Општи прашања сакам да пробам да се свиткам во косата онака со големи локни.кај која фризерка во битола е најефтино а убо?
Немојте никако да одите во valbi plus Аеродром карши Бисер кај Кам маркетот, освен ако сакате да останете без коса. Јас мојата коса се уште ја опоравувам од таа фризерка што работи таму, дефинитивно не е нормална!!!
не сум била во скоро време, последен пат кога бев беше 800 денари ако те шиша Бубе, а ако те шиша некоја од девојките 500ден.
леле и јас никако да се опоравам, а демек ми ја препорачаа, ја хејтам најмногу, ми ја унакази косата!
Имате искуство со фризерското студио ДИОР во автокоманда?? колку е шишање?? прочитав низ страниве но никој не пишал цена за шишање? знае некој?
Одев редовно таму 4-5 години убаво шишаат (со оглед на цената 200 денари),јас сум многу задоволна посебно од Александра.
Александра е на боледување последните , 2 пати бев кај една Кате добра е и она пиши после дали си задоволна
Знам дека не би ги препорачала САНДРА ЕКСКЛУЗИВ во Капиштец. Едни другарки напнаа таму за фарбање ( а и депилацијата катастрофа ) и ајде отидовме. Значи во животов не сум била поразочарана , а не сум некој тип што наоѓа замерки. Значи не ни ми ја исфенираа. Само ми ја измија од фарбата и ајде ми викаат готова си :О , така останав! Сакав да ве прашам за Студио Вог - поточно за Горан. Каква е услугата т.е. шишањето. И за Соник гледам многу го фалите заедно со Диор.
Shopa.holic, сум била повеќе пати кај Соња- Соник и сум задоволна. Сум се фенирала право, локни, шишала, фризура, и девојката е брза ама си го има фатот. Последно пуштив шишки и см се шишнав, за 5 минути во 2 потега ме среди, не е нешто ефтина, вреди за парите, срцка е Соња. А во Вог не сум била, знам дека бајаги унапред се закажува и се бајаги скапички, моја другарка е редовна кај нив и е задоволна.
Фала ти Rubiii за мислењето, баш ќе пробам во Соник, а колку зема за шишање? За Вог да, знам дека се скапички затоа сакав да ве прашам за искуство таму зошто не значи дека се и добри ако се скапи
Супер ти се Вог, не сум била, ама другарками не била утната досега, а оди на шишање, настани, буквално се доверува во нивни раце- секоја прилика и настан. Соња за шишање зема 500.
Јас во Скопје се шишам во Криси. Порано се викаше Магна. Кај градска болница е, во една од двете кули кај градинката. Фини, пријатни, секогаш добро пречекана. 200 денари земаат.
Фобија имам од фризери и затоа овој пат се одлучив да одам на сигурно па се шишав во Мое Студио. Презадоволна сум и од препрататитеа што ги користат и од услугата, за 5 минути бев готова, а косат а ми беше огромна. Значи користат ревлон шампони и маска за коса, тоа го рачунаат како третман + шишањето платив 600 ден. Ме праша фризерот како да ме шиша, јас му реков како што мислиш така шишај ме само напрај ми нешто ново и многу убаво ме шишна, дури и ликов ми е поубав сега А косава ми е пожива, повиткана и многу благодарна. Дефинитивно од сега таму ќе си се шишам, нема да ми биде страв
Препорачајте ми некој добар фризер за фризура за матура. Некој што ќе ми ја направи како што сакам, а не по негово да си тера и да ме направи како искубана кокошка и секако цената да биде пристојна. Да биде во Центар, Кисела Вода или поблиската околина.
Девојки ве молам препорачајте ми некое добро фризерско студи во Прилеп, каде прават и третмани за сува коса. фала