Сакам да ви кажам една антипрепорка за нијанирање на костата во урбан студио кај Кумуров..јас се нијансирав плава и верувајте косата до сега не ми е била никогаш толку изгорена..става некој хидроген што стои 7 саати цел ден треба да седиш таму не ми е мака што го изгубив целиот ден таму мака ми е што ми ја изгоре костата и си останав бев коса кога ќе излезеш од салон е убава додека не га измиеш. Исто така цената за нијансирање на средна должина на коса беше 8400 што сметам дека е многу но он сигурно ѓи наплаќа саати што седиш таму..и кога прашав што друго спаѓа во цената ми рекоа фенирање 900 денари нијанисање 7400 до сега мојот фризер никогаш не ми е наплатил за сушење на косата после фарбање..Никогаш повеќе!!!
Студио за balayage а да не е во вис со цените ? Кај станче од 6 до 7илјади е, некако многу ми се гледа.
станче и повеќе од 7 иде, зависи од должината, ама најдобар е. Види со Бубе во К. Вода. Заворавив како се викаше студиото ама многу е добра. Јас кај неа два пати се правев.
Што е со цениве Божеее Ставаат 12ка со бланшот, безобразни се ќе направат беља и не кажуваат. Јас оддамна се откажав од фарбања, бланширање.на фризер. Од кога се фарбам плава дома се оправи косава а тоа изгоремото уште го шишам
Здраво, дали знаете колку е шишае кај Станче? И дали го бива за шишање степен? За балајаж знам дека го бива
Извини ако си била или одиш кај Станче те молам инфо како шиша кратко боб да не знаеш? Гледав на профилот сликите му се се долги коси шатирани, нијансирани... никој од фризериве нема слика кратко како шиша
Одам со години кај Станче ама немам видено кратко боб. Ама толку прецизно и внимателно шиша, сигурна сум дека ќе биде супер и нема утка со него.
Предлог фризерско студио низ Центар, убаво да шишаат степенасто долга коса, и по можност да не се чека 100 год за термин
Јас бев предходната година овде кај соборна се наоѓаат и ок бев задоволна... https://m.facebook.com/100063707316590/ А, иначе би ти го препорачала Либра во бутел 1, другарка многу убаво ја направи степенасто и се гледа дека има искуство човекот, јас следен пат ќе идам кај него за шишање