Zdravo zenski kade da najdam sliki mi treba da pokazam na frizer so stepenasti frizuri za sisanje? pozz
Zdravo zenski, mi treba nekoj da mi spodeli mislenje za nijansiranje na kosa vo hairdo i hairhouse kako rabotaat i okolu cenata.Vi blagodaram
Кој знае да шиша степенасто во Скопје? Сакам wolf или hush cut ама ниеден салон нема слики од шишање само фарби, не знам кај да барам. Би требало да знаат сите ама на сите слики има иста рамна должина да не барам премногу
Здраво, Ве молам може ли да предложите место за шишање во околина на Аеродром-Скопјанка, Мичурин, некаде околу Веро-џамбо не многу скапо?
Морам вака да те цитирам, да не знаеш дали работат студио Н? пошо од вчера вртам и не ги добивам. А ни на Инстаграм не ми вратија.
@Selena01 да, јас им пишав пред 3 дена за,совет врска со бланш и сл и ми врати веднаш. Сега не знам,инаку мене ми е чудно женава како работи сама и нокти прави и шиша фарба и др.. Да не знаеш Ивона кога ќе се врати од породилно?
Мислам дека лани во мај/јуни замина на породилно. Зависи колку трае породилното. Ако е 9 месеци вајда периодов. Дали и пишуваш на профилот на студиото или на приватниот профил на Наташа? Додуша пак ќе вртам подоцна, или ќе тркнам до кај нив штом викаш работи
Мене баш тука ме унаказија Излегов розева а требаше шатирана со 3 нијанси. Препорака тука видов и може ќе беше ок ама им напоменав дека сум со циклус и као нема врска На крај едвај вратата ја погодив. Инаку мајка ми ок ја направија исто шатирање ама 5000 наплатија, така да за таа цена искрено би избрала нешто друго.
Може поскапеле, јас последно одев да се шишам ми наплати 500ден а исеков можеби 20цм плус коса. Е сега не сум била за шатирање веќе скоро година (не знам точно да избројам месеци колку поминаа), така да не знам како поскапеле. Сакам да одам да видам нокти како се со цени, може тоа ќе ми се погоди ептен ми се блиску до дома
@Selena01 @Doktor F Јас последен пат бев крај на декември и се бланширав , плус прелив, плус терапија некоја ми стави 3000 платив. За нокти правев летоска таму, како што се сеќавам 900 ми зема за гел лак на мои нокти
Очекував поефтино ама ми текна дека цените се до плафон насекаде. Јас заглавив во времето пред пандемијата со нокти за испод 600/500ден
Е да, се е поскапено. Во врска со косава во Мк не ми се исплати да ја правам косава, тука во Грција е поевтино кај што одам 35 евра плаќам, ама некогаш се погодува да мора во Мк да отидам, особено летно време. А вака други фризерници во К.Вода по колку земаат?
Не знам, јас само кажувам лично искуство. Јас баш од тебе видов декс ги фалиш и се летнав од Аеродром да одам Требаше да тргнам после породилно на работа, РОЗЕВА Сега ми е смешно ама едвај стигнав до дома тогаш и не ми наплатија, само 500 за шишањето. Розевото гратис.
Јас одам во image, тоа е во зградите карши економското (коцката, кај кафичите) за шишање земаше 500/600 лани, не знам дали е поскапено. И new cut кај кватро, пред година и пол земаше 250/300 не знам дали и она има поскапено. Има и една ептенн маалска фризерка карши Тодор Александров споменикот, еден период шишаше за 200ден, ама не ми се допаѓа како шиша. Отворија два салони сега, исто во близина на економско ама не сум била сеуште за да прашам цена.