Јас сум ептен задоволна. Не ме правеше дарко тука девојката што работи со него заборавив како се вика, плава, ептен сум задоволна, ме шатираше и бев супер задоволна.
Dali brzo se naogja termin ili se cheka, jas koga barav po drugive saloni sve mi kazhuvaa za 1 mesec imale slobodno .. Fala na odgovorot sekako❤️
Па искрено зависи кај кого, кај девојкава имаше за 5/6 дена слободно, зошто нели сите сакаат кај мајсторот не кај чиракот и јас не чекав многу а бев задоволна, како што и покажав на слика така ме направи. За кај Дарко не знам, ама сигурно се чека повеќе, плус сега се одмори пролонгирано е се.
Салон кој би ме направил вака Побелена сум 70% ама и фарбана црвено. Моментално ми е најподрасната па си викам да испробам нешто ново.
Јас одев кај него уште кога беше зад Рамстор кај последна петка во НЛ. Вреди, ама 1500 денари само за шишање е малку прескапо. Јас не би платила толку, без разлика што вреди, го бива човекот.
Здраво ми треба некој добар фризер Велес, Кавадарци или Неготино што би ми направил локни и би ми стоеле цела вечер. Ама од оние како чешлани локни, накршена да е косата само. Ве молам итно ми е
Имате ли предлог за фризер кој знае да шиша виткана коса? Под тоа подразбирам да шиша со сува коса и баш да е профи за локни. Секаде кај што сум била ме мијат и ме шишаат типично степен, а знаеме дека е скроз друг пристапот за (добро) шишање виткана коса
На суво не се шиша ниедна коса. Нит виткана, таму кај што те мијат, правилно прават. Тие што ти рекле дека на суво се шиша виткана коса те излажале. Тоа што не те погодиле на мокро, не значи дека не се шиша на мокро виткана коса. Само не си го погодила фризерот.
Ех… не се согласувам. После се што имам читано и истражувано за виткана коса, убедена сум дека е подобро да се шиша сува. Па и да не било така правилно, така би сакала да пробам. Сепак, фали ти многу на одговорот кажи ми некој салон од кој си задоволна, може па и стварно мене ми се нема погодено
Тоа имам учено и завршено, па и работено некое време. Јас сама си се шишам. Таква ми е должината да можам тоа да го правам, вака искрено не знам сеа кој е добар, веќе забегаа и со цени. Не знам до колку ти е виткана, ама Софија Манчева има виткана и одлично и ја прават, не знам кај оди она. Дали во Hair House. Не сум сигурна.
Препорачајте ми салон за фризура околу силбо? За шминка сум кај Сим, кај силбо е. Ама фризерот и е зафатен... Па да закажам некаде во близина тука и за фризура.
Види дали ќе ти одговара кај Стојков. Не е нешто многу далеку од Силбо неговиот салон, на едносмерната е што оди од Католичка накај Универзална, Че Кафе...одма до Вучко е. Имаше уште некои маалски фризерки, една беше баш до Че (Блонди или така нешто, поим немам искрено дали беше така имево), ама немам поим како работи, никогаш не сум била кај неа.