Спојлер Сакам баш исто да ја ишишам косата, има некоја што се направила ваква и каде? Моменталната фризерка не ми ја погодува скроз вака и ми требаат предлози за студио.
Јас се фенирам кај Велвет во Кисела Вода па сакам да ги препорачам. Ептен убаво работат барем тоа и косата ми стоеше околу недела дена без да ми се умрси. 300 денари им е со миење.
Имате контакт од Станче? Инстаграм? Каде точно се наоѓа? Јас сум ептен задоволна од Инфинити кај Шампионче, ама ете некогаш и кај овој би отишла
Идев и јас од месецов се е поскапено кај Стефи и не се исплати веќе искрено , по должина на коса одредува цена за фенирање
Не ми е прв пат. 300 ми земаат а баеги ми е долга,ако си видела по сликите. Не знам што да кажам, за поскапувањата се сложувам со тебе.
Знам , јас до сега шишање плус фенирање ми земаше 450 , по ново од 600 нагоре што според мене е многу нагло поскапување
Се сложувам. Дали дека јас не одам често и 300 за фенирање само. Инаку, одам и кај Јованка во Капиштец таму се фарбам и шишам. А прошлиот пат се шишав во Малта без миење 8€ ми зема ама приметила фризеркава во Мкд дека многу ми ослабнала косата. Инаку општо се е поскапено, сега кога се фарбав кај Јованка ми земаа речиси два пати поефтино од Малта. Како сакаат така прават, да не речеш споредувам цени не е исто, сега со поскапувањето во Мкд на исто рамниште е, а платите исти.
Studıo Fıtore ko sto gledam preeubavo rabotat. I jas kaj nea samo bı se şışala, ovıe denovı planıram ıdam kaj nea pa ke pısam
Луќе имам закажано кај Станче деновиве, кај точно кај Тинексот се наоѓа? Ќе знае такси до таму точно да ме однесе? Тој дел од Скопје малце ми е непознат.
Ќе знае, ќе му ја кажеш адресата и ќе те однесе точно, ако нешто ти е нејасно на google maps ја дава и со сателитска снимка. Фати Палас, Теникс или Класик тој реон го возат, ќе знаат најточно.
Дали некој има искуство со Biel студиото во Тафталиџе? Како им се движат цените? Конкретно за шишање (со шишки, curtain bangs) и за фарбање корен.
Кај Станче само он шиша или треба да напоменеш да те закажат кај него? И се наоѓаат за 2-3 дена однапред термини или многу се чека?
Мислам дека не шиша само он, работеше и оној Петров, сега кај Косич што е. За друг не сум сигурна ама поубаво ако сакаш он да потенцираш.
Здраво девојки, Дали ќе може да ми препорачате добро фризерско студио во Скопје за нијансирање на коса што не е многу скапо? Фала
Јас баш денес се јавив и тек слободно за 2 недели. Ве молам препорачајте некој друг фризер за шишање таа околина, Карпош, Дебар маало.