook.com/groups/165996773594373/permalink/2128315804029117/?mibextid=Nif5oz
Маја црната мене ме фенираше и смао од неа имав фенирана коса три дена .не знам каде е , не можам да ја најдам . Кај и да одма сега за еден саат максимум нема ништо . Маја единствен а45 минути ме фенираше и стварно и јас би сакала многу да ја најдам
@kostarika @Kontiki dali znaete prezime pa da ja pobarate na Instagram ili fb da i pisete kade raboti sega ❤️
@kostarika @Kontiki Прашајте во Диор или пак, пребарајте ја нивната листа на следачи/следбеници, може ќе успеете да ја најдете, за да ја контактирате.
Еве Миа преку луѓе ќе ја прашам ако знае , за таа листа на следачи не знам која е , како да најдам? Група ли има ?
Два пати се имам обидено да закажам во hairdo и двата пати сум наишла на глумење лудило и немање термини до крајот на времето. Се извинувам ама немам разбирање за тој филм на недостапност, фризерски салон е во прашање. Сум пробала низ годините и маалски и извикани фризери, до сега за мене најдобар се покажа Станче, од мене топла препорака. Плус е прељубезен и посветен.
Се согласувам. Исто така многу ми се допаѓа тоа што искрено ми кажува што ќе ми стои а што не според обликот на лицето, квалитетот на влакното итн. Може да ми направи филмови и да ми ги земе парите ама едноставно не е таков и затоа немам намера да го сменам