Дали некој има одено во фризерско студио Сандра Ексклузив (имаат во Аеродром и во Центар студио)?Ако има некој,нека пише како е задоволен.
Јас имам трауми од фризери! До сега само 1-2 пати во животот ме ишишале како што сум побарала. Од досегашното искуство по одење на фризери кои шишат од 100 до 600 имам стекнато мислење дека фризериве мразат коса. Секој пат, ама буквално секој пат прво ме убедуваат да ми скратат повеќе од тоа што сум им рекла, и иако немаат моја дозвола на крај пак ќе ме скратат дупло од посакуваното или по различно затоа што они мислеле дека така поубаво ќе биде. Сакам јас како сум замислила така да ме направат, без нивно мешање. Ок, да ти даде мислење ама кога некој си знае што сака дај му го тоа што го сака. Затоа сега поретко идам на фризер, еднаш во годината да ми направи форма а во меѓувреме сама си кратам врвови и си правам степени. (кога ќе ме фркнат будалите па да експериментирам сама) И да се усерам бар полесно ми е сама кога ќе се утнам него некој друг да ме утнал а сум го платила пошто демек си ја знае работата.
Студио 501, во Центар на Скопје Јас сум со нив од моите 6 години ... ОООооо оваа година значи ни е јубилејна, полни 20 години ! Ти ги препорачувам со полно срце
Јас па слушнав некој муабет дека Сергеј пустиот до тооооооолку пропаднал што сега работи кај Бубе во студио
Може ли да препорачате фризерско студио кај што знаат да направат добро нијансирање?Сакам некој што ќе знае да ги измеша боите како што треба, т.е. што ќе знае да ми одбере бои што ќе ми стојат, а не како да имам додаток од друга боја на главата Живеам во Скопје, а цената не е битна, само да знае што прави фризерот... Вака некако мислев...
како што ти пишав... тоа особено ми одговара што на Весна од 501 специјалност и се бои... ма чуда може! Од црна - плавуша сум сведочела, постепено, во рок од пола година, а не ко на другарка ми фризерката што во еден ден 2 пати ја боеше и после косата ко мастика и се кинеше.. заедно плачевме
Женски, некој поасален фризер, имам многу густа коса, и не ми стои ниедна фризура. Каде и да отидам абре фалење мојава коса едно чудо, а секогаш ми ја усеруваат! Во Диор колку земаат знаете?
Две мои другарки имаат ептен лошо искуство кај него - ептен им ја утна фризурата, катастрофа ги ишиша.
Сандра има салони во центар, во капиштец и во аеродром. Јас сум била во салонот во центар и во капиштец, се имам фенирано, солидно беше, посебно ако се има предвид цената - 100 ден. за фенирање. Но, не е баш многу чисто и + нон-стоп си заминуваат фризерките, што е прилично чудно!
во велес Студи В кај вероника, стварно предобро работи женската, само што сега замина за дубаи да работи и дури во лето се враќа ај препорачајте некоја добра фризерка во велес
Студио „joy" се наоѓа спроти универзална.Подоле од охридска банка на ќошот на партизанска.(не ме бива за објаснување се надевам свати )
Ќе може некој да ми каже колку пари е шишање во Студио 501 и каде се наоѓа точно? И број ако може? Фала!
Добар фризер во Скопје? Дечки може ли да ми препорачате добар фризер во Скопје? Некој што шиша според тоа како би ти стоело, затоа што се многу фризери а никој не ме погодил баш нај до сеа) Тенк јууу ** с